Адеми жали за инцидентот, но ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека остваруваат странска агенда


Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми денеска изрази жалење за вчерашниот инцидент на седницата на комисијата и очекува ваквите ситуации да не бидат поттик за судир во Собранието. – Пред сѐ, жалам за она што се случи синоќа на седницата на Комисијата за европски прашања и изразив жалење за сите оние сцени […]

Бугарија и Грција планираат изградба на цевковод за водород, ќе поминува и низ Македонија


  Бугарија и Грција планираат да се поврзат со водороден цевковод за да ја унапредат енергетската сигурност, а во план е и цевковод за течен природен гас кој ќе ја поврзе Бугарија, Србија и Македонија со Грција. Цевководот за водород чија изградба се разглеува би ги поврзал Софија и Солун затоа што Бугарија сака независност […]

ВМРО-ДПМНЕ достави барање до премиерот за итно разрешување на Валмир Азири


 Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денеска достави писмо до премиерот Димитар Ковачевски со барање за остра и брза реакција и итно започнување и разрешување на државниот секретар во Министерството за култура Валмир Азири. На прес-конференцијата пред Владата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека пратениците како директни претставници и застапници на […]

„Брако“ обезбедува обучен и квалификуван кадар подготвен за работните процеси


Во „Брако“ е во тек реализирањето на феријална практична настава за повеќе наставни програми во рамките на проектот Дуално образование. Учениците од овој модел на образование се идниот обучен кадар подготвен за вклучување во производствените технолошки процеси. Современата технологија, машините и опремата во кои „Брако“ во континуитет инвестира, овозможува беспрекорно реализирање на ова стручно образование […]

(Видео) Повторно тензично на Комисијата за европски прашања


Денеска продолжи седницата на Комисијата за европски прашања. Седницата се одржува во друга сала, затоа што при вчерашните тензии меѓу пратениците, беше уништен дел од техниката во салата. Во новата просторија, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги зафатија сите столчиња, па седницата почна со мало задоцунвање.  Со Комисијата претседаваше заменичката на претседателот Арта Биљали Зендели, откако претседателот […]

Глумицата Мери Мара се удавила при пливање в река


 Мери Мара, глумицата можеби најпозната по улогите во ТВ-сериите „Закон и ред“, „Реј Донован“ и „Њујоршка полиција“, почина на 61-годишна возраст. – Мери беше една од најдобрите актерки што некогаш сум ги запознал. Се сеќавам дека ја видов на сцената во Бродвеј во 1992 година. Таа беше „струја“, а и духовита и прекрасна личност. Сите […]

Минималната пензија во Бугарија 235 евра, а максималната 1000 евра


Народното собрание на Бугарија одобри од 1 јули минималната пензија во земјата да достигне 467 лева (235 евра), а максималната пензија ќе се искачи на 2.000 лева (1.000 евра), јави дописникот на МИА од Софија. Од 1 октомври ќе има уште едно покачување кое ќе стигне до 3.400 лева (1.700 евра), колку што изнесува максималниот приход од […]

Короната прави хаос на Вимблдон – се разболе и Матео Беретини


  Короната не е замината, ниту е потисната. Денеска дојде уште една шокантна вест поврзана со короната на Вимблодон: од Ковид-19 се разболе еден од главните фаворити за титулата, Италијанецот Матео Беретини. Италијанецот требаше да излезе на теренот околу 14 часот на мечот од првото коло против Кристијан Гарин. Неколку часа претходно се огласи на […]

Дијабетичарите бараат промена на моделот за набавка на глукомери и ленти за лицата со инсулинска терапија


Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија (СЗДСМ) бара промена на моделот за набавка на глукомери и ленти за секое лице со дијабетес со инсулинска терапија, со цел нивна навремена дистрибуција и достапност во аптеките, но засега немаат одговор од Министерството за здравсто, ниту од ресорниот министер Беким Сали и покрај обидите во последните […]

Грковска: Немаме друга алтернатива освен дигитална трансформација на општеството


Дигитализацијата на јавните услуги е предуслов за да изградиме транспарентни и одговорни институции. Немаме друга алтернатива освен дигитална трансформација на општеството, истакна Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолженa за политики за добро владеење на денешниот онлајн настан Дијалози за Дигитална агенда: Дигитална агенда за граѓаните – Дигитализација и дигитална трансформација за поефикасна администрација. […]

Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда


Во рамките на ноќното обележување на хоризонталната сигнализација ЈП „Улици и патишта“ Скопје започна и обележувањето на пешачките премини со ладна пластика на улиците и булеварите во населба Автокоманда. Екипите изминативе денови ги обележаа пешачките премини на булеварот Александар Македонски на пешачкиот премин кај бензиската станица „Макпетрол“ и започнаа со бележење и на крстосницата булеварот […]

Бесими: Со околу 190 милиони евра од ЕБОР ќе се финансираат Скопје – Блаце, ФЕ Осломеј 2 и ФЕ Битола


Со 188 милиони евра од Европската банка за обнова и развој ќе се поддржи изградбата на три многу важни инфраструктурни проекти во земјава – автопатот Скопје – Блаце и фотоволтаичните електрани ФЕ Осломеј 2 и ФЕ Битола, соопшти Министерството за финансии (МФ). Собранието вчера даде „зелено светло“ за двата закона за државна гаранција, кои беа […]

5 работи кои треба да ги земете предвид при купување на нов дом


Изборот на нов дом претставува инвестиција во иднината. Одлуката која ќе ја донесете директно ќе влијае на квалитетот на вашето живеење, и токму затоа е потребно е соодветно да се информирате и истражите пред да го дефинирате конечниот избор. Пронаоѓањето на место кое ќе го наречете свој дом е еден од најважните процеси кои влијаат […]

Камион удри во моторцикл на влезот од Скопје


Во понеделникот утрото, околу 7.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица која ги поврзува бул.„Никола Карев“ со бул.„Александар Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од Ф.Ф.(48) од с.Љубин, скопско и мотоцикл, управуван од Ф.Б.(21) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. По несреќата, Ф.Б. бил […]

Адеми жали за инцидентот, Стојаноска бара оставка од него


  Вчерашниот инцидент во Собранието доби помирно продолжение денеска, во кое повторно се истите актери, но на друг начин и со постудени глави. Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми (ДУИ), еден од учесниците во инцидентот се извини за настаните вчера, а Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ побара веднаш да се поднесе оставка. Во изјава […]

Во затворот во Штип пронајдени мобилни телефони, ладно оружје, пари, психотропни супстанции и недозволеми материи


Во координирана акција организирана од Управата за извршување на санкции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство денеска во затворот во КПД Штип пронајдени се мобилни телефони, ладно оружје, пари, психотропни супстанции и недозволеми материи, информираат од Министерството за правда. Акцијата е реализирана во раните утрински часови од 6 до 9 часот. – При претресот […]

ЕУ ја продолжи употребата на сертификатот за Ковид-19 до јуни 2023 година


Советот на ЕУ денеска даде зелено светло за продолжување на користењето на дигиталните сертификати за Ковид-19 до 30 јуни 2023 година. Проширувањето на таа регулатива ќе обезбеди дека патниците од ЕУ, како и оние од трети земји поврзани со системот, ќе можат да продолжат да го користат својот дигитален сертификат на ЕУ за патувања во […]

Врачена наградата „Книжевен жезол“ на Гордана Михаилова Бошнакоска и Аднан Озер


Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на денешната традиционална Меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“ им ја врачи наградата „Книжевен жезол“ на поетесата Гордана Михаилова Бошнакоска и поетот Аднан Озер од Турција. На манифестацијата беше промовирана заедничката книга „Бесконечното“ од Гордана Михаилова Бошнакоска и поезија од Аднан Озер. Како што посочија од ДПМ, преку оваа награда „Книжевен […]

Високи температури до крајот на неделава


Периодот на многу топло време продлжува до крајот на неделава. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Според прогнозата на УХМР, минималаните утрински температури ќе бидат во интервал од 12 до 22 степена, а масималните дневни […]

Костадиновска-Стојчевска во Тирана: Промовирана првата платформа за култура со министри од Западен Балкан


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска учествуваше на Министерски состанок на промоција на Првата министерска платформа на Западен Балкан за култура во Тирана, Албанија, организиран од страна на Марија Габриел, европска комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади.    Министрите од Западен Балкан ги истакнаа предизвиците со кои се соочуваат со младите и културното наследство. Потребни се […]