Камион удри во моторцикл на влезот од Скопје


Во понеделникот утрото, околу 7.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица која ги поврзува бул.„Никола Карев“ со бул.„Александар Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од Ф.Ф.(48) од с.Љубин, скопско и мотоцикл, управуван од Ф.Б.(21) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

По несреќата, Ф.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

istiot den, во 10.25 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Штип и мопед „бостон ејт“, управуван од Ш.З.(37) од Штип. Во несреќата Ш.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница-Штип. Увид извршила екипа од СВР Штип.