Бугарија и Грција планираат изградба на цевковод за водород, ќе поминува и низ Македонија


 

Бугарија и Грција планираат да се поврзат со водороден цевковод за да ја унапредат енергетската сигурност, а во план е и цевковод за течен природен гас кој ќе ја поврзе Бугарија, Србија и Македонија со Грција.

Цевководот за водород чија изградба се разглеува би ги поврзал Софија и Солун затоа што Бугарија сака независност за енергенси од Русија.

Освен зелениот водород, во тек се и работите на цевководот за течен природен гас кој ќе се протега на 28 км и ќе ги поврзува Бугарија, Србија и Македонија со Грција.

Извршниот директор на „Бугартрансгас“ Владимир Малинов ги изнесе плановите на Економскиот форум во Софија.

„Ќе дојде до преод на водород, кој не е конкурент, туку додаток на гасот“, рече тој и објасни дека Бугарија сака да биде на чело на таа промена.