Штрајк на француските дипломати


Француските дипломати денеска стапија во еднодневен штрајк поради одлуката на претседателот Емануел Макрон за изедначување на дипломатите од кариера со другите државни службеници. Тоа е втор штрајк на дипломатите во изминатите 20 години. Група од 500 француски дипломати минатата недела во авторски текст објавен во Монд истакнаа дека одлуката на Макрон води кон исчезнување на […]

Во Белгија отворен „Музеј на размислувањето“


Универзитетот на Гент, Белгија, отвори нов научен музеј, оценет како „Музеј на размислување“, чијашто цел е да ги стимулира своите посетители, но и самите научници, бидејќи науката „не е готов одговор, туку стекнување знаења и идеи преку сомнеж, неуспех, повторен обид, креативност, размисли, храброст и неочекувани откритија“. Универзитетот одлучи да заземе поинаков пристап со својот […]

Лајчак: Црна Гора застана на европскиот пат


 Црна Гора е земјата која постигна поголем напредок кон членството во ЕУ, но таквиот процес е запрен и не е забележан понатамошен напредок во последните две години, изјави Мирослав Лајчак, претставник на ЕУ за Западен Балкан. Тој ги повика властите во Подгорица да покажат поголема посветеност за европската иднина на земјата. „За време на мојата […]

Според Симовски образованите се иселуваат, необразованите остануваат


Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика, рече дека релативно малиот број на лица над 15 години со завршено високо образование во Македонија се должи на тоа што голем број од младите се отселуваат од земјата. Вчера ДЗС во рамки на третиот сет на резултати од пописот на населението во 2021 објави дека  263 […]

Значително поевтино горивото во Германија, Холанѓаните одат таму да полнат


  Во Германија, од вчера, откако надлежните се откажаа од голем дел од данокот на енергија, резултатот е поевтини горива. Така, бензинот е поевтин за 35, а дизелот за 17 центи. Оваа мерка ќе трае до 1 септември, период во кој Германците најмногу патуваат. Сега, бензинот во Германија чини, во просек, 2,01 евро, а дизелот […]

Стотици руски војници биле отпуштени бидејќи не сакале да се борат во Украина


  Неколку стотици руски војници стационирани во близина на границата со Украина беа отпуштени на 4 март поради непочитување на наредбите, објави „Волстрит џорнал“, повикувајќи се на копија од документот за отпуштање. Наредбата ја потпишал командантот на воената единица, пишува во текстот. Весникот не дава други детали. Конкретно, не е наведен бројот на отпуштени воени […]

Претседателот на Тунис отпушти 57 судии поради корупција


  Претседателот на Тунис, Каис Саид отпушти 57 судии, обвинувајќи ги за наводна „корупција и заштита на терористи“. Саид ја спроведува чистката откако порано оваа година ја презеде контролата над правосудството и другите гранки на политиката, пренесе „Ројтерс3. Во телевизиското обраќање во средата, Саид рече дека „давал прилика по прилика и предупредување по предупредување на […]

Орбан сега ги блокира санкциите за патријархот Кирил


  Будимпешта побара да го изземе поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, од последната рунда санкции против Москва, велат дипломатите. Унгарија побара да се изземе поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, од последната рунда санкции против Русија, само два дена откако лидерите на ЕУ ги одобрија плановите, изјавија тројца дипломати за „Политико“. Амбасадорите […]

Втора вечер на 21. „Оффест“


По синоќешното волшебно отворање на 21. издание на OFFest (1-4 јуни), со извонредните настапи на  домашните Perija и Dobrila & Dorian Duo, нашиот најголем и најзначаен  фестивал на музика на светот продолжува натаму. Втората вечер на OFFest 2022 е резервирана за мајсторството во изведбата на африканската кора што ќе го сподели виртуозниот инструменталист BALLAKE SISSOKO од Мали, како и за рафинираниот пост-тропикализмичен и боса-нова […]

Астронаутите на НАСА ќе се подноват со вселенски костуми од следната генерација


Американската Национална воздушно-вселенска администрација (НАСА) вчера објави дека нарачала од две компании – „Аксиом спејс“ и „Колинс аероспејс“ да развијат стандардни вселенски скафандери што идните астронаути ќе ги носат на Месечината. Тие ќе се користат и за Меѓународната вселенска станица (МВС), а ќе ги заменат сегашните коишто се во употреба веќе 40 години. – Во […]

Меѓународното име на Турција од денеска е Туркие


  Обединетите нации го одобрија барањето на Турција за промена на спелувањето на името на земјата на странски јазици од Турција во Türkiye („Turkiye“). Ова го изјави за агенцијата Анадолија, Стефан Дужарик, прес-секретар на генералниот секретар на ОН. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, добил известување од турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за […]

По 100 дена молк Меркел покажа солидарност со Украина


  Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изрази солидарност за Украина во, како што ја опиша, „варварската војна“ со Русија на настанот во средата, откако неколкумесечниот молк поттикна критики за нејзината сопствена политика кон Москва. Меркел, канцеларка 16 години до декември, рече дека нема да нуди совети од страна, но ги поддржува напорите на владата „да […]

Со ребалансот да се скратат трошоците во јавната администрација, а не капиталните инвестиции, порачува бизнисот


Предвидените 76 милиони евра во ребалансот на Буџетот наменети за граѓаните и стопанството, не се доволни, смета бизнис секторот. Според Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), не може да се надмине кризата ако фалат капитални инвестиции кои треба да ја заживуваат економијата, ниту може да се надмине кризата без адекватни фискални и даночни политики и […]

Македонската фудбалска репрезентација против Бугарија ги почнува настапите во Лигата на нации


Македонските фудбалери денес во Разград со дуелот против Бугарија почнуваат нов циклус во Лигата на нации. Селекторот Благоја Милевски за овој и за другите три средби од јунскиот прозорец најави давање повеќе минутажа на помладите играчи од кои очекува да го покажат целиот свој потенцијал. – Секој нов натпревар е нов предизвик. Стартуваме со проблеми […]

Сите патници кои летаат за САД мора да се тестираат на Ковид-19


  Сите патници кои по воздушен пат сакаат да влезат во САД мора и понатаму, без разлика дали се вакцинирани или не, да имаат негативен тест на Ковид-19, објави Белата куќа. „Постојано ги проценуваме нашите одлуки, но актуелните правила за тестирање за сега остануваат на сила“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер во средата, […]

Еруптираше вулканот Улавун на Папуа Нова Гвинеја


Вулканот Улавун во Папуа Нова Гвинеја утрово еруптираше и околу 15 минути исфрлаше пепел во висина до 3.000 метри. Засега нема информации за евентуални жртви. Улавун е еден од најопасните вулкани во светот и се наоѓа на листата од 16 „вулкани на деценијата“, што претставуваат значителен ризик од големи и силни ерупции. Вулкан Улавун се […]

На венчавките во Лас Вегас веќе нема да се користи стилот на Елвис Присли


Компанијата за лиценцирање, којашто ги поседува правата за користење на ликот и делото на „Kралот на рокенролот“, Елвис Присли, им наложи на легендарните капели за „брзи свадби“ во Лас Вегас да престанат да ги користат името, песните, ликот и стилот на пејачот. „Аутентик брендс груп“ (Authentic Brands Group) ги испрати писмата за претстојното раскинување на […]

Интерпол предупредува за зголемена трговија со оружје по војната во Украина: „Го видовме тоа на Балканот“


Шефот на Интерпол, меѓународна организација која ја олеснува глобалната полициска соработка и контрола на криминалот, предупреди дека може да има огромен пораст на трговијата со оружје по завршувањето на војната во Украина. Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток рече дека „без сомнение“ илегалната трговија со оружје ќе се зголеми. „Го видовме тоа на Балканот. Видовме […]

Четири лица загинаа во пукање во болница во Оклахома, напаѓачот најверојатно се самоубил


Четири лица се убиени во пукање во болница во Тулса, Оклахома, соопшти полицијата. Полицијата потврди дека и осомничениот напаѓач, кој бил вооружен со пушка и пиштол, e мртов. Полицијата во средата попладне во болницата „Свети Францис“ пристигнала на местото на настанот за три минути, што, како што велат, што придонело бројот на загинати да не […]

Најмногу мајски пожари во амазонската шума во Бразил од 2004 година


Бразил во мај регистира  најголем број пожари во амазонската шума од 2004 година, што е и апсолутен рекорд за регионот Серадо, се наведува во најновиот извештај. Сателитите од бразилскиот Национален институт за вселенски истражувања (ИНПЕ) забележаа 2.287 пожари во Амазон во мај, речиси двапати повеќе во споредба со истиот месец минатата година. Тоа е втор […]