Орбан сега ги блокира санкциите за патријархот Кирил


 

Будимпешта побара да го изземе поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, од последната рунда санкции против Москва, велат дипломатите.

Унгарија побара да се изземе поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, од последната рунда санкции против Русија, само два дена откако лидерите на ЕУ ги одобрија плановите, изјавија тројца дипломати за „Политико“.

Амбасадорите на ЕУ се состанаа во средата попладне за да го разгледаат правниот текст на шестиот пакет санкции, кој вклучува забрана за увоз на руска нафта, откако лидерите постигнаа договор во понеделникот вечерта. Прегледот на договорот вклучуваше голема концесија за Унгарија, со привремено ослободување за сурова нафта што се снабдува преку нафтоводот.

Додека лидерите си честитаа за постигнувањето договор по неколкунеделниот ќор-сокак, деталните разговори за правниот текст меѓу амбасадорите сега доживеаја проблем. На состанокот во средата, Унгарија се спротивстави на предлогот за санкционирање на поглаварот на Руската православна црква, долгогодишен сојузник на Путин.

Унгарското барање беше изненадување. Дипломатите на ЕУ очекуваа да се постигне договор за пакетот, кој Европската комисија го презентираше на 4 мај.