Инстаграм утрово со проблем


Популарната апликација и социјална мрежа Инстаграм од утрово има одредени проблеми. Според DownDetector, сајт кој го следи статусот на онлајн услугата, многу корисници пријавиле проблеми со апликацијата рано утринава. Всушност, дури 87 отсто од вкупно пријавените грешки се поврзани со апликацијата. Некои корисници не можат да вчитуваат фотографии за „стори“, додека некои пораки доцнат или […]

САД: Шумскиот пожар во Калифорнија се заканува на стотици објекти


Стотици домови и згради се загрозени од шумски пожар во северна Калифорнија во САД. Официјални лица соопштија дека пожарот, кој избувна вчера попладне во близина на реката Јуба во регионот на Невада, за кратко време се прошири на повеќе од 202 хектари земјиште. Пожарот ги зафатил руралните области на планинскиот венец Сиера Невада и областите […]

(Видео) Море+ базени – Исланд нуди нов концепт на луксузен одмор


Исланд – Во Исланд е изграден нов и, според многумина – неверојатен станбен проект, во облик на превртен контејнер. Куќата наречена „Бруталист хаус“ има два ката и површина од 750 квадратни метри. На приземјето има дневна соба, бања, трпезарија и кујна. Креативноста во дизајнот е очигледна на терасата, што нуди фантастичен поглед, посебно во раните утрински […]

Како да носите костум ова лето – без да ја изгубите вашата лежерност?


Летните месеци ветуваат светли денови, топли ноќи и некои од најнезаборавните настани во годината. Што да облечете за свадба, забава во градина  додека живата во термометарот расте? За да изгледате елегантни или кежуал наместо испотени, потребна е вистинска облека и ткаенини кои дишат,како памук и лен, но деновите облеани со сонце се исто така можност […]

Целосно реконструирана пешачката патека од двете страни на улицата „Љубљанска“ во Карпош


Со финалното асфалтирање на пешачката патека на улицата „Љубљанска“ на потегот пред „Сити Мол“, заврши реконструкцијата на патеката во насока од „булеварот Илинден“ кон булеварот „Партизански одреди“, на вкупна површина од 1.000 квадратни метри. Со реализацијата на овие градежни активности, пешачката патека на улицата „Љубљанска“ е целосно реконструирана од двете страни, на вкупна површина од […]

Шолц: НАТО ќе испраќа оружје во Украина сè додека тоа е потребно


Добро е што земјите што се тука, но и многу други, и помагаат на Украина да се одбрани со тоа што и даваат финансиска помош, хуманитарна помош, но и оружје што е итно споредливо, изјави Шолц за новинарите. Тој додаде дека пораката на НАТО е дека ќе продолжи да го прави тоа, и тоа интензивно, […]

Изменет режим на автобусите кај крстосницата на Дом на печат


Поради протест на Сојузот на синдикатите на македонија, кој денеска е закажан зод 10 до 12 часот, на крстосницата кај Дом на печат, автобусите на ЈСП ќе минуваат со изменет сообраќаен режим.  По изменети траси ќе сообраќаат следниве линии: Линии 3, 3А, 3Б, 50 и 50А • Во насока од Рекорд кон Дом на печат, […]

Столтенберг: Русија е директна закана за безбедноста на членките на НАТО


Русија претставува „директна закана“ за безбедноста на земјите на НАТО кои се собраа на самитот во Мадрид, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. -На самитот, на кој за првпат од 2010 година треба да се ревидираат насоките на НАТО, ќе ставиме до знаење дека Русија претставува директна закана за нашата безбедност, нагласи Столтенберг. […]

Кралицата Летиција штотуку го облече најпосакуваниот бел костим во Мадрид


Шпанија– Шпанското кралско семејство се сретна со американската политика – со модата. Кралицата Летиција го покажа својот секогаш елегантен стил оваа недела за време на средбите со првата дама на САД Џил Бајден. Наставничката по англиски се сретна со кралицата во нејзината палата Зарзуела во Мадрид, Шпанија, овој понеделник, по што двете го посетија Здружението […]

Беќаровски предупредува дека бројките на Ковид-19 рапидно ќе растат


Бројот на нови случаи на ковид-19 ќе се зголемува во наредниот период, предупреди доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија и професор на Медицинскиот факултет. „Бројките во дневната статистика за ковид-19 ќе почнат рапидно да растат во следните недели како резултат на доаѓањето на Омикрон-БА 4 и 5 и тоа е лошата вест. Добрата вест […]

Технички проблем во германската контрола на летање – има откажани летови


Технички проблеми во германската Контрола на летање денеска ќе предизвикаат потешкотии во европскиот воздушен простор, соопшти операторот на аеродромот во Франкфурт. Според весникот Билд, станува збор за софтверски проблем. „Затоа, ќе има доцнења во операциите и откажувања на летови и на аеродромот во Франкфурт“, наведе операторот на својата веб-страница, пренесуваат британските медиуми. Проблемите биле пријавени […]

Француска тенисерка од Вимблдон: Сите имаа корона, договорот беше да молчиме за тоа


  Француската тенисерка Ализ Корнет победи во натпреварот со Јулија Путинчева во 1. коло на Вимблдон, па на конференцијата за медиумите по мечот ги шокираше собраните новинари со изјава за корона вирусот и неговото влијание на одржувањето на Вимблдон. Зборуваше дека короната откако Марин Чилиќ и Матео Беретини се повлекоа од турнирот поради позитивни наоди […]

Костадиновска-Стојчевска: Културата и младите во фокусот на агендата на министерството


  Наградата за Тирана како Eвропска младинска престолнина за 2022 година, претставува нов пат за напредок за градот, за младите и за земјата. Тоа е нов начин на соработка, дизајнирање, стимулирање и зајакнување на градот, со и за младите, велат од Националниот младински конгрес на Албанија.   Тие по средбата со македонската министерка за култура […]

Ди Марија се договори со Јувентус на едногодишен договор за шест милиони евра


Фудбалерот од средниот ред Анхел Ди Марија е блиску до трансфер во Јувентус, објави на својата веб-страницата новинарот Џанлука Ди Марцио. Според него, 34-годишниот Аргентинец се договорил со клубот од Торино за едногодишен договор во висина од шест милиони евра по сезона плус бонуси. Забележано е дека Јувентус ќе го објави потписот со играчот од […]

Властите во окупираната област Херсон подготвуваат референдум


 Властите во областа Херсон во Украина, која беше окупирана од руската армија во март, почнаа со подготовките за референдум за приклучување кон Русија, објави денеска заменик-началникот на Воено-граѓанската управа на Херсонската област, Кирил Стремусов. „Можам да потврдам дека се подготвуваме за референдумот и ќе го одржиме. Неочекувано, Херсонската област ќе донесе одлука да се приклучи […]

Стигна петтата транша во износ од 22,8 милиони евра за мали и средни компании од заемот на ЕИБ


 Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ) ја повлече петтата транша во износ од 22,8 милиони евра за мали и средни компании од заемот на Европската инвестициска банка. Со оваа транша се обезбедува поддршка на 43 проекти на домашни мали и средни компании кои ќе вработат нови 103 лица. Од нив 53,1 проценти се компании од […]

Кина загрижена поради новиот стратешки концепт на НАТО


 Кина е многу загрижена поради импликациите на новиот стратешки концепт на НАТО, изјави постојаниот претставник на земјата при Обединетите Нации, Џанг Џун. – Кина посветува големо внимание на стратешкото прилагодување на НАТО и многу е загрижена поради политичките импликации на таканаречниот стратешки концепт. Некои лидери на НАТО изминатиот период прикажаа други земји како закана. Но, […]

Татко во САД се убил откако бебето што го оставил во автомобил починало


  Маж во Вирџинија САД си го одзел животот откако случајно го оставил синот на возраст од 18 месеци три чесови во вжештен автомобил, а бебето починало. Таткото бил надвор со синот кога се случила трагедијата и откако го пронашол безживотното тело на синот во автомобилот, се вратил дома. Полицијата потоа добила повеќе повици дека […]

Во воена база во Белгија, во која се чуваат американски боеви глави, откриена лабораторија за екстази


Белгиската полиција извршила рација во лабораторија за производство на синтетичка дрога МДМА (екстази), откриена во воздухопловната база Клајн Брогел. Во базата, што е лоцирана на североистокот на Белгија, наводно се чува дел од американскиот нуклеарен арсенал за Европа. Белгиските власти се дискретни во врска со податоците, иако во 2019 година пратеник на Зелените пред парламентот […]

Серена елиминирана на Вимблдон: Имам сериозна мотивација да станам посилна и да играм на УС опен


Англија– Американската тенисерка и поранешен прв светски рекет Серена Вилијамс ја објави својата намера да игра на УС опен оваа година. Вилијамс ноќта меѓу 28 и 29 јуни, загуби од Французинката Армони Тан во првото коло на Вимблдон (5:7, 6:1, 6:7 (7:10)). -Сега дефинитивно имам сериозна мотивација да станам посилна и да настапам во мојот дом […]