Како да носите костум ова лето – без да ја изгубите вашата лежерност?


Летните месеци ветуваат светли денови, топли ноќи и некои од најнезаборавните настани во годината. Што да облечете за свадба, забава во градина  додека живата во термометарот расте? За да изгледате елегантни или кежуал наместо испотени, потребна е вистинска облека и ткаенини кои дишат,како памук и лен, но деновите облеани со сонце се исто така можност да се одморите од строгата облека и да се препуштите на лежерен изглед со разиграни бои и став.

За најформалните настани, изборот е едноставен. И покрај годишните најави за неговата смрт, костумот останува крал. Момците понекогаш сметаат дека тоа е задушувачко во летните месеци, но вистинскиот виновник често е ткаенината. Волната е цар за  зимските џемпери, но специјализираните летни волнени , предени  ткаени лесни и воздушести, се појасни и полесни од ленените, добри се за патувања и остануваат незгужвани дури и по долг ден. Сè додека не се толку тесни што се прилепуваат за вашето тело, овие ткаенини дозволуваат воздухот да помине за да го фатите секое ветре.

Морнарскиот тегет костум сега е летна опција за црниот костум, кошули без вратоврски и пастелни бои.