Француска тенисерка од Вимблдон: Сите имаа корона, договорот беше да молчиме за тоа


 

Француската тенисерка Ализ Корнет победи во натпреварот со Јулија Путинчева во 1. коло на Вимблдон, па на конференцијата за медиумите по мечот ги шокираше собраните новинари со изјава за корона вирусот и неговото влијание на одржувањето на Вимблдон.

Зборуваше дека короната откако Марин Чилиќ и Матео Беретини се повлекоа од турнирот поради позитивни наоди на Ковид-19.

„На Ролан Гарос имаше вистинска корона-епидемија меѓу играчите, но никоја не зборуваше за тоа“, пренесе „Екип“.

Корнет откри како се однесувале некои тенисерки за да не се открие дека се заразени, но и како се обидувале да се придржуваат до мерките за да може да се натпреваруваат, но и да не ја шират заразата.

„Сите во соблекувалната имаа корона, но ништо не рековме… Барбора Крејчикова се повлече кога објави дека е заразена, но всушност сите што беа во соблекувалната беа болни во некој момент. Сите имаа симптоми, гребење на грлото, температура… Игравме понатаму како сѐ да е нормално“, вели Корнет.

„Сигурна сум дека имаше многу заразени, но премолчен договор беше никој да не излезе пред медиумите за тоа. Немавме намера сами да се тестираме и да се доведеме во проблем. Видов некои девојки кои носеа маски, претпоставувам дека знаеле дека се заразени па не сакаа да шират понатаму“