Беќаровски предупредува дека бројките на Ковид-19 рапидно ќе растат


Бројот на нови случаи на ковид-19 ќе се зголемува во наредниот период, предупреди доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија и професор на Медицинскиот факултет.

„Бројките во дневната статистика за ковид-19 ќе почнат рапидно да растат во следните недели како резултат на доаѓањето на Омикрон-БА 4 и 5 и тоа е лошата вест. Добрата вест е што болниците, сепак, ќе ни останат полупразни“, напиша Беќаровски на Фејсбук.

Министерството за здравство вчера информираше за 168 случаи на ковид-19 од 1.101 тест и 90 оздравени пациенти.