Комеморација во чест на Ристо Стефановски (1928-2022)


Во Македонскиот народен театар денеска напладне ќе се одржи отворена комеморација во чест на Ристо Стефановски (1928-2022), долгогодишен театарски работник, театролог и театарски историчар. Стефановски е роден во 1928 година во Скопје. По завршувањето на театарската школа, студирал и организација на Факултетот за драмски уметности во Белград, а од 1951 до 1960 година бил актер […]

Настан „Младите ја преземаат Владата“


Учесниците на регионалната конференција за млади #ThinkForward: YOUth ACTion NOW!, организирана од Делегацијата на ЕУ и Europe House и поддржана од Советот за регионална соработка (RCC) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) ќе ја преземат Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија за да презентираат решенија на прашања од три области пред премиерот […]

Грузија отвора почесен конзулат во Скопје


Во Скопје денеска ќе биде отворен почесен Конзулат на Грузија, како нов импулс во продлабочувањето на соработката помеѓу двете држави и народи во повеќе области по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Грузија во 2019 година.   На отворањето се најавени обраќања на Тамара Лилуашвили, нерезидентен амбасадор на Грузија во Република Северна […]

Учење кинески – од eгзотика, преку потреба до порта за влијание


  За само три години, за пет пати се зголемил бројот на слушатели на кинески јазик во Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Институтот почна со организирање курсеви во ноември 2013 година, со 60 слушатели – а веќе во септември 2016 година нивниот број порасна на 300 слушатели. Во учебната 2020/2021, […]

Сончево и топло со мала локална облачност


Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени. УВ=8 Во Скопје претежно сончево и топло. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 29 […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 12 мај 2022 година, 128-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 237 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 18 минути, а ќе зајде во 19 часот и 42 минути. Денов трае 14 часа и 24 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Украинците уништуваат руски понтонски мостови кај Луганск


  Украинската војска соопшти дека повторно ги уништила понтонските мостови кои руските војници ги користеле за да преминат преку река во источниот регион Луганск, каде што со денови се водат тешки борби. Украинското Министерство за одбрана објави фотографии од, како што рече, уништените руски тенкови и други оружја во селото Билохоривка, во близина на стратешкиот […]

Ковачевски и Борел: Потребно е европско решение за почеток на преговорите


  Премиерот Димитар Ковачевски за време на еднодневната работна посета на Брисел се сретна со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел. Во разговорот и двајцата ја истакнале потребата за брзо делување и за остварување на стратешкиот интерес и придобивка на ЕУ од проширувањето со Северна […]

Германската министерка за одбрана под силен удар откако користеше владин хеликоптер да оди на одмор


  Политичките противници ја зедоа на удар германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт, користејќи извештаи дека таа го зела нејзиниот возрасен син со себе во владин хеликоптер на одмор. Бесот ги надополни претходните критики за начинот на кој Ламбрехт раководеше со министерството за одбрана, кое таа го презеде во декември, и ги стави под притисок […]

„Не дозволувајте да умрат“: Сопруги на борците од Азов се сретнаа со папата


  Папата Франциско се сретна со Екатерина, сопруга на командантот на Азов, Денис Прокопенко, и Јулија, сопруга на борецот од Азовскиот полк Арсениј Федосјук. Екатерина Прокопенко и Јулија Федосјук, пишува Ројтерс, разговарале со папата околу пет минути. Тие побараа Франциско директно да се обрати до рускиот претседател Владимир Путин со барање да ги ослободи, бидејќи […]

Самонаправен дрон уништи руски тенк од 3,4 милиони евра


  Украина тврди дека уништила уште еден од најнапредните руски тенкови – овој пат користејќи ракети од 450 евра испалени од домашно изработен дрон. Снимката објавена од „Аеророзвидка“ – украинската единица за борба со беспилотни летала – денес покажува две ракети кои се фрлаат врз тенк одозгора. „Аеророзвидка“ тврди дека тенкот бил Т-90 вреден 3,4 […]

Грковска се сретна со претседателот на Естонија, разговараа за дигитализацијата


    На маргините на дигиталната конференција „E-governance“ што се одржува во Талин, Естонија, вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, имаше средба со претседателот на Естонија Алар Карис, со кој разговараа за предностите што дигитализацијата на општеството ги обезбедува за сите граѓани. Грковска се заблагодари за поддршката што Естонија ѝ ја дава на  […]

Архивите фрлаат нова светлина врз откривањето на Тутанкамон, 100 години подоцна


  Гробницата на древниот египетски крал Тутанкамон во Луксор е едно од најпознатите откритија во модерната археологија. Новата изложба во Бодлианските библиотеки на Универзитетот во Оксфорд – „Тутанкамон: Ископување на архивите“ – ја одбележува 100-годишнината од откритието на британскиот египтолог Хауард Картер и неговиот тим. Драматично слики снимени од фотографот Хари Бартон, заедно со писма, […]

Истанбул домаќин на финалето на ЛШ во 2023


Австрија– Финалето на Лигата на Лигата на шампиони (ЛШ) во сезоната 2022/23 ќе се игра на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, одлучи Комитетот за натпреварување на УЕФА, кој денеска одржа состанок во Виена по повод Конгресот на европското фудбалско тело. Истанбул требаше да биде домаќин на финалето во елитното клупско натпреварување во 2020 година, но поради […]

Дали на бранот на зголемување на цените некои се обидуваат да заработат повеќе?


  Бранот на зголемување на цените сѐ повеќе зема замав и веќе не е ограничен само на енергентите и на прехранбените производи, туку поскапува буквално сѐ. Најновите статистички податоци покажаа дека Македонија влезе во зоната на двоцифрена инфлација – таа во април достигна 10,5 отсто на годишно ниво, а само за еден месец трошоците на […]

Собранието на пауза на барање на ВМРО-ДПМНЕ


 Собранието попладнево повторно продолжи со работа за утврдување на дневниот ред на 71. седница,  а во тек на продолжението од околу еден час, дел од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно бараа промени на дневниот ред, односно дел од точките ставени подолу на листата да се најдат меѓу првите точки за разгледување. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Ковачевски – Де Кро: Неопходно е брзо решение со Бугарија и старт на преговорите


Неопходно е брзо изнаоѓање решение меѓу Северна Македонија и Бугарија за да се овозможи старт на преговорите за членство во ЕУ како стратешка одлука за Брисел од аспект на безбедносните ризици предизвикани од војната во Украина, истакнале на денешната средба премиерот Димитар Ковачевски и неговиот белгиски колега Александар Де Кро. На средбата, во рамки на […]

Албански политичар уапсен за грабеж во домот на Бензема


Високо позициониран албански политичар тесно поврзан со Владата на Албанија е уапсен минатата недела во заедничка акција на локалната полиција и Интерпол под обвинение за вмешаност со серија кражби во Шпанија, меѓу кои и во домот на фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема. Уапсениот Алфред Продани се товари дека бил дел од албанска криминална група, која извршила […]

Петков: Одлучив дека иднината на Северна Македонија и Албанија мора да биде во ЕУ


Одлучив дека иднината на Северна Македонија и Албанија мора да биде во ЕУ. Ова е добро за регионот, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за романската телевизија Диги 24 ТВ, емитувано на 9 мај, јавија денеска бугарските медиуми. Според Петков, Бугарите треба да осознаат дека НАТО не е во Бугарија, туку – Бугарија е […]

Уапсен поранешниот надбискуп на Хонгконг


Поранешниот надбискуп на Хонгконг, кардиналот Џозеф Зен денеска е уапсен под сомнение дека тајно соработувал со странски сили за загрозување на националната безбедност на Кина. Покрај кардиналот Зен, уапсени се и пејачката Дениз Хо, адвокатката Маргаерт Нг и научникот Хуи По-кунг. Сите уапсени учествуваа во работата на Фондот за правна помош на учесниците во продемократските […]