Самонаправен дрон уништи руски тенк од 3,4 милиони евра


 

Украина тврди дека уништила уште еден од најнапредните руски тенкови – овој пат користејќи ракети од 450 евра испалени од домашно изработен дрон.

Снимката објавена од „Аеророзвидка“ – украинската единица за борба со беспилотни летала – денес покажува две ракети кои се фрлаат врз тенк одозгора.

„Аеророзвидка“ тврди дека тенкот бил Т-90 вреден 3,4 милиони евра и бил „уништен“ во нападот, без да се каже точно кога и каде се случил нападот.

Тоа доаѓа само еден ден откако повеќе снимки од беспилотни летала покажаа дека рускиот тенк Т-90М вреден 4,4 милиони евра беше уништен од шведски ракетен фрлач од 20.000 евра северно од Харков.

„Нашите борци уништија руски тенк Т-90 ‘Владимир’“ во јужната област на фронтот. Сè уште работиме на победа“, се вели во објавата на Јутјуб.

„Аеророзвидка“претходно раскажа како дома прават борбени дронови, користејќи делови и пари донирани за нив од странство.

Нивното беспилотно летало – наречено Р18 – чини „десетици илјади долари“, изјави портпаролот Михаило за британски „Мирор“ минатата недела и е способно да носи товар до 5 килограми.

Тој рече дека леталата користат ракетни гранати од советската ера како импровизирани бомби, кои ги фрлаат на цели одозгора.

Секоја од бомбите чини само околу 450 евра, според Military Today.

Т-90 е најнапредниот руски тенк, со основниот модел кој стапи во употреба во 1992 година, иако производството се зголеми дури кон крајот на 2000-тите.

Т-90М е најновата верзија на тенкот, а влезе во употреба во 2016 година.

Се смета дека Русија има околу 1.000 од сите варијанти на Т-90, во споредба со околу 5.000 Т-72 – тенкот врз кој се базира Т-90 и кој го одработи најголемиот дел од борбите во Украина.

Т-90 се претпоставува дека е еден од најдобрите тенкови во светот и има надградени системи за оклоп и ракетна заштита во споредба со Т-72 кои го отежнуваат уништувањето – барем теоретски.