Истанбул домаќин на финалето на ЛШ во 2023


Австрија– Финалето на Лигата на Лигата на шампиони (ЛШ) во сезоната 2022/23 ќе се игра на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, одлучи Комитетот за натпреварување на УЕФА, кој денеска одржа состанок во Виена по повод Конгресот на европското фудбалско тело.

Истанбул требаше да биде домаќин на финалето во елитното клупско натпреварување во 2020 година, но поради пандемијата на коронавирус беше променет системот на натпреварување и сите натпревари од четвртфиналето до финалето беа одиграни во Лисабон.

УЕФА потоа му ја додели организацијата на Истанбул на финалето во 2021 година, но поради влошената состојба со ширењето на заразата на коронавирусот финалето се одигра во Порто.

„Пушкаш Арена“ во Будимпешта ќе биде местото не кое ќе се одржи финалето во Лига Европа, додека финалето во Конференциската лига следната сезона ќе се игра на „Еден Арена“ во Прага.

Домаќин на женското финале во ЛШ во 2023 година ќе биде стадионот на холандски ПСВ во Ајндховен. е