Украинската Врховна Рада се подготвува Путин да го прогласи за воен злосторник


Во украинската Врховна Рада поднесена е предлог изјава со која се бара рускиот претседател Владимир Путин да биде прогласен за воен злосторник, јави Укринформ. Изготвувач на изјавата е асистентката на народната пратеничка Елисавета Бохутска, пренесе украинската агенција, повикувајќи се на веб-страницата на Врховната Рада. Текстот на нацрт документот, меѓутоа, допрва треба да биде објавен. Во […]

МНР го поздрави усвојувањето на Резолуцијата на Европарламентот за земјава


Министерството за надворешни работи соопшти дека го поздравува усвојувањето на Резолуцијата на Европскиот парламент за Република Северна Македонија на денешната пленарна седница во Стразбур, посочувајќи дека како и досега, европратениците упатија јасна политичка порака за важноста од забрзување на европскиот интегративен процес и итно започнување на преговорите за членство на земјава во ЕУ. – Охрабрува […]

Битиќи: Јакнењето на вредносните синџири во регионот носи компетитивна предност, зголемена предвидливост и стабилност за инвеститорите


Вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи престојува во дводневна посета на Копенхаген, со цел промоција на инвестициските поволности во нашата земја, како и средби со нашата бизнис дијаспора во Данска, која може да биде вистински економски поттик за инвестиции во нашата земја. Во текот на денешниот ден, информираат од […]

Во завршна фаза изборот на надзор и правен консултант за Коридорот 8


Во завршна фаза е изборот на надзор и правен консултант што ќе ги води преговорите заедно со веќе формираниот Комитет од страна на Владата за проектот за изградба на Коридорот 8, кој е значаен за целиот регион. Тоа го истакна директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска по извршениот увид на градежните […]

Истрагата за МПМ завршила, Керим се сомничи за три кривични дела, пишува „Правосудство“


  Специјализираниот портал „Правосудство“ пишува дека кривичната истрага за сопствениците на „Медиа Принт Македонија“ е завршена. Порталот дознава истрагата завршила кон крајот на минатиот месец, а некогашниот сосопственик и директор на МПМ, Срѓан Керим, се сомничи за три кривични дела. Според сознанијата на „Правосудство“ Керим од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција […]

Српски аналитичар: Помирувањето меѓу СПЦ и МПЦ е поврзано со воведување санкции за Русија од Белград


  Верскиот аналитичар од Србија Владимир Вељковиќ за телевизијата Н1 изјави дека е очигледно дека СПЦ ќе ги поддржи одлуките на државниот врв, односно воведувањето санкции против Русија. Осврнувајќи се на вчерашната средба меѓу претседателот Александар Вучиќ и патријархот Порфириј со архиереите на СПЦ, Вељковиќ рече дека во уставот стои дека црквата и државата се […]

Тројца починати и 76 нови случаи на Ковид-19


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 56, Битола – 10, Кавадарци – 3, Охрид и Кичево – по 2, Куманово, Гевгелија и Ресен – по 1. Од вкупниот број на позитивни […]

Грковска ќе работи партнерски со невладиниот сектор за доброто владеење


  Вицепремиерката за политики на добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа состанок со претставници од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, на кој присуствуваа Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешенл, Љуљзим Хазири од Асоцијацијата за демократски иницијативи, како и Снежана Камиловска од МЦМС. На оваа средба, која е дел од состаноците што вицепремиерката Грковска […]

Расте бројот на заболени од мајмунски сипаници во Европа и Северна Америка


Здравствените власти во Европа и Северна Америка забележаа зголемен број на инфекции со вирусот на мајмунски сипаници од почетокот на мај, што ги зголеми стравувањата дека болеста, која е ендемична во делови од Африка, може да се прошири на други места во светот. Светската здравствена организација (СЗО) побара внимателно да се следат контактите на заразените […]

Европарламентот го усвои Извештајот за Македонија заедно со контроверзните амандмани


  БРИСЕЛ – Европските парламентарци попладнево со 508 гласа „за“ и 56 „против“ го усвоија Извештајот за напредокот на Северна Македонија на известувачот на Европскиот парламент, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, усвојувајќи притоа и некои од контроверзните амандмани. Извештајот го поздравува реформскиот напредок на земјата и инсистира на имплементација на Договорот за добрососедство со Бугарија. Европратениците […]

Грција очекува 900.000 туристи од Србија


Грција– Оваа година очекуваме 900.000 туристи од Србија во Грција, рече министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас од Белград, каде што одржува низа средби со туристички оператори и агенции, но и со претставници од српската Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за грчката телевизија „ЕРТ“, Кикиљас истакна дека летово, српските туристи ќе […]

Кочо Анѓушев го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Немам никаква поврзаност со фотоволтаичната централа во Осломеј


  На острото денешно соопштение на ВМРО-ДПМНЕ дека она што партијата го нарекува „картелот Заев – Анѓушев“ преку нарачана физибилити студија сакале да се „дограбат до земјиштето на ТЕЦ ‘Осломеј’ и новата фотонапонска централа на таа територија“, стигна исто така остра реакција на Кочо Анѓушев. Во неа тој ги отфрла сите наводи на Комисијата за […]

„Жената на Чајковски“- дисидентот Серебреников се враќа во Кан со жесток политички филм


Франција– Последните два пати кога рускиот режисер Кирил Серебреников имаше филмови на Канскиот филмски фестивал, тој не можеше да присуствува. Тој беше под забрана за патување во Русија како дел од пресудата за измама во она што беше широко протестирано како неоправдана репресија на уметноста во Русија. Минатата година, Серебреников, еден од најпознатите руски режисери […]

Претседателот Пендаровски го прими ученикот Амир Дестанов


Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Амир Дестанов, ученик во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“, Шуто Оризари, кој на натпреварот по математика на „Кенгур 2022“  освои трето место и е вклучен во активностите на „Дневниот центар за деца на улица“. Претседателот Пендаровски беше запознат со исклучително тешкото детство на Амир и со суровите услови на […]

Македонија да го прошири опсегот на ИПАРД 3 со барање нови мерки


Македонија дополнително да ги зајакне своите капацитети во ИПАРД структурите и да го прошири опсегот на ИПАРД 3 Програмата со барање нови мерки, препорачува Европската комисија (ЕК). На состанокот со македонските власти, Комисијата го нагласи доброто ниво на подготовка особено во безбедноста на храната и ветеринарната политика и ја охрабри земјава да продолжи да го […]

Со „Мој ДДВ3 кај граѓаните за три месеци вратени 491,5 милиони денари


Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека на сметките на граѓаните исплатени се вкупно 491,5 милиони денари по основ на вратен дел од ДДВ од скенирање на фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ во првото тримесечје во оваа година. Средства се исплаќаат и кај оние корисници кои во текот на изминатите месеци направиле корекции […]

Водена кула украсена со ликот на Џони Кеш „уринира“ над неговиот роден град


САД– Водена кула со силуета на Џони Кеш моментално протекува над неговиот роден град во Арканзас, Кингсленд, откако напаѓач со импресивна цел неодамна го застрела резервоарот. Минатата недела, куршум го погоди ликот на покојниот кантри уметник токму во неговите долни региони, и сега изгледа како ѕвездата да „уринира“.  Иако направи добра фото-операција, со луѓе од […]

Рускиот војник на судењето побара прошка од вдовицата на човекот што го уби


  Судењето на рускиот војник, Вадим Шишимарин, обвинет за убиство на недолжен цивил денеска во Киев започна со остро соочување меѓу командантот на рускиот тенк и вдовицата на човекот што тој го убил. Катерина Шелипова застана пред судот и го праша 21-годишниот војник што чувствувал кога го убил нејзиниот сопруг Олександр и дали се покајал […]

Претставена веб-платформата „Лирскиот дом на Ацо Шопов“


 „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ е повеќејазична веб-платформа на која во дигитална форма е објавено творештвото на поетот Ацо Шопов, фонд на документи и податоци и критички одгласи за неговата поезија, како и голем обем видеоматеријали и фотодокументација. Интернетскиот ресурс, отворен за студенти и за истражувачи на творештвото на Шопов, е достапен на неколку јазици. […]

Ново училиште во Долно Блаце, од септември децата нема да учат во Косово


Од септември годинава, децата на училишна возраст од селото Долно Блаце во општина Чучер Сандево повеќе нема да посетуваат настава во друга држава, односно во погранично место во Косово каде им е најблиското училиште, туку ќе учат во објект во нивното родно место кој сега го градиме и активностите се речиси завршени, изјави министерот за […]