Османи во Торино на сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа


Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Торино ќе учествува на 132-та министерска сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа. На Министерската сесија, со која претседава Италија, ќе учествуваат министрите за надворешни работи на 46-те земји членки на најстарата европска организација за човекови права, демократија и владеење на правото. На сесијата, се […]

Висока мода и рокенрол: Миуча Прада и Баз Лурман се здружија за „Елвис“


Италија- Долгоочекуваниот биографски филм на Баз Лурман „Елвис“ ќе има свој дел од високата мода, благодарение на Прада и Миу Миу. Миуча Прада уште еднаш го позајми својот талент за винтиџ мода и софистициран блинг – кои особено добро резонираат со стилот на музичката легенда и крал на рокенролот Елвис Присли и неговата сопруга Присила […]

Презентација на средства и опрема користени во воената вежба „Swift Response 22“


Во близина на градскиот стадион во Штип, денеска ќе има отворена презентација на средства и опрема на армиите кои учествуваат на големата меѓународна воена вежба „Swift Response 22“. Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со дел од воените возила, вооружување и опрема кои се користат од армиите кои учествуваат на оваа најголема досега изведена […]

Светски ден на метрологијата


Во Скопје денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на метрологијата – 20 мај. На одбележувањето што го организиран Бирото за метрологија, ќе се обратат министерот за економија Крешник Бектеши, амбасадорото на ЕУ во Скопје Дејвид Гир и директорката на Бирото, Мерита Мустафаи. Светскиот ден на метрологијата го слави потпишувањето на Метарската конвенција во која членува […]

„Градиднина“ – нова пермакултурна градина во МКЦ


МКЦ денеска ќе го отвори новиот зелен простор наречен „Градиднина“, пермакултурна градина во Скопје, создадена за поддршка на широки иницијативи во зародиш. – Изградбата на просторот е резултат на учеството на МКЦ во меѓународниот проект насловен „Big Time Takeover“ развиен преку „Еразмус KA2 Програмата за соработка и инвовација и размена на добри пракси на Европската […]

Сончево и топло до 29 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, наутро посвежо, а преку денот топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје, сончево со мала локална […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 20 мај 2022 година, 136-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 229 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 10 минути, а ќе зајде во 19 часот и 50 минути. Денов трае 14 часа и 40 минути. Месечината, која е во фаза полна месечина ќе изгрее во […]

Италија подготви план за крај на војната: Целосна автономија за „спорните територии“ во Украина


  Италијанската влада подготви план кој треба да стави крај на војната во Украина. На 18 мај италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо му го предаде документот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. На 19 мај, неговиот текст беше објавен од „Ла Република“ и цитиран од голем број други публикации. Планот вклучува […]

Радев му ги кажал на Вархеи истите работи за Македонија


  Како и минатиот пат и сега посетата на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, на Софија е повеќе тајна отколку јавна. На неговата агенда денеска беа средбите со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска. Има многу куси соопштенија од две од овие средби, со Радев и Петков, на […]

Што значи платформата на Шарл Мишел за „Европска геополитичка заедница“


  Додека земјите од регионот, а особено Mакедонија и Албанија, го чекаат јунскиот самит на ЕУ, внатре во Унијата како да почна остра борба како да се понуди платформа која ќе биде некакво решение за новата европска архитектура за наредните децении. Првиот предлог беше на францускиот претседател Емануел Mакрон за „Европска политичка заедница“ а вчера […]

Почина Вангелис, авторот на незаборавната музика за филмот „Огнени кочии“


  Вангелис, грчкиот композитор чија возбудлива електронска тематска музика за оскаровецот „Огнени кочии“ што беше една од најпознатите филмски партитури во 1980-тите, почина на 79-годишна возраст, објави во четвртокот Атинската новинска агенција. Цитирајќи го соопштението од канцеларијата на неговиот адвокати, АНА соопшти дека Вангелис починал доцна во вторникот, без да наведе причина за смртта. Грчките […]

Макрон: Европската политичка заедница е надополнување на процесот на пристапување во ЕУ


 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европската политичка заедница што ја предложи на почетокот на мај претставува надополнување, а не алтернатива на процесот на пристапување во ЕУ. Говорејќи пред Елисејската палата при пречекот на претседателката на Молдавија, Маја Санду, францускиот претседател потсети дека овој нов формат има за цел „да создаде нова рамка за структурирање на соработката, здружувајќи ги демократските европски […]

Бајден се сретна со челниците на Шведска и Финска


 Американскиот претседател Џо Бајден денеска се состана со лидерите на Шведска и Финска, откако двете земји се откажаа од долгогодишната неутралност и поднесоа барање за влез во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина. Неколку часа пред неговото прво претседателско патување во Азија, Бајден разговараше со шведската премиерка Магдалена Андерсон и со финскиот претседател […]

СЗО: Русија да овозможи обезбедување здравствена заштита во Украина


Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејсус разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за ситуацијата во Украина и улогата на Русија во глобалните здравствени прашања. Притоа, тој ја повика Русија да обезбеди пристап до местата во Украина кои ги контролираат или држат под опсада нејзините војници, со цел да се […]

Министерот Шаќири се сретна со двајцата основци генијалци за математика


 Македон Димитровски и Или Морина се иднината на Северна Македонија. Нивниот талент, желба за учење и посветеност треба да не поттикнат да најдеме најсоодветни начини за да ги поддржиме, порача министерот за образование и наука Јетон Шаќири по средбата во МОН со двајцата основци за кои математиката е како игра. Како што информираат од МОН, […]

Јорданскиот крал го стави во домашен притвор својот полубрат


Јорданскиот крал Абдула Втори денеска во многу остро писмо јавно го потврди своето несогласување со својот полубрат принцот Хамза и го официјализираше куќниот притвор на поранешниот престолонаследник, нарекувајќи го „нестабилен“. Како што е наведено во писмото, кралот одобрил притворање на принцот Хамза во неговата палата и ги ограничил неговите комуникации и движење, наведувајќи ги како […]

Столтенберг: Различните мислења во НАТО не се нешто необично


 Не е невообичаено членките на НАТО да имаат различни мислења, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, мислејќи на актуелното одбивање на Турција да го поддржи членството на Финска и Шведска во НАТО. – Не е невообичаено во НАТО да има различни мислења за важни одлуки. Кога има различни мислења, имаме големо искуство со […]

Обвинителството побара доживотен затвор за рускиот војник кому се суди за воено злосторство во Украина


 Украинското обвинителство денеска побара максимална казна доживотен затвор за рускиот војник на кого во Киев му се суди за воени злосторства, бидејќи кон крајот на февруари убил украински цивил. На вториот ден од судењето, обвинителот побара од судот „доживотна казна“ за Вадим Шишимарин (21),пренесуваат француските медиуми. Рускиот војник побарал прошка од вдовицата на украинскиот цивил […]

Пендаровски: Во овие непредвидливи времиња успехот на македонската економија зависи од внатрешните реформи


Годинава ни е повеќе од потребна визија за напредокот на нашата заедничка татковина, нешто што вообичаено го нудат самитите на „Македонија 2025“. Во овие непредвидливи времиња успехот на македонската економија ќе зависи не само од надворешните фактори врз кои не можеме да влијаеме, туку пред се од посветеноста на внатрешните реформи, порача претседателот Стево Пендаровски […]

Отворање на Ретроспектива Буњуел во рамки на Филозофскиот филмски фестивал


Филозофскиот филмски фестивал, вечер во летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката, ќе ја отвори Ретроспективата Буњуел. На првата ретроспективна вечер ќе се одржи проекција на три краткометражните филмови на Луис Буњуел – „Андалузиски пес“ (1929), „Земја без леб“ (1932) и „Симон Пустиникот“ (1965). Во рамките на Ретроспективата Буњуел ќе бидат прикажани девет филмови во седум фестивалски вечери, […]