Рускиот војник на судењето побара прошка од вдовицата на човекот што го уби


Рускиот војник Вадим Шишимарин и вдовицата Катерина Шелипова во заднината

 

Судењето на рускиот војник, Вадим Шишимарин, обвинет за убиство на недолжен цивил денеска во Киев започна со остро соочување меѓу командантот на рускиот тенк и вдовицата на човекот што тој го убил.

Катерина Шелипова застана пред судот и го праша 21-годишниот војник што чувствувал кога го убил нејзиниот сопруг Олександр и дали се покајал за злосторството?

Војникот одговори дека ја признава вината и побара нејзина прошка. „Но, разбирам дека нема да можете да ми простите“, додаде тој.

Катерина Шелипова не заврши. „Кажи ми, те молам, зошто вие [Русите] дојдовте овде? Да нѐ заштитите?“, праша таа, наведувајќи го оправдувањето на Владимир Путин за инвазијата на Украина.

„Да нѐ заштитите од кого? Дали ме заштити од мојот сопруг, кого го уби?“.

Војникот немаше одговор на тоа.

соочувања се она за кое се работи за судења за воени злосторства, барем делумно. Присилување на војникот – кој ги игнорирал сите правила на војната – да се соочи со тоа што го направил и со болката што ја предизвикал.

Вчера, Катерина кажа дека навистина го сожалува, но не можела да му прости за ова злосторство.

Таа ги слушнала истрелите со кои бил убиен нејзиниот сопруг, а потоа го видела наредникот Шишимарин низ нејзината порта – држејќи го оружјето.

Малку подоцна го нашла телото на Олександр на улица. „Загубата на мојот сопруг е сè за мене“, рече Катерина и додаде: „Тој беше мојот заштитник“.

Вадим Шишимарин пред судот изјави дека пукал во човекот додека тој и уште неколку руски војници се повлекувале и се обидувале да се приклучат на нивните единици во Русија.

Војниците пронашле цивилен автомобил, „фолксваген“, кој го грабнале.

„Сакавме да стигнеме таму каде што беше нашата армија и да се вратиме во Русија“, рече Шишимарин.

„На пат додека возевме, видовме еден човек. Тој зборуваше на телефон. Тој рече дека ќе јави за нас“.

Шишимарин рече дека друг руски војник во автомобилот, за кој рече дека не е негов командант и кого го нарече „непознат“ војник, „ми рече да пукам“.

„Почна да кажува со силен тон дека треба да пукам“, рече тој пред судот.

„Тој рече дека ќе предизвикам опасност ако не го направам тоа. Јас го застрелав од кратко растојание. Тоа го уби“.