Најмалку 21 убиен при рација на полицијата во фавела во Рио де Жанеиро


Најмалку 21 лице загина при полициската рација во фавелата Вила Крузеиро во Рио де Жанеиро. Акцијата во која биле вклучени и полициски хеликоптери, била покрената со цел да се лоцираат и уапсат шефови на криминални банди, меѓу кои и странски државјани. Притоа било пукано врз полицијата која возвратила на огнот, при што била убиена жена […]

„Варијации“ на Трпчески е албум на месецот за светската музичка критика


Престижното британско и едно од водечките светски музички списанија „Грамофон“ во својот јунски број го издвои како компакт-диск на месецот новиот албум „Варијации“ на нашиот пијанист со светско реноме Симон Трпчески, во избор на уредникот Патрик Ракер. Трпчески за своето најново соло издание (трето за издавачката куќа „Лин рекордс“) избра дела од Моцарт, Бетовен и […]

По маскарот во Тексас Бајден побара од нацијата да застане на патот на лобито за оружје


Американскиот претседател Џозеф Бајден ѝ се обрати на нацијата од Белата куќа, по вчерашниот масакр во училиште во Тексас во кој, според последните информации, се убиени 19 ученици и двајца возрасни. Притоа Бајден реторички запраша кога САД ќе застане на патот на „лобито за оружје“. „Се надевав дека како претседател нема да мора вака да […]

Дендиас денеска во посета на Скопје


Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска е во еднодневна посета на Северна Македонија, а предвидено е во Скопје да се сретне со министерот за надворешни работи Бујар Османи, да биде примен од премиерот Димитар Ковачевски и да присуствува на работна вечера организирана од Османи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, јави дописничката на […]

Шведска и Финска ќе присуствуваат на самитот на НАТО во Мадрид


Шведска и Финска, кои минатата недела ги поднесоа своите официјални кандидатури за членство во НАТО, ќе присуствуваат на самитот на Алијансата во Мадрид во јуни, изјави шпанскиот премиер на форумот во Давос. -Двете нордиски земји секако ќе бидат во Мадрид, на самитот што ќе се одржи од 28 до 30 јуни, изјави Педро Санчез, кој […]

Навивачите предизвикаа хаос во Тирана има повредени, нападната и полицијата


Пред денешното финале на Конференциската лига на УЕФА што ќе се одигра во Тирана, синоќа во албанскиот главен град се случија неколку инциденти. Италијанските и холандските навивачи групирани во неколку локации во градот по насилното однесување се судрија и со полицијата. Од удар со стаклени шишиња, камења и палки лекарска помош пружена им е на шест […]

Нова конференциска опрема во пленарната сала на Собранието


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска пред медиумите ќе ја презентира новата конференциска опрема во пленарната сала, која ќе биде ставена во функција утре (26 мај), за кога е закажана 72. собраниска седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања. Во рамки на презентацијата, како што информираа од собраниската прес-служба, за новинарите, снимателите и фоторепортерите […]

(Видео) Моментот кога напаѓачот влегува во училиштето во Тексас, во масакрот убиени 19 деца и двајца возрасни


Во основно училиште во Тексас се случи пукање во кое загинаа 19 деца и двајца возрасни. Пукањето се случило во вторник во 11:17 часот по локално време (19:18 часот по македонско) во основното училиште Роб во Увалде, мал град во југозападниот дел на Тексас. Полицијата соопшти дека мртов е и 18-годишниот напаѓач Салвадор Рамос. Повеќе […]

Собранието треба да ја продолжи 71. седница


Пратениците денеска треба да ја продолжат дебатата по точките од дневниот ред на 71. пленарна седница, која почна во понеделникот со расправа за Дополнетиот предлог на законот за финансиска стабилност. На дневен ред на седницата се и годишните извештаи за 2021 година за работата на Судскиот совет,  Државната комисија за спречување на корупцијата, како и […]

Сончево и многу топло, попладне во источните делови дожд, грмежи и ветер


Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во источните делови, ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8. Утринските температури ќе се движат од 9 до 15 степени, а дневните од 26 до 34 […]

Генерал на руската авијација убиен на небото над Луганск


  Генерал мајор на руските воздухопловни сили загина на небото над регионот Луганск, што ја означи последната во долгата низа високи воени загуби што ги претрпе Русија за време на нејзината инвазија на Украина. Генерал мајор Канамат Боташев (63) уживаше во пензија кога руските тенкови ја поминаа границата на 24 февруари и не леташе уште […]

Четиринаесет деца и нивен учител убиени во Тексас


  УВАЛДЕ, Тексас – Четиринаесет деца и еден наставник загинаа во пукање во основно училиште во Тексас во вторникот, а 18-годишниот напаѓач е мртов, изјави гувернерот Грег Абот. Абот рече дека локален човек отворил оган во основното училиште „Роб“ во Увалде, околу 140 километри западно од Сан Антонио. Тоа беше најсмртоносното пукање во училиште во […]

Орбан не попушта – ќе стави вето за ембарго на нафта за Русија


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека Будимпешта не е во позиција да се согласи со предложените нови санкции на ЕУ, вклучително и нафтено ембарго кон Русија. Во писмото до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Орбан рече дека е „неверојатно“ да се најде решение до самитот на лидерите на ЕУ следната недела и дека […]

Путин именуваше свој телохранител за министер за вонредни ситуации


  Владимир Путин го промовираше својот поранешен личен телохранител за нов министер за вонредни состојби на Кремљ, неколку месеци откако неговиот претходник мистериозно загина со паѓање од водопад. Генерал-мајор Александар Куренков (49), номиниран денеска од Путин, е шестиот телохранител на рускиот претседател кој е назначен на висока владина функција. Последниот човек на оваа функција беше […]

Во Унгарија прогласена вонредна состојба поради војната во Украина


Унгарија – Унгарската Влада денеска прогласи вонредна состојба поради војната во Украина, која ќе стапи во сила на полноќ, изјави премиерот Виктор Орбан. Во видео што го објави на Фејсбук неколку часа откако парламентот го усвои амандманот на Уставот во кој се наведуваат конфликти, војна или хуманитарна катастрофа во соседна земја како причини за мерката, Орбан рече дека […]

Лагард: Вредноста на криптовалутите е ништо


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите се безвредни. – Моја многу скромна проценка е дека не вредат ништо, изјави Лагард за криптовалутите во интервју за холандската емисија „College Tour“, која се емитуваше во неделата, пренесува CNBC. „Нема основни средства што би дејствувале како сидро на безбедноста, додаде таа. Лагард ги […]

Пронајдено телото на работникот од Кавадарци кој беше пријавен за исчезнат


Во десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“, во близина на кочанското село Бања, доцна попладнево е пронајдено безживотното тело на 27-годишниот Р.А. од Кавадарци, кој вчера беше пријавен дека е исчезнат. -Полициски службеници во соработка со вработени од водостопанската подружница „Брегалница“ и од Територијалната противпожарна единица попладнево околу 19 часот го најдоа телото на исчезнатото […]

Украина го извести Кипар за заплена на руски имот од 393 милиони евра


Кипар – Украинските власти го информираа Кипар за заплена на акции и хартии од вредност во вредност од 393 милиони евра поврзани со таа островска држава, кои припаѓаат на руски милијардер и други бизнисмени, соопштија денеска кипарските власти. Во соопштението се наведува дека Украина го покренала прашањето до „релевантните органи на Република Кипар“ и оти не […]

Честитки од сите страни за автокефалноста на МПЦ-ОА


  До пред извесно време тешко можеше да се претпостави дека Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, ќе стане историски ден не само за македонските верници, туку и за целата држава Македонија. Дека токму на тој ден Српската православана црква ќе ја признае автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. За овој […]

Европските лидери во Давос: Клучно е зголемување на вооружувањето за Европа и Украина


Швајцарија– Зајакнување на системот за вооружување и вооружувањето на Украина е од клучно значење за време на руската инвазија, договорија денеска лидерите на некои европски земји и шефот на НАТО на панелот за безбедност во Европа за време на состанокот на Светскиот економски форум во Давос. Холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен рече дека Европската […]