Генерал на руската авијација убиен на небото над Луганск

Генерал мајорот Канамат Боташев е највисокиот офицер од руските воздухопловни сили што загина во војната во Украина. Тој е 10. руски генерал што го загуби животот


Генералот канамат Боташев беше викнат од пензија да се придружи на инвазиските сили

 

Генерал мајор на руските воздухопловни сили загина на небото над регионот Луганск, што ја означи последната во долгата низа високи воени загуби што ги претрпе Русија за време на нејзината инвазија на Украина.

Генерал мајор Канамат Боташев (63) уживаше во пензија кога руските тенкови ја поминаа границата на 24 февруари и не леташе уште од 2012 година.

Неговиот борбен авион „Су-25“ беше погоден со ракета „Стингер“ околу 8 часот и 25 минути во неделата наутро на небото во Донбас и тој не можеше да се катапултира.

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека „Су-25“ бил соборен во Луганск, а еден од поранешните колеги на Боташев ја потврдил неговата смрт за руската служба на Би-Би-Си.

Не е јасно зошто пензионираниот генерал – највисокиот пилот кој бил соборен во војната – управувал со авуион вреден 10 милиони евра.

Поранешниот колега на Боташев изјави за Би-Би-Си дека „тој едноставно не можел да се држи настрана“ кога му била понудена шанса да лета, но загубата на таков висок, постар генерал укажува на тоа дека руските воздухопловни сили немаат доволно пилоти способни да вршат летови над Украина.

Пензионерот е 10-тиот руски генерал за кој се верува дека веќе загинал во Украина, додека повеќе од 40 полковници се убиени во крвавите борби.

Во меѓувреме, копнените сили на Украина објавија во своето последен биланс во петокот дека 204 руски авиони се уништени над украинското небо.

Веста за смртта на Боташев се појави вчера на неколку провоени канали на Телеграм, но многу од објавите беа отстранети од администраторите.

Во една објава се известува за смртта на генералот и се опишува како неговиот авион прво бил оштетен од проектил, но потоа бил разнесен на небото од „Стингер“.

„Канамат почина денес! Област Попасна, 8:25… прво авионот бил погоден (со проектил), второ, бомби – ‘Стингер’, на крајот од нападот. Имаше експлозија во воздухот и… Тоа е тоа“.

Еден корисник објави почит на убиениот генерал на рускиот телеграмски канал Fighterbomber – истакнат канал популарен во воздухопловната заедница со повеќе од 110.000 претплатници – но и ова беше отстрането.

„Збогум, команданте… Има малку луѓе на оваа планета што живееле на небото колку што живеете вие. Небото го зема најдоброто, денес ве однесе вас“, пишува во објавата, пренесува Би-Би-Си.

Авионот на Баташев бил прво очтетен од ракета, а потоа уништен со проектил „Стингер“

Иако руската мрежа на приватни канали Телеграм не е контролирана од рускиот регулатор за комуникации Роскомнадзор, информациите кои сугерираат дека воените напори на Путин тапкаат често се ограничени или отстранети од администраторите кои се блиски до Кремљ.

Руските загуби во Украина во првите три месеци веројатно веќе ги надминале оние од советско-авганистанската војна, според најновото разузнавање на британското Министерство за одбрана.

Советскиот Сојуз изгуби околу 15.000 војници во конфликтот помеѓу 1979-1989 година, со дополнителни 35.478 ранети и 311 исчезнати.

„Како што жртвите претрпени во Украина продолжуваат да растат, тие ќе станат поочигледни, а јавното незадоволство од војната и подготвеноста да се изрази може да се зголеми“, рече Министерството за одбрана, без да даде точна бројка за жртвите за кои верува дека ги претрпеле трупите на Путин.

Министерството ги наведе лошата тактика, ограниченото воздушно покривање, недостатокот на флексибилност и командниот пристап кој го засилува неуспехот и повторувањето на грешките како причините зад високата стапка на жртви.

Нудењето борбени улоги на пензионираните ветерани, особено на високи функционери како што е Боташев, веројатно би можело да биде дел од рускиот обид за зајакнување на нивниот сè помал број на војници со почитувани и искусни борци.

Боташев командуваше со полк на воздушната база на гардата во Воронеж, руски град кој се наоѓа на околу 300 милји јужно од Москва.

Неговата воена кариера беше прекината во јуни 2012 година, откако беше прогласен за виновен за неовластено летање со два авиони – од кои едниот се урнал додека изведувал акробации.

Но, и покрај тоа што беше казнет и поднесе оставка од воздухопловните сили, тој остана во близок контакт со војската.