Путин именуваше свој телохранител за министер за вонредни ситуации
Генералот Александар Куренков го заменува Евгениј Зиничев, човек од највисока доверба на Путин, кон мистериозно загина на Арктикот
Владимир Путин го промовираше својот поранешен личен телохранител за нов министер за вонредни состојби на Кремљ, неколку месеци откако неговиот претходник мистериозно загина со паѓање од водопад.
Генерал-мајор Александар Куренков (49), номиниран денеска од Путин, е шестиот телохранител на рускиот претседател кој е назначен на висока владина функција.
Последниот човек на оваа функција беше Евгениј Зиничев, исто така поранешен телохранител на Путин, кој загина паѓајќи од водопад висок 30 метри, за што има сомневања дека се работи за убиство. Наречен „човекот без лице“, малку се знае за минатото и потеклото на Куренков, а се тврди дека дека служел во контраразузнавачката агенција ФСБ, како и во ФСО, одговорна за чување на високи функционери.
Претседателскиот портпарол Дмитриј Песков рече: „Путин лично го познава многу добро. И изборот значи дека, според шефот на државата, личните и професионалните квалитети на Куренков ќе му овозможат да ја извршува оваа функција“.
Критичарите велат дека Путин во последниве години целосно им верува само на оние кои ја докажале својата лојалност чувајќи го неговиот живот.
Официјалните податоци велат дека Зиничев, кој „се подготвувал за можен наследник“ на Путин, загинал обидувајќи се да „спаси човек“ кај водопадот Китабо-Орон во Сибир кој е заштитен од УНЕСКО.
Путин беше видно вознемирен на погребот на Зиничев, нарекувајќи ја неговата смрт „незаменлива лична загуба“.
Некои аналитичари веруваа дека Путин го подготвувал Зиничев – кој како и него некогаш бил оперативец на КГБ – како негов можен наследник.
Тој веќе служеше како заменик директор на ФСБ и втор во командата на Министерството за одбрана.
Зиничев, кој имаше чин генерал, уживаше во спектакуларен подем во времето на Путин и беше навестен за нова моќна улога во Советот за безбедност на Кремљ кога загина во мистериозниот инцидент на Арктикот.
Професорот Валери Соловеј – поврзан со Телеграмскиот канал Генерал СВР – тврди: „Веднаш ќе кажам дека не беше смрт, туку убиството на генералот.
Тој не умре сам, заедно со него умреа уште неколку луѓе“.
Почина и човекот што наводно се обидел да го спаси, снимателот на документарецот Александар Мелник (63).
Путин му додели постхумен орден Херој на Русија.
Неговата замена Куренков „работеше како постар аѓутант на Путин“, изјави извор за РБЦ.
Подоцна тој беше заменик директор на руската национална гарда – што му одговара директно на Путин.
Тој во последните години беше унапреден во чин генерал-мајор.
Назначувањето на поранешниот телохранител се очекува да биде заверено од рускиот парламент.
Министерот за вонредни состојби е работа од висок профил во Русија, кој се бори со поплави, шумски пожари и бури, но исто така се смета за клучно безбедносно портфолио.
Токму во оваа улога Сергеј Шојгу – сега министер за одбрана – го прослави своето име.
Еден поранешен телохранител Алексеј Дјумин (49) е гувернер на регионот Тула.
Друг, 53-годишниот Дмитриј Миронов, сега е помошник на Путин по престојот како гувернер на регионот Јарослав.
Уште еден Сергеј Морозов (49) беше назначен за гувернер на регионот Астрахан пред да се врати во тајните служби како генерал-мајор.
Највисок подем од сите поранешни телохранители е генералот Виктор Золотов (68) висок лојалист, кој ја предводи руската национална гарда.
Тој исто така беше телохранител на првиот руски посткомунистички претседател Борис Елцин.