Во Бугарија уапсена поранешна романска министерка осудена на шест години затвор


Поранешната романска министерка за туризам Елена Удрија, која вчера беше осудена на шест години затвор за корупција, е уапсена во Бугарија и ќе биде предадена на романските власти. На 7 април националната бугарска полиција добила итно барање за помош од романските полициски власти со цел да лоцира автомобил и патници во земјата, соопшти МВР во […]

Вучиќ вели биле уценувани, затоа гласале против Русија во ОН


Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин траел долго, дека разговарале за сè и дека Путин „не е луд“. Тој наведе и дека Србија на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации гласала за суспензија на Русија од Советот за човекови права на ОН бидејќи била уценувана, јави […]

Напаѓачот од Тел Авив е убиен


Израелските безбедносни сили го убиле вооружениот маж кој уби две лица и рани неколку други во терористички напад во центарот на крајбрежниот град Тел Авив, соопштија официјални лица. – Терористот кој го изврши вчерашниот вооружен напад во Тел Авив е лоциран и неутрализиран, соопштија официјални лица, додавајќи дека човекот, кој бил Палестинец од Западниот Брег, бил убиен во близина на џамија во […]

Промоција на монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски


На големата сцена во Македонскиот народен театар вечер во 19 часот ќе се одржи промоција на монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски. МНТ информира дека станува збор за театарски фотографии на дел од претставите изведувани на сцената на Театарот од 1993 година до денес. Проектот на театарскиот фотограф Кире Галевски, е во […]

Изведба на оперската претстава „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало


Оперската претстава „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало ќе биде изведена вечер (20.00)  на сцената на Националната опера и балет. Операта е во режија на Дејан Прошев, диригент е Бисера Чадловска, сценографија е на Илина Ангеловска, костимографијата на Никола Булески, кореограф е Олга Панго, концерт мајстор Јане Бакевски, а хор мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Свој настап […]

Концерт на „Танец“ во рамки на 45. „Денови на македонска музика“


Во рамки на 45. издание на манифестацијата „Денови на македонска музика“ вечер во Домот на АРМ концерт ќе одржи Ансамблот за народни игри и песни „Танец“. Програмата на концертот е конципирана врз фрагменти, односно избор од автентични фолклорни творби врз кои се темелат познатите кореографии на ансамблот. Опфатени се карактеристични напеви и ора од различни […]

„Пејзажи на восхитот“ – самостојна изложба на Дарко Алексовски во МСУ – Скопје


Во Музејот на современата уметност – Скопје вечер ќе биде отворена самостојната изложба „Пејзажи на восхитот“ на уметникот Дарко Алексовски, еден од тројцата наградени автори за „Најуспешен автор и дело“ на минатогодишното 13. Меѓународно биенале на млади уметници. Куратори на изложбата се Ива Димовски, Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. „Пејзажи на восхитот“ е наративен и […]

Бектеши ќе учествува на Економскиот форум Делфи


Министерот за економија Крешник Бектеши  денеска ќе учествува на Економскиот форум Делфи во Грција, каде ќе говори на панелот насловен „Како кризата во Украина влијае на економиите во регионот“. Од Министерството за економија најавија дека министерот Бектеши во рамки на Форумот ќе присуствува на работна вечера насловена „Војната во Украина: Последиците на Балканот“ на која […]

Укинувањето задолжително носење маски чека на одлука од Кризниот штаб и Владата


Главниот координативен кризен штаб деновиве се очекува да ги разгледа препораките за олабавување на ковид мерките на Комисијата за заразни болести, а потоа да бидат усвоени на следната владина седница. Сепак, според надлежните, новите препораки кои се во насока на олабавување на рестрикциите, не значат дека пандемијата е завршена. Укинување на мерката за задолжително носење […]

„ЕУ со ТЕБЕ“ во Крива Паланка


Во земјоделската област во кривопаланечкото село Конопница денеска ќе почнат градежните работи финансирани од ЕУ за малиот систем за наводнување. Како што најавија од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, почетокот на градежните работи ќе го одбележат заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ, Џулијан Васало и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. ЕУ ја поддржува […]

Сончево и потопло со мала локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 18 до 25 степени. Како што информираат од УХМР, во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со […]

„Вина од Македонија – вовед во македонската винска култура и традиции“ во Будимпешта


На Институтот по славистика и балтичка филологија при Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта денеска се одржа настанот „Вина од Македонија – вовед во македонската винска култура и традиции“ (предавање и дегустација на македонски вина). Настанот беше организиран од Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, во соработка со Здружението „Вина од Македонија“ од Скопје, а за македонските […]

Каревска, Топалова и Бансколиев добитници на наградите „Никола Младенов 2021“


Новинарката Ирена Каревска е добитник на наградата за најдобра истражувачка сторија „Никола Младенов 2021“, што вечерва ја додели Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Таа наградата ја добива за серијалот од 10 ТВ прилози преку кои го истражува случајот со набавката на софтвер за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци од страна на поранешниот секретар на Владата […]

ООУ „Лазо Ангеловски“ домаќин на ученици од Хрватска, Романија и Србија во проект на ЕРАЗМУС+


Во рамките на проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ – Еразмус+ КА229, во периодот од 11-15 април 2022 година, училиштето ООУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје, ќе биде домаќин на втората ученичка размена на која ќе учествуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Хрватска, Србија и Романија. Темата на оваа размена е „Моќта […]

Фон дер Лајен и Борел ќе се сретнат со Зеленски во Киев


Белгија – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок ќе престојува во   посета на украинскиот главен град Киев, каде меѓу другите ќе се сретне со претседателот Володимир Зеленски. Таа ќе биде придружувана од шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел. Европската комисија претходно објави дека посетата ќе биде оваа недела, но […]

Кои серии на производи на Фереро се повлечени од пазарот како мерка на претпазливост


Атлантиц Траде Скопје ДОО Скопје како дистрибутер на асортиманот на компанијата Фереро во земјава, на барање на производителот Фереро, започна со превентивно повлекување на неколку серии на производите Киндер шоко бонс (46гр и 125гр) и Киндер surprise макси (100гр) од брендот Киндер. Повлекувањето, како што посочуваат од Атлантиц Траде Скопје ДОО Скопје, се однесува само […]

Бостонскиот маратон без Руси и Белоруси


САД– Тркачи од Русија и Белорусија нема да смеат да настапат на Бостонскиот маратон на 18 април, поради инвазијата врз Украина, објавија организаторите. Забраната се однесува на маратонци, кои живеат во Русија и Белорусија, додека иселениците со руско или белоруско потекло можат да учествуваат на трката под услов да не истакнуваат обележја на својата земја на потекло, се прецизира во […]

Русија исфрлена од Советот за човекови права на ОН


  Генералното собрание на Обединетите нации  гласаше за суспендирање на Русија од Советот за човекови права за време на седницата во Њујорк. Тоа следи по наводите за воени злосторства на војниците на Кремљ во Украина. Пред да се гласа, украинскиот амбасадор во ОН Сергиј Кислица ја обвини Русија за „ужасни“ злоупотреби – покренувајќи го прашањето […]

Црна Гора протера уште четворица руски дипломати


Црна Гора– Црногорското Министерство за надворешни работи прогласи за персона нон грата уште четворица дипломати од Амбасадата на Руската Федерација во Подгорица. Тие имаат рок од седум дена да ја напуштат таа држава. – На рускиот амбасадор денеска му беше врачена официјална нота за оваа одлука, со која се одредува рок од седум дена за […]

Српската Влада одобри извоз на пченица и пченка во Македонија


Српската Влада денеска донесе Заклучок со кој се одобрува извоз на пченица и пченка во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. – Владата на Република Србија донесе Заклучок со кој се одобрува извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка на правни лица кои ги извезуваат овие производи во Република Северна Македонија врз основа […]