Напаѓачот од Тел Авив е убиен


Израелските безбедносни сили го убиле вооружениот маж кој уби две лица и рани неколку други во терористички напад во центарот на крајбрежниот град Тел Авив, соопштија официјални лица.

– Терористот кој го изврши вчерашниот вооружен напад во Тел Авив е лоциран и неутрализиран, соопштија официјални лица, додавајќи дека човекот, кој бил Палестинец од Западниот Брег, бил убиен во близина на џамија во населбата Јафа, пренесе Бгнес.