Русија исфрлена од Советот за човекови права на ОН

Меѓу земјите што гласаа за суспендирање на членството на Москва е и Македонија, но интересно „за“ гласаше и Србија


 

Генералното собрание на Обединетите нации  гласаше за суспендирање на Русија од Советот за човекови права за време на седницата во Њујорк.

Тоа следи по наводите за воени злосторства на војниците на Кремљ во Украина.

Пред да се гласа, украинскиот амбасадор во ОН Сергиј Кислица ја обвини Русија за „ужасни“ злоупотреби – покренувајќи го прашањето за наводните убиства на цивили во градот Буча.

Претставникот на Русија Генадиј Кузмин го осуди гласањето, а други држави, вклучително и Северна Кореја и Сирија, застанаа зад него.

Деведесет и три земји гласаа за овој потег, 24 беа против, а имаше 58 воздржани.

Меѓу земјите кои ја поддржаа суспензијата беа САД, земјите на ЕУ, Велика Британија и се разбира самата Украина. За исфрлање на Русија гласаше и Македонија, но и Србија

Кина, Сирија и Белорусија беа меѓу оние кои гласаа против предлогот.

А Индија, Египет и Јужна Африка беа меѓу државите што се воздржаа.