Промоција на монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски


На големата сцена во Македонскиот народен театар вечер во 19 часот ќе се одржи промоција на монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски.

МНТ информира дека станува збор за театарски фотографии на дел од претставите изведувани на сцената на Театарот од 1993 година до денес.

Проектот на театарскиот фотограф Кире Галевски, е во соработка со издавачот на монографијата, Македонскиот народен театар, а автори на есеите се Искра Гешоска, Дејан Дуковски, Sвездан Георгиевски, Нина Николиќ, Ѓорѓи Јолевски, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивана Јарчевска.

Ликовното и графичкото уредување на монографијата е на Зоран Кардула, а уредник е Билјана Црвенковска.