Ковачевски апелира да не запира процесот на образование и да се продолжи со дијалогот за да се изнајде прифатливо решение


Ги повикувам наставниците од основните и средните училишта да ги стават интересите на децата на прво место и да се погрижат да не се наруши образовниот процес. Учениците треба да бидат во училиштата, таму каде што припаѓаат, истакнува премиерот Димитар Ковачевски во врска со за утре најавениот штрајк на СОНК. – По долгото пандемиско отсуство […]

Кинеската мисија во ЕУ: НАТО, а не Кина, ја дестабилизира безбедноста


Кинеската мисија во Европската унија соопшти дека НАТО, а не Пекинг, ја дестабилизира меѓународната безбедност, пренесува Кинеското меѓународно радио, повикувајќи се на соопштението на Мисијата објавено во Њузвик. Кинеската мисија во ЕУ, по повод изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека Кина не е подготвена да ја осуди руската агресија, истакна дека „од […]

До пладне 25,5 отсто излезност на изборите во Франција


Излезноста на гласачите на денешниот, прв круг од претседателските избори во Франција, до пладне изнесуваше 25,5 отсто, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тоа е три отсто помалку отколку во првиот круг на претседателските избори одржани во 2017 година (28,54 проценти). Гласањето започна утрово во осум часот, а ќе заврши вечерва во 20 часот, по што […]

Клиниката КАРИЛ со реакција за шпекулациите поврзани со трагичната смрт на ракометарот Денис Тот


Клиниката за ТОАРИЛУЦ-КАРИЛ денеска ги осуди како што наведуваат сите шпекулации во јавноста во изминатиот ден поврзани со транспарентноста за трагичната смрт на младиот ракометар и преку соопштение дава факти за случајот: „Остро ги осудуваме сите шпекулации во однос на транспареноста на овој трагичен настан. Од самиот прием ја истакнавме тежината на состојбата во која […]

Пронајдени марихуана, кокаин и екстази при контроли во угостителски објекти во Скопје, приведени седум лица


Седум лица се лишени од слобода откако кај нив при контроли извршени синоќа од страна на припадници на МВР во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе патнички возила во Скопје, биле пронајдени марихуана, кокаин и таблети екстази. Како што соопшти МВР, контролите се извршени во периодот од 21.30 часот на 9 април до 3:00 […]

Нинова: Нема да потпишам ако Парламентот одлучи Бугарија да и даде воена помош на Украина, нека ме сменат


Бугарската вицепремиерка и министерка за економија Корнелија Нинова, која е лидер на БСП, изјави за БНТ дека ако Националното собрание одлучи Бугарија да и обезбеди оружје на Украина, нема да ја потпише одлуката како министер за економија и индустрија, дури по цена да биде сменета од Владата. Според Нинова, ваквата одлука на Парламентот на Бугарија […]

Од утре генерален штрајк во градинките, училиштата…, СОНК ја повика Владата „да го одврзе ќесето“


Штрајкот на СОНК ќе се одвива во сите установи на национално ниво, значи во целата држава во дејностите детска заштита, односно градинките, во основните и средните училишта во ученички и студентски домови и високо образовни институции кои ќе се приклучат во штрајкот по пат на солидарност, соопшти денеска на прес-конференција претседателот на Синдикатот за образование, […]

Ковачевски: Низ социјален дијалог со синдикатите до решение кое нема да ја зголеми инфлацијата


Владата ќе остане посветена на изнаоѓање решенија за сите прашања што ги отворија синдикатите, истакнува во интервју за МИА, претседателот на Владата Димитар Ковачевски. „Синдикатите бараат уште повеќе зголемување на платите. Ние нормално дека разговараме со нив, сите одлуки до сега беа носени низ социјалниот дијалог со синдикатите. Меѓутоа треба да ги имаме предвид сите […]

Градинките ќе продолжат со згрижувачката дејност и во време на штрајк, велат од МТСП


Сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност – згрижување и воспитание на децата и во деновите на најавениот штрајк, како и до сега, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП). -Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Република Северна Македонија и Законот за заштита на децата, […]

Русија ја нарече и Летонија „неонацистичка“ држава


  Русија ја нарече Летонија „неонацистичка“ држава во застрашувачки ехо на заканите на Москва за Украина, откако балтичката држава го прогласи 9 мај како ден на сеќавање на жртвите на руската агресија. Москва ја нарече „бласфемична“ одлуката на Рига да им оддаде комеморација на украинските воени жртви следниот месец – на истиот ден со Денот […]

Женска трка во поддршка на жените со мултипла склероза


Во Градскиот парк во Скопје утрово се одржа јубилејната 10-та „Авицена женска трка“ која годинава беше посветена на зголемување на јавната свест за мултипла склерозата (МС), дегенеративно заболување кое три пати почесто се дијагностицира кај жените наспроти мажите. Приближно две илјади учеснички на Женска трка имаа можност да дадат поддршка на жените со мултипла склероза, […]

Дискавери создаде гигантска компанија во која се и Ворнер Брос, Си-Ен-Ен, ХБО…


  Ворнер медиа и Дискавери го завршија своето спојување, соопштија двете американски компании. Комбинираната компанија, Ворнер Брос Дискавери ќе започне со тргување на Насдак во понеделник под симболот „WBD“. Портфолиото на Ворнер Брос Дискавери вклучува Discovery Channel, Warner Bros Entertainment, CNN, HBO, Cartoon Network; стриминг услуги Discovery+ и HBO Max; и франшизи како „Бетмен“ и […]

Битолчани бараат енергетска правда од трансформацијата на термоцентралата РЕК „Битола“


БИТОЛА – Процесот на енергетска транзиција е неминовен и значаен за жителите на целиот Пелагониски регион. Токму затоа битолчани и жителите на поширокиот регион бараат енергетска правда во процесите на енергетска транзиција заради тоа што добро знаат колку допринеле за државата преку термоцентралата РЕК „Битола“ која произведува струја од јаглен, и со какви последици по […]

МОН: Настава мора да се организира и за време на штрајк


Основните и средните училишта и од утре, за кога е најавен штрајкот од страна на раководството на Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК, ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно – образовен процес, информира Министерството за образование и наука (МОН). -Правната регулатива во оваа област ги штити интересите […]

Почувствуван земјотрес во Северна Македонија, епицентарот во Албанија


Земјотрес со интензитет од 4,2 степена според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во Албанија, три часа по полноќ. Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета. Епицентарот се наоѓал на девет километри од местото Тропоја во Албанија, соопшти Сеизмолошкиот оддел на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора. Потресот бил почувствуван во […]

Ф1: Леклер ја освои Големата награда на Австралија


Шарл Леклер, кој со болидот на Ферари стартуваше од пол-позицијата и доминираше од почеток до крајот, победи денеска во трката за Големата награда на Австралија, пред Мексиканецот Серхио Перез (Ред Бул). Британецот Џорџ Расел (Мерцедес) мина трет низ целта во третата овосезонска трка во Формула 1, која ја одбележа откажувањето на актуелниот светски првак Макс […]

Лукашенко доби удар в лице, виновникот веднаш се извини (фото)


За време на хокеарски натпревар, еден од хокеарите го удрил белорускиот претседател Александар Лукашенко и му го повредил лицето. Играчот се извини и нема да има никакви последици, пренесоа новинските агенции. Белорускиот претседател Александар Лукашенко во саботата играше хокеј на мраз. „Еден од хокеарите (33) случајно го урил в лице. Веднаш бил отстранет од теренот. […]

Телевизиите се пред исчезнување


Телевизиските куќи ќе мора радикално да се прилагодат на брзорастечкиот свет на онлајн забавата доколку имаат намера да опстанат, предупредуваат експертите. Телевизиите веќе се обидуваат да стигнат до интернет гигантите од индустријата за игри во борба за вниманието на помладата публика и, следствено, приходите од реклами. Се наѕира почетокот на таканаречениот „метаверзум“, што е термин […]

Најмногу дожд во Маврови Анови


Утрово е претежно облачно со локални врнежи од дожд. Во горниот дел на Повардарието ветерот го промени правецот во северен и е засилен. За изминатите 24 часа заклучно до 8 часот изутрина најмногу дожд паднал во Маврови Анови каде се измеренеи 5 л/м2 воден талог, 2 во Охрид, и по 1 во Скопје кај Петровец, […]