До пладне 25,5 отсто излезност на изборите во Франција


Излезноста на гласачите на денешниот, прв круг од претседателските избори во Франција, до пладне изнесуваше 25,5 отсто, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тоа е три отсто помалку отколку во првиот круг на претседателските избори одржани во 2017 година (28,54 проценти).

Гласањето започна утрово во осум часот, а ќе заврши вечерва во 20 часот, по што се очекуваат првите проекции на изборните резултати.