Ф1: Леклер ја освои Големата награда на Австралија


Шарл Леклер, кој со болидот на Ферари стартуваше од пол-позицијата и доминираше од почеток до крајот, победи денеска во трката за Големата награда на Австралија, пред Мексиканецот Серхио Перез (Ред Бул).

Британецот Џорџ Расел (Мерцедес) мина трет низ целта во третата овосезонска трка во Формула 1, која ја одбележа откажувањето на актуелниот светски првак Макс Верстапен (Ред Бул) поради дефект на болидот.

За Леклер ова е втора победа сезонава со која се зацврсти на водечкото место во генералниот пласман со 71 бод.

Следната трка ќе се води за две седмици во Имола.