(Видео) Паника во Њујорк – граѓани бегаа по „Тајмс сквер“


  Групи преплашени туристи и граѓани на Њујорк бегаа по „Тајмс сквер“ откако поради по три пожари во шахтите се случија силни експлозии. Причината за експлозиите на шахтите не е позната, но во 43 Западна улица надлежните по експлозиите открија зголемено ниво на јаглерод моноксид. Manhole explosion causes mass panic in New York's Times Square; […]

Потпишан нов колективен договор во АД ЕСМ


АД ЕСМ и Синдикалната организација во компанијата потпишаа нов колективен договор со кој, како што велат од ЕСМ, се унапредуваат и подобруваат условите за работа, како и правата на вработените. Договорот го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски и претседателот на Синдикалната организација на АД ЕСМ Јове Смилевски. -Новиот колективен договор носи подобрувања […]

Битиќи за Зекири: Владеење на правото важи и за власта


Владеење на право важи и за тие од власта, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, коментирајќи го определувањето на 30-дневен притвор за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, кој е под истрага од Обвинителството за склучен договор со консултантска фирма, на која и се исплатени повеќе пари од предвидениот договор. – Тоа се промените […]

Каратистите на „Макпетрол“ се закитија со шест медали на „Златен појас на Чачак“


На меѓународниот турнир „Златен појас на Чачак“ којшто викендов се одржа во Србија и на којшто учествуваа 111 клуба од 14 земји, карате клубот „Макпетрол“ освои шест медали. Членовите на скопскиот тим се закитија со по две златни, сребрени и бронзени одличја, што на генералната листа според бројот на освоени признанија го позиционира клубот на […]

„Овие песни“ – избор од вкупното творештво на Глигор Стојковски


Во издание на ВиГ Зеница од Скопје од печат излезе книгата „Овие песни“ од   Глигор Стојковски, поетски избор од вкупното творештво на овој истакнат македонски поет, добитник на релевантни поетски награди. Станува збор за опсежен еднотомник кој на шест стотини страници го донесува строгиот авторов избор на песни од речиси сите негови поетски книги. Појавата на […]

Џенифер Лопез и Бен Афлек се свршија


САД – Пејачката и актерка Џенифер Лопез ја објави свршувачката со глумецот-режисер Бен Афлек, 18 години откако тие двајцата првпат ја прекинаа љубовната врска. Американските медиуми претходно објавија дека прстенот е со бледо-зелен дијамант обложен со смарагд. Нејзините гласноговорници ја потврдија свршувачката. Пејачката пак, објави и емотивно видео со зелениот прстен на нејзината рака, со натпис […]

Шаќири: Дел од училиштата штрајкуваат, но некои имаат часови


Дел од училиштата штрајкуваат, но некои функционираат, а има и директори кои не пуштаат никого во училиштата затоа што поддржуваат генерален штрајк, информира Министерот за образование Јетон Шаќири.  Како што потврди и директорот на средното училиште „Владо Тасевски“ наставата во училиштето се одвива непречено, а за колегите штрајкувачи обезбедена е посебна просторија за штрајкување.  Сепак, […]

Промоција на „Куфер“ – збирка поезија од Ерол Туфан во МКЦ


На платото пред МКЦ вечер во 20 часот ќе биде промовирана збирка поезија од Ерол Туфан насловена „Куфер“. Стихозбирката „Куфер“ од Ерол Туфан содржи триесетина песни, а збогатена е и со илустрации од Владимир Мартиновски. Во книгата се објавени и два пригодни поговора од проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска и од Силвана Димитриевска. Промотори на збирката […]

ЈСП воведе еднодневен билет од 120 денари – линија „4“ со изменета траса


Од денеска, во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје пуштен е во продажба дневен билет кој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден. Новиот тип на билет важи од 05 до 24 часот, со можност за неограничен број возења, односно преседнувања на сите линии […]

Голем шумски пожар на Халкидики


Голем шумски пожар избувна утрово во непрооден дел во областа Мола Калива кај Касандра на првиот крак на Халкидики, а во тек се напори огнените јазици да се стават под контрола, јави дописничката на МИА од Атина. Противпожарната служба на Грција интервенира со 150 пожарникари со шест пешадиски тима, 40 возила и четити авиони, а […]

Анкара би можела да купи руски воени авиони „Су-57“


Турција би можела да ја разгледа опцијата за набавка на руски борбени авиони „Су-57“ доколку американскиот Конгрес не одобри Анкара да купи повеќенаменски борбени авиони „Ф-16“ од американско производство. Во написот објавен во денешнот издание на истанбулскиот весник „Милет“, инаку гласило блиско до турските власти, се наведува дека Анкара побарала од Вашингтон да дозволи продажба […]

Три години затвор за обвинетиот за сообраќајката кај „Сити мол“


Обвинетиот во случајот со сообраќајната несреќа кај „Сити мол“, Јордан Ѓорѓиев, од Основниот Кривичен суд – Скопје денеска беше осуден на казна затвор од три години. На пресудата ѝ претходеше признание на вина од страна на обвинетиот. Судењето го водеше судијката Љубинка Башевска. Трагичната сообраќајната несреќа се случи на 20 јануари годинава во близина на […]

Актуелните мерки за патување во Грција продолжени за уште една седмица


 Актуелните правила и предусловите за патување во Грција, односно задолжителен документ за Ковид-19, како и мерките во внатрешноста на земјата се непроменети и продолжени за уште една седмица, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на […]

ЗЕЛС со повик за подмирување на данокот на имот


Во општините во тек е постапка за доставување на решенијата за данок на имот и решенијата за комунална такса фирмарина за 2022 година, информира Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). – Во втората половина на месец април, дел од општините ќе спроведуваат и решенијата за забрана на средства во банка блокади за неплатени решенија за […]

Од македонскиот пазар се повлекува целокупниот „Киндер“ асортиман произведен во фабриката во Арлон, Белгија


Атлантик Трејд Скопје ДОО Скопје соопшти дека како дистрибутер на асортиманот на компанијата „Фереро“ во земјава, на барање на производителот „Фереро“, го проширува повлекувањето од пазарот на целокупното производство на Киндер Шокобонс, Киндер Сурприсе Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче. Компанијата подвлекува дека на повлекување од пазарот подлежат само оние производи кои се произведени […]

Битиќи: СОНК не им даде доволно шанса на преговорите


Генералниот штрајк очигледно е почнат, за жал сметам дека не се даде доволно шанса  на преговорите од страна на СОНК. И покрај неколкуте обиди да преговараме, сепак повикаа на штрајк, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „Утрински брифинг“.   Смета дека во одредени региони штрајкувањето е парцијално затоа што некаде […]

Елитната вечера во Вашингтон стана алармантна – 72 заболени од Ковид-19


Седумдесет и две лица беа позитивни на „Ковид-19“ откако присуствуваа на вечерата Гридирон во Вашингтон минатиот викенд, вклучително и членови на администрацијата на Бајден и новинари. Претседателот на клубот Гридирон, Том Дефранк, во неделата рече дека групата пријавила 72 случаи од стотиците луѓе што присуствувале. Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, кој исто така беше на […]

Временските услови поволни за земјоделството


Позитивните утрински температури и температурите во текот на денот од околу 18 – 20 степени, неделава ќе овозможат работа на отворено во овоштарниците и лозовите насади, меѓуредова обработка и заштита од болести и штетници, велат агрометеоролозите. Временските услови, додаваат, се поволни и за активности во градинарството, како и во тутунопризводството – нега на леите за […]

„Само среќа“  на Танц Фест во Домот на АРСМ


На сцената на Домот на АРСМ во Скопје, вечер ќе биде изведена претставата „Само среќа“ на Томео Вержес, во изведба на Сандрине Мајзонев. – „Само среќа“ го доведува во прашање условувањето на жените и нивниот еманципаторски потенцијал. Не постои желба да се исклучи некој дел од животно дејствување, туку желба да се фокусира вниманието на повеќеслојноста на функционирањето на животот на […]

Штрајкот во образованието почна без проблеми – родителите збунети


Училиштата во државата се празни, а празни се и градинките, откако утрово со штрајк почнаа наставниците, учителите, професорите и воспитачите во градинките, кои бараат усогласување на платите по воведувањето на минимална плата од 18.000 денари.  Вработените во образованието денеска се во образовните установи, но седат во една просторија и штрајкуваат.  Сепак, во градинките децата кои […]