(Видео) Паника во Њујорк – граѓани бегаа по „Тајмс сквер“


 

Групи преплашени туристи и граѓани на Њујорк бегаа по „Тајмс сквер“ откако поради по три пожари во шахтите се случија силни експлозии.

Причината за експлозиите на шахтите не е позната, но во 43 Западна улица надлежните по експлозиите открија зголемено ниво на јаглерод моноксид.

Нема повредени. Експлозиите го потресоа и онака нервозниот град во кој криминалот порасна од почетокот на пандемијата. Стапката на криминал порасна за 44,13 отсто во целиот град во однос на ова време од минатата година, со рас на жртви од пукање за 14,5 отсто.