Во Германија завршува рокот на употреба на над 10 милиони дози вакцини против коронавирус


Германската агенција ДПА јави дека рокот на употреба на повеќе од десет милиони дози вакцини ќе истече до крајот на јуни, а до крајот на третиот квартал оваа бројка ќе достигне 50 милиони. Германија нарача 677 милиони дози вакцина за периодот 2021-2023 година, вклучително и повеќе од 375 милиони вакцини на БиоНТек /Фајзер. Германското Министерство […]

Турција најави специјална авиокомпанија за руски туристи


 Турските власти планираат да создадат посебна авиокомпанија за превоз на руски туристи до турските одморалишта, јавува турските медиуми, откако Европската агенција за безбедност на воздухот ги суспендираше сите руски авиокомпании. Ескалацијата на судирот меѓу Русија и Украина доведе до проблеми во туристичкиот сектор во Турција, бидејќи и двата пазари се многу важни за бизнисот, пишува […]

Две жртви и 10 ранети при пукање во ноќен клуб во Сидар Рапидс, во САД


При пукање во преполн ноќен клуб во Сидар Рапидс во американската држава Ајова, две лица загинаа, а 10 се ранети, соопштија локалните власти. Шефот на полицијата во градот, Вејн Џерман изјави дека според истражителите, двајца мажи пукале од автоматско оружје во ноќен клуб околу 1.30 часот по локално време. Како што тој појасни, полицајците, кои […]

Најмногу дожд во Берово, во Штип ветер со брзина до 50 километри на час


Во Маврови Анови изутрина се измерени – 4 степени,  а во Претор и Крушево -1, додека во останатите делови од државава утринските темрепатур се над нулата. Ва изминатите 24 часа до 8 часот  во Берово наврнале 20 литри дожд на метар квадратен, 16 во Крива Паланка и Виница, 15 во Маврови Анови и Пожаране, 14 […]

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за поголема помош за Украина


Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ денеска во Луксембург разговараат за дополнителни опции за поддршка за Украина. На маса, меѓу другото, е и предлогот на еврокомесарот за надворешни работи Жозеп Борел да се обезбедат дополнителни 500 милиони евра за испорака на оружје и друга воена опрема. Веројатно на состанокот ќе се зборува за […]

Едно лице загина, а 17.000 ги напуштиле домовите по налетот на тропската бура Меги на Филипини


Најмалку едно лице загина, а повеќе од 17.000 мораа да ги напуштат своите домови поради поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од првата тропска бура на Филипините оваа година. Тропската бура Меги, локално наречена Агатон, во неделата го погоди источниот брег на земјата, а обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во погодените области. […]

Маск нема да биде дел од бордот директори на „Твитер“


САД– Илон Маск нема да му се приклучи на одборот директори на „Твитер“, изјави синоќа главниот извршен директор на социјалната мрежа, Параг Агравал. „Илон одлучи да не му се приклучи на нашиот одбор. Именувањето во одборот требаше да стане официјално на 9 април, но Илон истото утро сподели дека не сака да му се приклучи […]

Вил Смит го задржа Оскарот, ама десет години не смее да стапне на „Оскарите“


САД– Вил Смит го задржа годинава освоениот Оскар за улогата во „Кралот Ричард“ ама забрането му е присуство на Оскарите и другите настани организирани од Академијата за филмски уметности и науки една деценија. Ѕвездата на Кралот Ричард, кој ја освои својата прва златна статуа на доделувањето на наградите на 27 март, пред една недела превентивно […]

„Денови на македонска музика “ со оркестарот на Филхармонија


Овој четврток, во 20 часот ќе се одржи концерт во рамки на програмата на фестивалот „Денови на македонска музика“. Диригент е Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат  Билјана Камчева-флејта, Лазар Соколов- кларинет, Огненка Герасимовска-Димитровска – пијано и Горан Начевски – баритон. На програмата се Концертот за флејта, кларинет и оркестар од Љубомир Бранѓолица кој ќе доживее премиерна изведба, Концертот за пијано и […]

Предавање во МСУ на професор Владимир Јанковиќ од Универзитетот во Манчестер


Во рамки на Интердисциплинарната програма „Без/редие во светот на уметноста“, вечерва, во 19 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје, со физичко присуство предавање ќе одржи Владимир Јанковиќ, професор по Хуманистички науки на Универзитетот во Манчестер, Велика Британија. Предавањето насловено како „Синтетички неба: спектакл, опскурност и естетското постоење на трагите“ ги проучува кондензирачките линии на небото направени од авионите, кои предизвикуваат еколошка контроверзност и внимание кај јавноста. И покрај тоа што овие појави се објаснети како најголеми човечки артефакти со значително влијание врз животната средина и атмосферата на Земјата, тие немаат негативна конотација, како другите еколошки девастирачки процеси: климатските промени, излевањето на нафтата, растот на температурите и пожарите и токсичниот отпад. Предавањето ќе ги проследи овие артефициални траги на небото, како естетски и еколошки показатели, кои нудат сознанија за влијанијата врз атмосферата и животната средина. Во оваа насока ќе се проследат бројни уметнички дела, кои ги интерпретираат овие појави, тргнувајќи од нивното прозаично постоење, како предмет на уметничко и естетско вреднување, се до естетизацијата на насилството врз животната средина, како процес во културата. https://www.youtube.com/watch?v=07MUHdwVGqE Владимир Јанковиќ е професор по Хуманистички науки на Универзитетот во Манчестер, Велика Британија. Тој е ко-основач на Центарот за кризни студии на Универзитетот. Застапен е со бројни публикации, кои се однесуваат на историјата на атмосферските науки, урбаната климатологија и атмосферската естетика како што се следниве изданијата „Читајќи го Небото“ (2001), „Соочување со Климата“ […]

Најстариот син на Дејвид Бекам се ожени за милијардерка-наследничка


Бруклин Бекам (23), кој е најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, се ожени со милијардерката- наследничка Никол Пелц (27), на тревник покрај океан на семејниот имот вреден 76 милиони фунти во Палм Бич, Флорида.   Се проценува дека раскошната церемонија чинела околу 3 милиони фунти.   За време на прославата во петокот вечерта, Дејвид […]

Анкета на Ипсос: Во вториот круг Макрон би добил 54 наспроти 46 отсто гласови за Марин Ле Пен


Франција–  Според првичната анкета објавена од Ипсос Сопра Стериа за Франс телевизион, Радио Франс, Франс 24, РФИ-МЦД, Публик Сенат-ЛЦП Асачбле насионал и Паризиен журдуи, во вториот круг Емануел Макрон би добил 54, наспроти 46 отсто од гласовите за Марин Ле Пен, јави дописникот на МИА. Анкетата е спроведена синоќча со репрезентативен, но ограничен примерок од 1.172 лица. Претседателот во заминување […]

СКСМ: Измени на Законот за работни односи преку јавна расправа, а не по скратена постапка


Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) достави барање до претседателот на Собранието Талат Џафери, законодавниот дом да не ги усвои предложените измени и дополнувања на Законот за работни односи, а во иднина, како што соопшти, законите конечно да се носат низ транспарентен и инклузивен процес со вклученост на засегнатите страни. Од комората денеска инфомираа дека […]

Тајмс: Финска и Шведска најверојатно летово ќе му се приклучат на НАТО


Финска/Шведска– Лондонскиот весник „Тајмс“ објави дека Финска и Шведска се чини дека ќе се приклучат на НАТО уште ова лето, пренесе ДПА. Русија направи „голем стратешки гаф“, пишува весникот, цитирајќи американски официјални претставници. Официјалните претставници додадоа дека членството во НАТО за двете земји беше „тема на разговор и повеќекратни сесии“ за време на разговорите меѓу […]

Концерт на Женскиот хор „Про арс“ во рамки на Деновите на македонската музика


Во рамки на „Деновите на македонска музика“, професионалниот камерен хор „Про Арс“ ќе настапи со својата женска секција, претставувајќи ја македонската хорска творечка мисла како една од најекпонираните форми на музички израз на нашите автори преку избор од опусот на композитори од неколку различни творечки генерации. Овој состав на „Про Арс“ на публиката ќе ѝ […]

Без струја делови од населбите Островска, Маџир Маало и Лисиче и село Ракотинци


Заради изведување технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од скопските населби Островска, Маџир Маало и Лисиче и дел од селото Ракотинци. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе биде дел од село Ракотинци во Општина […]

Делови од Дебар Маало и Тафталиџе денеска без вода


Без вода денеска од 9 часот ќе бидат делови од скопските населби Дебар Маало и Тафталиџе. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, поради уличен дефект од Ф-80 милиметри на „Јордан Хаџи-Констатин Џинот“ бб, кај кафеаната „Кај Жабарот“, прекин во водоснабдувањето ќе корисниците од улиците „Јордан Хаџи-Константин Џинот“, „Ристо Шишков“, „Аминта […]

„Ден за високи гости“ на воената вежба „Блесок-22” на Криволак


По успешно завршеното оценување на Лесниот пешадиски баталјон во рамки на воената вежба „Блесок-22”, денеска на Армискиот полигон „Криволак“ ќе се реализира „Ден за високи гости“. Според програмата, преку изведување на вежба со боево гаѓање насловена „Засилен лесен пешадиски баталјон во напад“, ќе бидат демонстрирани ситуации и постапки со кои ќе се прикаже обученоста и […]

Процесот меѓу Скопје и Софија на ниво на размена на идеи, очекувања за конкретни резултати наскоро


Скопје и Софија продолжуваат со интензивни разговори во рамки на работните групи со цел подобрување на соработката помеѓу граѓаните и институциите на двете држави, но процесот засега е ниво на размена на идеи и сѐ уште не постои заемено прифатлив документ. Ова во интервју за МИА го потврди премиерот Димитар Ковачевски, додека во исто време […]

Почнува штрајкот на СОНК, од МОН и МТСП порачуваат дека мора да продолжи воспитно-образовната и згрижувачката дејност


Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска го почнува штрајкот во сите установи на национално ниво во дејностите детска заштита – градинки и во основните и средните училишта, со неизвршување на работните задачи на работното место, што според најавите ќе трае се додека не се изнајде соодветно прифатливо решение за двете страни. Од […]