Бензема го презема водството во трката за „Златната топка“


Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема се наоѓа  водечката позиција во борбата за Златната топка, објави „Goal“. Како што е наведено, Французинот изби пред полскиот напаѓач на Баерн, Роберт Левандовски, кој минатата година заврши на второто место, губејќи од Лионел Меси. Други кандидати за наградата се: Мохамед Салах (Ливерпул), Килијан Мбапе (ПСЖ), Лука Модриќ (Реал […]

Првпат Гази Баба субвенционира велосипеди


За прв пат на територија на општина Гази Баба се воведени субвенции за купување на велосипеди. Во тек е јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување велосипеди во 2022 година, соопштија од Општината. Општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на […]

Казнети 108 возачи за непропуштање пешаци на пешачки премин


Казнети се 108 возачи кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи, во текот на вчерашниот ден во периодот од 8 до 13 часот на територијата на Република Северна Македонија. Во рамки на спроведената засилена акциска контрола, информираат од МВР, од 108 казнети возачи, 35 се на територија […]

Мими Рајнхард, секретарката на Оскар Шиндлер, почина на 108 години


Секретарката во канцеларијата на Оскар Шиндлер, која на машина за пишување го состави списокот Евреи спасени од речиси сигурна смрт во нацистичка Германија, почина во Израел, на 108-годишна возраст. Мими Рајнхард почина во петокот, а беше погребана во неделата, во Херцлија, близу Тел Авив, потврди нејзиниот син Саша Вајтман. Таа е една од 1.200 Евреи […]

Во тропската бура на Филипините настрадаа најмалку 28 лица


Најмалку 28 лица загинаа во поплавите и свлечиштата предизвикани од тропската бура Меги во централниот и јужниот дел на Филипините, соопштија денеска властите. Најмалку 22 лица загинаа во лизгање на земјиштето во најтешко погодената провинција Лејте, а 27 се водат како исчезнати, соопштија локалните власти. Три лица ги загубија животите во провинцијата Источен Хегрос, а […]

Намален бројот на заразени, хоспитализирани и починати од Ковид-19


 Продолжува намалувањето на бројот на заразени,  хоспитализирани и починати од КОВИд-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 4 до 10 април 2022 година. Тестирани се вкупно 14.434 материјали, а регистрирани сe 1.106 нови позитивни случаи, со намалување од 31,0% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од […]

Еден загинат, неколку повредени во експлозија на двокатница во јужен Либан


 Едно лице загина, а уште неколку се повредени рано утринава во експлозија во зграда во јужен Либан, изјави претставник на либанската безбедност. Во експлозијата што се случила во градот Банафулу во близина на пристанишниот град Сидон е уништена двокатна зграда што служела како градска куќа и седиште на шиитското движење Амал. Официјален претставник на либанските […]

Главниот штаб го одобри укинувањето на маските, се чека одлука на Владата


Укинување на обврската за носење маски за време на физичката настава во средните училишта, укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа, укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица, се усвоените заклучоци кои Комисијата за заразни болести […]

Британските разузнавачи предвидуваат дека борбите во Украина ќе се интензивираат во следните две до три недели


Англија – Борбите во Украина ќе се интензивираат во следните две до три недели, предвидува британското воено разузнавање во најновиот извештај објавен утринава од британското Министерство за одбрана. Во извештајот се наведува дека Русите се фокусираат на напади врз украинските позиции во близина на источните региони Доњецк и Луганск, додавајќи дека борби се водат и околу […]

Дел од американскиот конзуларен персонал заминува од Шангај поради Ковид-19


САД– Стејт департментот синоќа им нареди на сите неопходни владини службеници да го напуштат Конзулатот во Шангај поради зголемениот број на заразени со Ковид-19 и кинеските мерки за борба против вирусот. Најконтроверзната практика во Шангај е да се одвојат децата позитивни на Ковид-19 од нивните родители. Шангај се справува со најлошата епидемија од појавата на […]

На патот Струга-Ќафасан намалување на брзината до 40 километри на час, препорачува АМСМ


На патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, на делницата од бензинска пумпа Камара – месност викана Мали Влај, на учесниците во сообраќајот им се препорачува намалување на брзината на движење до 40 километри на час поради изведување градежни работи на пат (крпење на ударни дупки). Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се […]

Голема операција на Европол против рускиот незаконски имот


Холандија – Европол заедно со земјите-членки на ЕУ, со Европравда и со Фронтекс вчера почнаа операција наречена „Оскар“, насочена кон руски поединци и компании, кон кои се воведени санкции поради  војната во Украина. – Операцијата има за цел да ги поддржи финансиските истраги во земјите-членки на ЕУ против незаконски имот во сопственост на физички и правни […]

Над 100 авиони на руските олигарси „заглавени“ во Дубаи


ОАЕ– Приватните авиони на руските олигарси кои полетаа во Дубаи за да побараат засолниште од санкциите, по руската инвазија на Украина, практично се заглавени таму, објави The Wall Street Journal. Тоа предизвика акумулација на повеќе од 100 авиони кои седат без работа на аеродромите во Дубаи од почетокот на војната. Журнал следеше сателитски снимки и […]

Конференција „Нутриформ етикетирање: Формула за одговорно информирање на потрошувачите“


Конференција на тема „Нутриформ етикетирање: Формула за одговорно информирање на потрошувачите“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Едукативниот центар М6, во соработка со Италијанската амбасада во Северна Македонија и Италијанската трговска агенција Скопје (ИТА). Нутриформ е метод за етикетирање кој дава информации за хранливата вредност на храната. Тоа е италијански модел, а има […]

Путин и Лукашенко денеска ќе се сретнат во руското вселенско пристаниште Восточни 


Русија – Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе се сретне со белорускиот диктатор Александар Лукашенко. Според Скај њуз, тие ќе разговараат за ситуацијата во Украина и санкциите што Западот ги воведе кон Русија и Белорусија. Десетици илјади руски војници кои ја нападнаа Украина влегоа во земјата од Белорусија. Лукашенко тврди дека Белорусија мора да биде […]

Изложба на фотографии од осум македонски реномирани фотографи


Во галеријата „Рудиќ“, вечер со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи изложба на 30 фотографии од осум македонски реномирани фотографи. Станува збор за фотографите Дејан Гилевски, Раде Луковиќ, Зоран Вељановски – Летра, Кирил Штрков, Владимир Арсовски, Цветан Гавровски, Дејан Колевски и Боро Рудиќ. Секој автор ќе се претстави со колекција од по четири фотографии, […]

Пендаровски во дводневна официјална посета на Црна Гора


Црна Гора– Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Црна Гора. – Во Подгорица, денеска, претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, пленарен состанок на делегациите на Република Северна […]

Продолжува штрајкот во училиштата и градинките, СОНК и Владата со нова средба во обид за договор


Во основните и средните училишта и во градинките денеска ќе продолжи штрајкот на вработените кој почна вчера организиран од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за зголемување на платите во дејностите образование и детска заштита. За да се најде решение, најавена е нова средба меѓу синдикатот и владини претставници која веројатно ќе се одржи […]

Позитивни 2,4 од тестираните, оваа недела се очекува дополнително олабавување на Ковид-мерките


Од вкупниот број тестирања во текот на вчерашниот ден, позитивни се околу 2,4 проценти од новите случаи или 23 новозаболени на 953 тестирања, од кои еден е случај на реинфекција. Најголем број новозаболени има во Скопје – 19, како и најмногу активни случаи – 621. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во текот на […]

Бербок: ЕУ до јули треба да ги почне преговорите со Скопје и Тирана


Луксембург – Северна Македонија и Албанија треба да ги започнат преговорите за членство во ЕУ во првата половина на 2022 година, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. – Земјите како Украина, како и други држави, одамна ја гледаат својата иднина во ЕУ. Не само што нема да ги разочараме овие земји, туку ќе го […]