Изложба на фотографии од осум македонски реномирани фотографи


Во галеријата „Рудиќ“, вечер со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи изложба на 30 фотографии од осум македонски реномирани фотографи.

Станува збор за фотографите Дејан Гилевски, Раде Луковиќ, Зоран Вељановски – Летра, Кирил Штрков, Владимир Арсовски, Цветан Гавровски, Дејан Колевски и Боро Рудиќ.

Секој автор ќе се претстави со колекција од по четири фотографии, кои ќе бидат достапни за продажба, а на еден од посетителите ќе му биде подарена фотографија по негов избор.