Казнети 108 возачи за непропуштање пешаци на пешачки премин


Фото: Б. Грданоски

Казнети се 108 возачи кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи, во текот на вчерашниот ден во периодот од 8 до 13 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Во рамки на спроведената засилена акциска контрола, информираат од МВР, од 108 казнети возачи, 35 се на територија на СВР Тетово, 28 на територија на СВР Скопје…

Од МВР апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. До пешаците со апел да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.