Главниот штаб го одобри укинувањето на маските, се чека одлука на Владата


Фото: Б. Грданоски
Укинување на обврската за носење маски за време на физичката настава во средните училишта, укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа, укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица, се усвоените заклучоци кои Комисијата за заразни болести ги достави до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ).
 
Како што информира владината прес-служба, на петта седница на Главниот координативен кризен штаб беа усвоени повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести.
 
Заклучоците ќе бидат доставени до Владата, која за нив ќе одлучува на следната владина седница.