Ковачевски преноќил на Инфективна поради можно труење со храна


Премиерот Димитар Ковачевски синоќа бил примен на Инфективната клиника поради болки во стомакот. -Да, имаше премиерот здравствен преглед. Беше на Инфективната клиника поради одредени проблеми, кои што се најверојатно поради труење со храна, информира вечерва министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисијата „Топ тема“. Според него, во моментов Ковачевски е дома и е во […]

Украина ја одби посетата на германскиот претседател Штајнмаер


  Украинските лидери упатија остра порака до германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер: Не си добредојден овде. Штајнмаер, кој се смета за симбол на меката линија на Германија кон Москва пред инвазијата на Украина, во вторникот рече дека имал намера да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев заедно со претседателите на Полска и трите […]

Објектот на Велешкиот театар конечно доби технички прием


Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, конечно доби технички прием, откако седум години на сцената се играа претстави без употребна дозвола за објектот. Извршен е упис во јавната книга на недвижности, откако последните осум месеци се работеше на остранување на сите констатирани недостатоци. Објектот седум години беше без технички прием. По пожарот на монтажната болница […]

Ѓоковиќ елиминиран на стартот во Монте Карло – изгуби од 46. тенисер на светот


Монако- Српскиот тенисер и прв светски рекет Новак Ѓоковиќ е поразен од Шпанецот Алехандро Давидович-Фокина (46. на АТП листата) во мечот од второто коло на турнирот од серијата Мастерс во Монте Карло (Монако). Средбата траеше 2 часа и 56 минути и заврши со резултат 3:6, 7:6 (7:5) и 1:6. Шпанскиот тенисер го одигра својот 14.натпревар […]

Меѓународна потерница за Анџело Ѓорѓиевски, првоосомничен за убиството на ракометарот Денис Тот


Министерството за внатрешни работи објави меѓународна потерница по лицето Анџело Ѓорѓиевски, роден на 13 јануари 1994 година во Скопје, каде и живее на улица „9“ бр.5, во село Волково. Тој се бара по Наредба  КО. бр. 1211/22 од 12.04.2022 год. на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“ по чл. 123 од […]

Од утре веќе не е потребен Ковид сертификат за влез во Бугарија од Македонија 


Бугарија – Од утре, лицата кои пристигнуваат од Република Северна Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет при влез во Бугарија веќе не се обврзани да поседуваат дигитален Ковид сертификат. Одлуката ја донесе бугарската министерка за здравство проф. Асена Шербезова, со наредба издадена денеска. Наредбата, исто така, наведува дека трупите на […]

Бизнисот порачува дека не е време за стратегии, туку за мерки за да се преживее


  Стопанственците во земјава укажуваат дека драстичниот раст на цените и нивниот недостиг, вклучително и цените на енергенсите, како и руско-украинскиот конфликт што дојде во продолжение на Ковид кризата, предизвика неизвесност и непредвидливост и се заканува со нарушување на ликвидноста на компаниите, па и нивно затворање и отпуштања на вработените. Ова е, најопшто, една од […]

Кривичниот совет го потврди притворот на Зеќири


Кривичниот совет го потврди решението на судијата на претходна постапка со што поранешениот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири останува во притвор во Истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. – Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по жалба на одбраната на осомничениот М.З. во однос на решението на судија на претходна постапка, […]

Бремената Ријана позираше за „Вог“- во тантела, без ништо, само со скапоцен ѓердан


САД- Поминаа речиси три месеци откако Ријана првпат ја откри својата бременост за време на познатата прошетка во Њујорк, а во јануари малку знаевме колку трендовски изгледи  за трудници може да износи поп-ѕвездата и милијардерка во наредните месеци. Кога се шпекулира дека датумот на породување на Ријана е наблизу, пејачката ја одбележа нејзината прва бременост […]

Русија добива оружје од Ирак за да војува во Украина


  Русија добива муниција и воен хардвер од Ирак за нејзините воена кампања во Украина со помош на иранските мрежи за шверц на оружје, според членовите на ирачките милиции поддржани од Иран и регионалните разузнавачки служби со познавање на процесот, пишува британски „Гардијан“. РПГ и противтенковски ракети, како и бразилски дизајнирани системи за ракетни фрлачи, […]

Најмалку 13 лица се повредени во инцидентот на метро-станицата во Бруклин


Претставник на Противпожарната служба на Њујорк за Си-Ен-Ен изјавил дека 13 лица се пренесени во болница после пукањето на метро-станицата во Бруклин, Њујорк. Агенцијата ДПА, повикувајќи се на полициски извори, пренесе дека вооружен маж со гас-маска и портокалов елек каков што користат градежни работници фрлил димна бомба во возот во њујоршкиот кварт Бруклин, а потоа отворил оган врз патниците, […]

Продолжен рокот за ограничување на извозот на пченица, јачмен, луцерка…


На денешната седница Владата го продолжи рокот на примена на ограничување за извоз на одделни стоки, до 15 мај 2022 година. Продолжувањето на рокот за ограничување на извозот се однесува на пченица и наполица; јачмен; пченка; брашно од пченица и наполица; семе од сончоглед, вклучувајќи кршено или дробено; масла од семе од сончоглед, шафраника или […]

Генчовска ја исправа Бербок: Позицијата на Софија е непроменета


  Откако вчера германската министерка за надворешни работи изјави дека ЕУ мора во првата половина од годината да ги почне преговорите со Македонија и Албанија, особено поради ситуацијата во Украина, бугарското министерство за надворешни работи неколку часа подоцна ја дообјаснуваше позицијата на Софија. Аналена Бербок во Луксембург, каде што се состанаа министрите за надворешни работи […]

Укината царината за увоз на сончогледово масло за јадење


Владата денеска ја укина увозната давачка – царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење, како дополнителен стимул за одржување на снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените. Одлуиката е донесена на предлог на Министерство за економија.  Со оваа мерка се овозможува увоз на сончогледово масло од други земји за кои нема […]

Финансиска инспекција ќе контролира како се трошат буџетските пари


Владата на денешната 37. седница го утврди текстот на Предлог-законот за финансиската инспекција во јавниот сектор. Како што информираат од владината прес-служба, законот е предлог на Министерството за финансии. Целта на законот е заштитата на јавните финансиски интереси во финансиското управување со средствата на државниот буџет, буџетите на единиците на локалната самоуправа и средствата од […]

СТО ја намали прогнозата за раст на светската трговија за 2022 година


Војната во Украина ќе ја погоди глобалната трговска размена оваа година, предупреди Светската трговска организација (СТО), намалувајќи ја прогнозата за раст и предупредувајќи дека последиците ќе ги почувствуваат луѓето ширум светот преку повисоките цени на храната и енергијата. Светската економија годинава ќе порасне за 2,8 отсто, предвидува СТО, намалувајќи ја сегашната прогноза за 1,3 процентни […]

Иницијатива за приклучување на Параолимпискиот комитет кон регионалната кошаркарска лига „NLB WHEEL”


Денеска во Скопје, на иницијатива на Амбасадата на Република Словенија во РС Македонија и НЛБ Банка се организираше средба помеѓу претставници на словенечкото Здружение на параплегичари, Параолимпискиот комитет на РС Македонија и регионалната кошаркарска лига во инвалидска количка „NLB Wheel”. Средбата ја отворија Амбасадорот на Република Словенија, Милан Предан и Претседателот на УО на НЛБ […]

Судењето за „Плацеви на Водно“ дојде до крајот – обвинителката бара максимална казна за Груевски


  Еден од најинтригантни случаи поврзани со корупција во кои е вмешан поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се движи кон самиот крај, барем во својата првостепена постапка. Обвинителката Лиле Стефанова денеска во своите завршни зборови побара максимална затворска казна за Груевски, конфискација на земјиштето на Водно и во Крушево, на двата стана […]

Во метрото во Бруклин застрелани повеќе луѓе: Најдени експлозивни направи


  Дури 13 луше се пренесени во болница по пукање во метро-станица во Бруклин, Њујорк, потврдено е за Си-ен-ен. Засега не се знае тежината на нивните повреди. Полицајците околу 8.30 часот по локално време повикани се во станицата на метрото на 36 улица на линиите Де, Ен и Ар, кои поминуваат низ населбата Сансет Парк, […]

Путин: Инвазијата на Украина има „благородни цели“


  Рускиот лидер Владимир Путин изјави дека неговата инвазија на Украина ќе ги постигне, како што рече, нејзините „благородни“ цели. Зборувајќи заедно со белорускиот лидер Александар Лукашенко, Путин тврдеше дека судирот со Украина станал „неизбежен“. Путин рече дека не му останал друг избор освен да ја започне инвазијата во обид да го заштити Донбас, како […]