Продолжен рокот за ограничување на извозот на пченица, јачмен, луцерка…


На денешната седница Владата го продолжи рокот на примена на ограничување за извоз на одделни стоки, до 15 мај 2022 година.
Продолжувањето на рокот за ограничување на извозот се однесува на пченица и наполица; јачмен; пченка; брашно од пченица и наполица; семе од сончоглед, вклучувајќи кршено или дробено; масла од семе од сончоглед, шафраника или памуково семе, како и извоз на луцерка.
Потребата за продолжување на рокот за извоз на овие стоки до 15 мај 2022 година е да се елиминира можноста на снабдувањето поради недостаток на стоки неопходни за преработка и производство основни прехранбени продукти за граѓаните до новата домашна реколта, соопшти Владата.