Протест на семејството и блиските на загината Викторија Николова против пресудата за сообраќајката кај „Сити Мол”


Членови на семејството на Викторија Николова, младата девојка која во јануари годинава загина во сообраќајната несреќа кај „Сити мол”, денеска организраа протест пред Кривичниот суд – Скопје против судската одлука во која возачот Јордан Ѓорѓиев, беше осуден на казна затвор од три години. Дел од овој протест беа и пријатели и другари на загинатата Викторија, […]

„Треска“ во пламен, сомневањата до небо


Гори поранешната фабрика „Треска“ беше вест на денот вчера. Пожарот беше голем, се изгаси за два часа, а најдобрата вест беше што нема повредени. Сепак, огромен црн чад се издигна од центарот на Скопје. Жители кои живеат во близина кажуваат дека погонот што гореше се користел за боење и лакирање, што значи штетни материи се […]

БЕГ, Скопје Север и ЕСМ-Енергетика ќе продолжат да испорачуваат топлинска енергија и во следните денови кога се очекува пад на температурите


Топлинска енергија ќе продолжи да се испорачува за граѓаните на Скопје и по завршувањето на грејната сезона, 15 април, соопштија од ЕСМ. „Со оглед на временската прогноза која најавува пониски температури за недела, понеделник и вторник, трите компании кои го обезбедуваат парното греење во Скопје,  БЕГ, Скопје Север и ЕСМ-Енергетика, ќе продолжат да испорачуваат топлина, […]

Ангелов: Очекуваме пожари и летово, на располагање годинава ќе имаме и хеликоптер на МВР


Со оглед што и ова лето нема многу врнежи очекуваме повторно да има пожари, се надевам не во обем како минатата година, но градоначалниците треба да бидат подготвени самите да се справат, барем со почетниот удар кога ќе се појави пожар, веднаш потоа да бараат поддршка од соседните општини, а понатаму доколку тоа не е […]

Распишан конкурс за наградите на МАИ за најдобри достигнувања во издаваштвото во периодот меѓу двата саема на книга


Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) за време на Саемот на книгата, што ќе се одржи од 3 до 9 мај, ќе додели признанија за најдобрите изданија, автори и издавачки проекти кои го одбележаа периодот од ланскиот до овогодишниот саем. МАИ ги кани сите издавачи од нашата земја да ги испратат своите најдобри проекти и да […]

Бугарија го отфрлила македонскиот предлог, ќе даде свој


Бугарија ја информирала Република Северна Македонија дека предлозите за постигнување договор не се прифатливи и дека разговорите продолжуваат, порачале од бугарското Министерство за надворешни работи по тврдењето на министерот Бујар Османи дека има документ кој што е одобрен од македонска страна и дека се чека одговор од властите во Софија. „Меѓу министерствата за надворешни работи […]

Од недела пообилни врнежи, засилен ветер и заладување


Под влијание на влажна и студена воздушна маса в недела и понеделник времето во земјава ќе биде облачно, ветровито и значително постудено, со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи од над 20 литри на квадратен метар ќе има в недела, особено во јужните и источните делови […]

Македонија протера уште шест руски дипломати, остана ли некој во амбасадата?


  Македонија протера уште шест дипломати од руската амбасада во земјава, кои се прогласени како персона нон грата.Министерството за надворешни работи (МНР) информацијата ја сподели откако денеска бил повикан рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин, кому му врачиле дипломатска нота со која дипломатите се посочени како непожелни во државата. „Врз основа на информациите добиени од […]

Петков се брани: Не сум потпишал документ за Македонија


  Секогаш сме се придржувале до коалицискиот договор и постојната рамковна позиција за Република Северна Македонија. Не сум потпишал документ од бугарска страна, порача за бугарската јавност денес премиерот Кирил Петков, пред најавената утрешна посета на Македонија. „Ќе ја покажам силната задача на бугарската влада да ја поддржи бугарската заедница во Македонија. Верувам дека во […]

Потопениот брод „Москва“ беше изграден во Украина


  Според веб-страницата на руското Министерство за одбрана, ракетниот крстосувач „Москва“, кој потона вчера во немирното Црно Море, биеше пуштен в море во 1976 година во бродоградилиштето во украинскиот град Миколаев и првично бил наречен „Слава“. Седум години подоцна, бродот беше вклучен во флотата. Тој стана водечки брод на советскиот проект за ракетни крстосувачи, чија […]

Азески: Најголем ризик во моментот е да не се презема никаков ризик


Најголем ризик во моментот е да не се презема никаков ризик во свет што се менува со огромна брзина. Единствена стратегија што е гаранција за неуспех, е воопшто да не се ризикува, порача денеска претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески. Како што истакна Азески, Стопанската комора цени дека би било добро Владата […]

Денеска завршува грејната сезона


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информира дека денеска завршува редовната грејна сезона, како и дека доколку има поладни денови до крајот на месецов на дневно ниво ќе се одлучува дали ќе има греење и тоа врз основа на прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи. -Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) […]

Светскиот производител на бакар Кочилко очекува повисоки цени во 2022 година


Чилеанската комисија за бакар (Кочилко) ја зголеми својата проценка за цената на бакарот оваа година за 11,4 отсто поради недостигот предизвикан од војната во Украина. Кочилко сега очекува една фунта (половина килограм) бакар да чини 4,4 долари оваа година. „Прогнозата е зголемена поради економските фактори доминирани од контекстот на опаѓање на залихите на пазарите за […]

Емисионите вредности на Макстил се до четири пати пониски од дозволените гранични вредности


Емисиите на цврсти честички на двете мерни точки во производните погони на Макстил се до 4 пати пониски од дозволените гранични вредности пропишани според Министерството за животна средина и просторно планирање, покажуваат редовните мерења што се прават во компанијата. На емисиона точка Оџак од филтер постројка, каде дозволената гранична вредност е 20 mg/Nm3 во првите […]

Нина Ангеловска реизбрана за претседател на Асоцијацијата за е-трговија


Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) во онлајн-формат одржа Годишно собрание на кое Нина Ангеловска е повторно избрана за нејзин претседател и воедно член на Управниот одбор. Во поздравниот говор Ангеловска истакна дека Асоцијацијата за е-трговија работи речиси пет години со заложби за забрзување на развојот на е-трговијата и трансформацијата кон дигитално општество. -АЕТМ има […]

Ангеловска-Бежоска: Основната камата е сѐ уште под нивото од почетокот на пандемијата


Одлуката на Народната банка да ја зголеми основната камата за 0,25 процентни поени е донесена како превентивна реакција на нагорното поместување на инфлациските очекувања. Засега нема поизразени ценовни притисоци од страна на побарувачката, за којашто впрочем има и надолни ризици како резултат на војната во Украина. И со корекцијата, основната камата останува на едно од […]

Хари и Меган ја посетија кралицата Елизабета


Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл вчера се сретнале со кралицата Елизабета Втора, потврди неговиот гласноговорник, откако весникот „Сан“ извести за посетата. Според наводите, двојката попатно застанала во Обединетото Кралство пред да отпатуваат кон Хаг, Холандија, каде што ќе присуствуваат на „Инвиктус“ игрите. Се додава и дека Хари претходно изјавил дека се надева […]

ФИТР ја доби водечката улога во новиот европски проект „Policy Answers“


Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) jа доби водечката улога во пилотирање на мерки за поддршка за истражување, развој и иновации во сите економии од Западен Балкан, во рамки на новиот европски проект „Policy Answers“, финансиран од програмата Хоризонт Европа на Европската Комисија со буџет од пет милиони евра. Проектот, како што посочуваат од […]

Косовската полиција нападната со рачна бомба и калашников близу границата со Србија


Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља информира дека две возила на косовската полиција, кои превезувале полициски службеници на граничните премини со Србија во северно Косово, се нападнати утрово со огнено оружје, јави дописникот на МИА од Приштина. На вонредна прес – конференција претпладнево, Свечља рече дека нападот, кој го оквалификува како терористички, бил […]

Кина сака мирно обединување со Тајван


Кинеските власти имаат намера со сите средства да обезбедат единство меѓу Кина и Тајван, и покрај изјавите на САД, денеска изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијанг. -Прашањето на Тајван е прашање број еден во внатрешната политика на нашата земја. Кина треба и задолжително ќе биде обединета, ние сме подготвени да преземеме […]