Во Бугарија „мириса“ на нови избори


  Во Бугарија мириса на нови избори. Владејачката коалиција секојдневно продуцира скандали и црвени линии: Демократска Бугарија (ДБ) инсистира да се испраќа оружје во Украина, но  Бугарската социјалистичка партија (БСП) одлучи да ги следи руските злосторства од позиција на морална неутралност. Има таков народ (ИТН) продолжува со својата серија предлози без консултации со коалициските партнери […]

„Фанк шуи“ со концерти во Англија


Македонскиот бенд „Фанк шуи“ оваа пролет ќе имаат свое гостување во Англија. Како што најавија од бендот, на 29 април ќе одржат концерт во Лондон, а ден потоа ќе гостуваат на „Sound City“ фестивал во Ливерпул.     „Фанк шуи“ ја започнаа 2022 година со онлајн претставување на најголемиот и најпрестижен „шоукејс“ фестивал во Европа – „Eurosonic“ […]

Кривичен суд – Скопје: Пресудата за сообраќајката кај „Сити мол” заснована врз постоечките законски одредби


Претседателот на судечкиот совет во случајот за сообраќајната несреќа кај „Сити мол”, при одмерување на казната се водел исклучиво од постоечките законски одредби кои ги регулираат овие кривични дела, сите отежителни околности поврзани со загубата на млад живот, зачестеноста на конкретните кривични дела како и репресивното и превентивното влијание на пресудата, велат од Основниот Кривичен […]

Ученици од четири земји учат како да препознаат лажни вести и дезинформации


ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром, оваа недела од 11-15.04.2022 година е домаќин на краткорочна размена на ученици во рамките на Еразмус + проектот „Млади новинари денес-одговорни дигитални граѓани утре“ во кој учестуваат три останати партнер училишта од Хрватска, Србија и Романија. Манифестацијата беше отворена со пригодна приредба изведена од нашите ученици на која беше прикажана […]

Омбудсманот бара продолжување на рокот на Законот за неевидентираните лица


  Законот за неевидентирани лица во матична книга на родените е со важност до јуни 2022 година, а во пракса повеќе од половина од вкупно идентификуваните 732 лица, според најнов податок од Управата за водење на матични книги, не иницирале постапка за упис во Посебната матична книга на родените. Од друга страна пак, лицата кои […]

На 18 април експертски панел на Сеавус за Автоматизирано тестирање


Меѓународната компанија за развој на софтвер Сеавус, дел од групацијата Арикома, го најави хибридниот настан во вид на експертски панел, што ќе се одржи на 18-ти април во кафулето Јавна соба (Public Room), со почеток во 17.30 часот. Настанот ќе биде пренесуван и онлајн, а ќе биде посветен на Автоматизирано Тестирање. Експертите на Сеавус за […]

Украински власти тврдат дека руските сили пукале во автобуси со цивили


Украинските власти денеска соопштија дека седум лица загинале, а 27 се повредени кога руските сили отвориле оган врз автобуси со цивили во украинското село Бороваја, во близина на Харков. Како што пренесе Бета, регионалното обвинителство соопшти дека украинските безбедносни агенции работат на утврдување на околностите на нападот. Инспекторите, исто така, ги утврдуваат маршрутите и дестинацијата на возилата […]

Рочиште за оштетното побарување на Oрце Камчев од Бојан Јовановски и Катица Јанева


Во Основниот граѓански суд – Скопје денеска се одржа рочиште за тужбата за оштетното побарување на бизнисменот Орце Камчев од обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева во случајот „Рекет“. На денешното рочиште, тужителот Камчев ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец, кој, покрај Јовановски и Јанева, беше еден од тужените од кои Камчев претходно бараше да […]

Протестираат производителите на зелка од Струмичко, Николовски вели пласман има, протестот е насочен кон цената и трговците


Производители на пролетна зелка денеска со протест со трактори по улиците на градот и со едночасовна блокада на крстосницата кај ТЦ „Глобал“ го искажаа своето незадоволство од ниските откупни цени. Тие бараат зелката да не се откупува под 30 денари за килограм и побараа итна средба со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и Инспекторатот за […]

Мултиплата склероза ја предизвикува вирус што го имаат повеќето луѓе


  Речиси три милиони луѓе во светот боледуваат од мултипла склероза (МС), а научниците открија дека оваа болест најверојатно ја предизвикува вирус со кој повеќето од нас се заразуваме со него во текот на животот. Нашиот мозок е како оркестар од електрични активности. Милијарди поединечни нервни клетки, неврони, праќаат прецизни електрични сигнали. Кога тие ќе […]

Путин го свика Советот за безбедност


 Рускиот претседател Владимир Путин денеска одржа оперативен состанок со членовите на Советот за безбедност на Русија, информираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Само што се одржа оперативен состанок со постојаните членови на Советот за безбедност на Русија. Покрај итните актуелни прашања, се разгледуваше и концептот на руската хуманитарна политика, истакна Песков. Тој нагласи дека […]

Инфлацијата во Хрватска највисока во последните 14 години


Цените на стоките и услугите за лична потрошувачка мерени со индексот на потрошувачките цени во Хрватска во март се зголемија во просек за 7,3 отсто во споредба со истиот месец минатата година, што е највисока инфлација од 2008 година, соопшти Централното биро за статистика. Споредбено со февруари потрошувачките цени во Хрватска се во просек повисоки […]

Двата милиона литри српски зејтин се за потребите од еден месец, можна е одлука за увоз на дополнителни количини


Од утре увозниците ќе можат да набавуваат зејтин од Србија. Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, донесена е одлуката од српска за извоз на два милиона литри, но таа се однесува за количините кои според направените проценки, ќе бидат доволни за еден месец. Можно е, како што објасни министерот, […]

Се разгледува можноста во државните резерви да „влезе“ и оризот


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вели дека државните резерви не се активирани зашто, според Министерството за економија, суровини и репроматеријали има доволно. Николовски денеска, одговорајќи на новинарски прашања, рече дека се разговара за барањето и оризот да влезе во стоковните резерви. -Разговараме кои дополнителни земјоделски производи бараме да влезат, како што е […]

Судири избувнаа на светото место во Ерусалим, повредени 152 Палестинци


  Палестинците се судрија со израелската полиција во комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим пред зори во петокот, додека илјадници се собраа на молитва за време на светиот месец Рамазан. Лекарите соопштија дека најмалку 152 Палестинци биле ранети. Светото место, кое е свето за Евреите и муслиманите, често беше епицентар на израелско-палестинските немири, а […]

Москва бара помош од Бразил да не биде исфрлена од Г20


  Рускиот министер за финансии Антон Силуанов апелираше до бразилскиот министер за економија Пауло Гуедес со барање да ја поддржи Русија во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка и Г20 (Г20). За ова пишува Ројтерс повикувајќи се на писмото на Силуанов. „Зад сцената, се работи во ММФ и Светската банка за ограничување или дури исклучување […]

Ковид во Кина: Судири во Шангај поради присилното иселување


  Се појави видео од судири меѓу полицијата и луѓето кои беа принудени да ги напуштат своите домови во Шангај, додека градот влегува во третата недела од заклучувањето поради ковид. Некои станбени комплекси се претвораат во карантински центри. Милиони се ограничени во своите домови додека Шангај се бори со новото избувнување на вирусот. Секој што […]

(Видео) Погледнете како Украинците уништија руски тенк со моќен транспортер


Генералштабот на вооружените сили на Украина објави видео на кое уништува руски тенк. Украински оклопен транспортер уништи руски тенк, објави на Фејсбук Генералштабот на вооружените сили на Украина. Тие објавија и видео.  

Владата и СОНК го продолжуваат дијалогот за решение


Владата и претседателството на СОНК, придружено со претставници на дел од регионалните одбори на синдикатот во текот на претстојниот викенд остануваат во комуникација за да се најде взаемно прифатливо и достоинствено решение за одредено зголемување на платите во образованието и предучилишното воспитување и згрижување. На состанокот во Владата, претставена од премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик-претседател […]

Србија одобри извоз на два милиона литри зејтин за Македонија


На вчерашната седница српската Влада донесе одлука за извоз на два милиона литри масло за јадење. Одлуката е објавена денеска. Со тоа влегуваме во имплементација на договореното – да се тргне „рампата“ за основните производи, пченицата и пченката, и да почне реализацијата на договорите, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Како […]