Путин го свика Советот за безбедност


 Рускиот претседател Владимир Путин денеска одржа оперативен состанок со членовите на Советот за безбедност на Русија, информираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Само што се одржа оперативен состанок со постојаните членови на Советот за безбедност на Русија. Покрај итните актуелни прашања, се разгледуваше и концептот на руската хуманитарна политика, истакна Песков.

Тој нагласи дека претседателот кажал „неколку збора на оваа тема“.