Мултиплата склероза ја предизвикува вирус што го имаат повеќето луѓе


 

Речиси три милиони луѓе во светот боледуваат од мултипла склероза (МС), а научниците открија дека оваа болест најверојатно ја предизвикува вирус со кој повеќето од нас се заразуваме со него во текот на животот.

Нашиот мозок е како оркестар од електрични активности. Милијарди поединечни нервни клетки, неврони, праќаат прецизни електрични сигнали. Кога тие ќе се спојат, настанува симфонија на нашата свестност, мисли и емоции, пишува Би-би-си.

Мултиплата склероза го саботира целиот тој процес, односно нашиот имунолошки систем се врти против невроните и тие веќе не можат ускладено да „свират“, а резултатот може да има катастрофални последици по нашето тело.

Според неодамнешните истражувања, Епстајн-Баровиот вирус, односно вирусот на херпес, кој ја предизвикува инфективната мононуклеоза, многу веројатно е главен поттикнувач на мултипла склероза.

„Имаме многу, мнгоу јак доказ дека овој вирус веројатно предизвикува мултипла склероза“, вели неврологот Гавин Гованони од универзитетот „Квин Мери“ во Лондон.

Болест на бакнежот

Епстајн-Баровиот вирус (EBV) е толку чест што повеќето луше се заразуваат со него во текот на животот. Многумина нема ни да забележат дека се инфицирани. Болеста колоквијално се нарекува и „болест на бакнежот“ затоа што се пренесува преку плунка. Епстајн-Баровиот вирус, познат и како хуман херпесвирус 4, не е пронајден во човековата околина и не е многу заразен.

Се пренесува со телестни течности, особено преку плунка, но и преку крв и семена течност, како и преку трансплантација на органи или трансфузија на крв. Само пет отсто од болните се заразуваат сод лица со акутна инфекција. Инфекцијата во раното детство е почеста кај семејсвата од понизок социоекономски статус и во пренаселени услови за живеење.

Мононуклеозата се манифестира со умор, треска, осип и силно отечени жлезди, а истражувачите веруваат дека Епстајн-Баровиот инфекција која може да биде еден од главните причини за развој на мултипла склероза.

Детали од студијата

За да уптврдат поврзаност меѓу EBV и мултипла склероза, научниците спровеле студија на 955 млади, возрасни лица кај кои мултипла склероза е дијагностицирана додека активно служеле војска.

Анализирале примероци серум кој на војската од испитаници им се земал на секои две години и одредувале EBV статус на војниците во време на првото земање примерок, како и односот меѓу инфекцијата со EBV и појавата на мултипла склероза за време на активна воена должнсот.

Студијата се нарекува Longitudinal analysis reveals high prevalence of Epstein-Barr virus associated with multiple sclerosis покажа дека во споредба со примероци од 10 милиони воени припадници ризикот од настанување мултипла скелроза се зголемил 32 пати по заразата со Епстајн-Баровиот вирус. Научниците истакнуваат дека ни еден од останатите вируси не го зголемил ризикот од развој на МС.

„Хипотезата според која EBV влијае на развојот на мултипла склероза нашата научна група го истражува веќе неколку години, како и останатите колеги научници во светот, но ова е прва студија кој пруижа уверливи докази за причинско-последична врска“, вели Алберто Ачерио, еден од авторите на студијата, професор по епидемиологија и нутриционизам на Харвард.

„Мислев дека нема шанси EBV да може да предизвика МС“

За со сигурност да потврдиме дека овој вирус е главен предизвикувач на МС, потребно е истражување кое ќе покаже дека со спречување на инфекција со EBV, се спречува и појава на мултипла склероза.

Ако погледнеме еден неврон, еден инструмент на мозочниот оркестар, ќе видиме дека е обложен со масен слој за изолација наречен миелинска обвивка. Токму тој слој овозможува електричните сигнали да патуваат низ невроните со брзина од 100 метри во секунда. Но, кога ќе настапи EBV, имунолошкиот систем ја напажа оваа обвивка, им пречи на електричните сигнали и на крај го оштетува самиот неврон.

Зависно од тоа кој дел од мозокоот или рбетниот мозок е зафатен, мултиплата склероза може да предизвика здрвување на екстремитетите, замаглен вид, потешкотии при одење, неразбирлив говор и проблеми со памтењето.

Имунологот Бил Робинсон од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија до пред неколку години бил сомничав за теоријата дека EBV предизвикува мултипла склероза.

„Не верував во тоа. Сите имаат EBV така што мислев дека нема шанси тој да може да предизвикува МС“, вели Робинсон.

Истражување: Бе клетките и МС

Сега го променил мислењето и дури верува оти докажал на кој начин вирусот влијае на миелинската обвивка. Во студијата наречена Clonally expanded B cells in multiple sclerosis bind EBV EBNA1 and GlialCAM која е објавена во магазинот „Нејчр“, покажа дека имунолошкиот состав ги напаѓа невроните додека мисли дека се бори против EBV.

Тој и неговите колеги ги набљудувале Бе клетките, дел од имунолошкиот состав кој произведува антитела против вирусот. Тие антитела се прикачуваат за напаѓачот и на тој начин му сигнализираат на остатокот од имунолошкиот систем да го нападне.

Кај пациентите со МС забележано е дека антителата се дизајнирани да го нападнат делот од вирусот (протеинот EBNA1) кои се лепат за протеинот во човековиот мозок (GlialCAM). Се работи за случај на „погрешен идентитет“ на молекуларно ниво.

Секако, не сите кои имале мононуклеоза заболуваат од мултипла склероза. Во игра се и други фактори, како тоа дали сте од женски пол, трауми од детството, недостаок на витамин Д и слично.

Може ли да ја спречиме појавата на МС?

На научниците ќе им требаат десетлетија истражувања за да се открие вакцина која спречува настанување на мултипла склероза.

Неколку компании веќе работат на вакцина против EBV, вклучувајќи ја и „Модерна“, која користи иста технологија која ја употреби за развој на вакцината против Ковид-19. Но, ќе мора да се осигураат дека тие нема да го поттикнат имунолошкиот систем на производствто на истите лажни противтела кои ја предизвикуваат мултиплата склероза.

Се истражуваат и терапии кои целат кон Бе клетките заразени со EBV и лекови кои го напаѓаат самиот вирус. Џованони рече дека некои студии покажуваат дека лековите против ХИВ го намалуваат ризикот од добивање МС, па „постои мала можност“ антиретровирусните лекови против ХИВ да може да делуваат и на МС.

Но, и понатаму остануваат полно неодговорени прашања. Кога еднаш ќе добиете EBV, тој доживотно се наоѓа во вашето тело затоа што се задржува во Бе клетките кои ствараат антитела. Значи, прашање е е дали почетната инфекција е таа која нашиот имун систем го наведува на погрешен пат или МС ја предизвикува постојаната присутност на вирусот?