Најстудено на Попова Шапка, снег во Ѓуриште


Најстудено утрово е на Попова Шапка со -4 степени, во Маврови Анови и во Крушево се измерени -2, во Берово 1, а максимални шест степени се регистрирани во Гевгелија. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека висината на снежната покривка во 8 часот во Ѓуриште е еден сантиметар. Најмногу дожд до 8 часот изутрина наврнал […]

Актуелните правила за патување во Грција продолжени до 1 мај


До 1 мај се продолжени актуелните правила и предуслови за патување во Грција, односно и понатаму е задолжителен сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19 или негативен резултат од ПЦР/рапид тест, мерки што важат и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за […]

Силни експлозии во Лавов


  Во Лавов, Украина, утрово се слушале силни експлозии. На западот на градот, пишува Би-би-си, се слушнале најмалку пет експлозии. Не е јасно што се случило. мо на местото на експлозиите се гледа густ, црн чад. Репортерите на Би-би-си виделе проектил во лет. Околу 45 минути пред ударот се слушнале сирените за тревога. Како што […]

Раст од 4,8 отсто на кинеската економија во првиот квартал


Кина – Раст од 4,8 отсто бележи кинеската економија во првиот квартал, соопшти денеска Националното биро за статистика (НБС). Но, имаше и предупредување за претстојни „значајни предизвици“, бидејќи новиот бран на коронавирусот ја загрозува амбициозната годишна цел на Пекинг, јави АФП, пренесува БГНЕС. Втората по големина светска економија, веќе ја губеше моќта во втората половина од […]

Во Центар Жупа повторно не е избран градоначалник поради необезбеден цензус


Во општина Центар Жупа на повторените избори за градоначалник не е обезбеден потребниот цензус што значи дека не е избран градоначалник. Според првичните резултати добиени по електронски пат од општинската изборна комисија Центар Жупа, Државната изборна комисија соопшти дека од 7077 избирачи, на гласање излегле 2120, односно 29.96 отсто. Вкупно 2052 гласачки ливчиња се важечки, додека 68 […]

Борис Џонсон неделава во посета на Индија


Aнглија – Во услови на тековната руско-украинска војна, британскиот премиер Борис Џонсон ќе ја посети Индија оваа недела, соопшти индиското Министерство за надворешни работи. Министерството соопшти дека Џонсон ќе ја посети Индија на покана на индискиот премиер Нарендра Моди, а премиерите ќе одржат интензивни консултации за време на дводневната посета. „Индија и Обединетото Кралство уживаат […]

Твитер го ограничи потенцијалниот удел на Маск на 15 отсто


САД – Гигантот меѓу социјалните мрежи, „Твитер“ воведе план за ограничување на потенцијалниот удел на милијардерот претприемач Илон Маск во компанијата, откако тој даде необврзувачка понуда од 43 милијарди долари за купување на целата компанија. Одговарајќи на понудата на Маск, одборот на „Твитер“ усвои план за правата на акционерите со ограничено времетраење, наречен „отровно апче“ („poison […]

Стоилов: Со гордост го носев дресот на Македонија


Пивотот Стојанче Стоилов синоќа го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес. Тој по големата победа над Чешка и обезбедениот пласман на Мундијалот следната година, ја соопшти одлуката дека се повлекува од репрезентацијата, оставајќи простор на помладите. – Сакам да најавам крај на репрезентативната кариера. Ми беше чест и задоволство 15 години да бидам тука, со […]

Втор „Фолклорен фестивал на македонското малцинство“ во Тирана


Албанија – Во организација на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, а со поддршка на Министерството за култура на Република Албанија во Тирана се одржа вториот „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија“. Многубројната публика со посебно внимание ги проследи настапите на фолклорните група од Голо Брдо, Мала Преспа и Гора, кои настапија со традиционални македонски ора, а […]

И покрај санкциите, британски фирми со милионски договори со Русија


Англија – Стотици милиони фунти на британските даночни обврзници се во рацете на компании што продолжуваат со работа во Русија, пишува Индипендент. Владата дури потпишала милионски договори со овие компании за време на веќе започнатата војна во Украина. Велика Британија има тековни договори во вредност од околу 300 милиони фунти со 15 мултинационални компании што продолжуваат […]

Музејот на Викторија и Алберт со изложба и книга ја слави машката мода- врвниот стил низ вековите


Англија– Музејот на Викторија и Алберт во Лондон во март ја отвори својата голема изложба за машка мода, насловена „Модни мажествености: Уметноста на машката облека“, која ќе трае до 6 ноември. Сега, само неколку недели по отворањето на изложбата, лондонскиот музеј во вторник ќе го објави својот книжевен придружник, кој подлабоко се нурнува во машката […]

Се појавија првите фотографии на крстосувачот „Москва“ како гори


  На социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии од оштетениот крстосувач „Москва“ пред да потоне. Иако никаде не е потврдено дека на фотографиите е Москва, експертите велат дека нема премногу сомнежи: „Ова се чини дека е автентична фотографија од ‘Москва’ откако е погодена од украински проектил“, напиша на Твитер Роб Ли од Одделот за воени […]

Нова социјална услуга во Струмица, помош и нега во домот за лица над 65 години


На Домот за стари лица „Отворено срце“ – Струмица денеска ќе му биде доделена дозвола за вршење дејност од социјална заштита за давање на социјалната услуга помош и нега во домот. Како што информира ресорното министерство, на настанот ќе биде означен почетокот на давањето на оваа нова социјална услуга на територијата на општина Струмица. Услугата […]

Бродовите за крстарење се враќаат во Австралија


Австралија – Брод за крстарење денеска се закотви на пристаништето во Сиднеј првпат по повеќе од две години, откако беше укината забраната од 2020 година предизвикана од пандемијата на коронавирусот. „Пацифик експлорер“ направи „драматично влегување“, со голем натпис „Ние сме дома“, распослан на носот од пловилото. Маса луѓе се собраа на Сиднејскиот пристаништен мост за да […]

Дали Баленсијага е новиот Гучи? Како модната куќа стана најжешкиот луксузен бренд за 2022 година


Франција– Balenciaga имаше одлични неколку години, неодамна го надмина Гучи како луксузен бренд „it“. И двете модни куќи сега имаат широка привлечност надвор од границите на дизајнерската мода, но во 2022 година, Баленсијага беше во вестите без престан. Од нејзиното пристигнување, Баленсијага е забележана речиси на секоја славна личност од А-листата, а дури на шега […]

Од Жилиет Бинош до Шарлот Генсбург- културната елита застана зад Макрон


Франција– Повеќе од 400 француски уметници и естрадни фигури, вклучително и Жилиет Бинош и Шарлот Генсбург, потпишаа емотивен авторски текст објавен во весникот Ле Монд на 15 април за да ги повикаат луѓето да гласаат за актуелниот претседател Емануел Макрон за време на вториот круг од изборите на 24 април. Писмото е наменето за оние […]

Во мобилната телефонија 1 941 352 претплатници, 425.646 фиксни линии


Бројот на активни претплатници во мобилна телефонија  во четвртиот квартал лани изнесувал 1.941.352. Од нив резиденцијални припејд претплатници се 780.098, а постпејд 912.660, додека деловни постпејд  се 248.595, покажуваа најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна  мрежа во четвртиот квартал лани имале 1.416.911 претплатници. […]

ИКОМОС ќе го одбележи Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите


По повод  Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите – 18 Април ИКОМОС Македонија денеска организира дебата на тема „Климатските промени и културното наследство“. – Овогодинешната тема на ИКОМОС, за одбележување на овој значаен ден е „Наследството и климата“. Изборот на оваа тема претставува можност да се прикажат стратегии за промовирање на целосниот потенцијал на истражувањата […]

Вучиќ: Доколку опозицијата инсистира, ќе предложам нови градски избори во Белград


Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека доколку најголемата опозициска изборна листа во Белград (Обединети за Белград) сака да оди на предвремени градски избори, тоа ќе му го предложи на главниот одбор на Српската напредна партија (СНС), јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ на ТВ Пинк истакна дека мисли дека треба да поминат шест […]

Втора недела штрајк во училиштата и градинките


Штрајкот во училиштата и градинките низ државава на членовите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) продолжува, поради што втора работна недела нема настава и згрижување на децата. Советот на СОНК  вчера  одлучи да не го прифати предлогот на Владата за 10 проценти покачување на платите со кој би се прекинал штрајкот почнат […]