Силни експлозии во Лавов


 

Во Лавов, Украина, утрово се слушале силни експлозии. На западот на градот, пишува Би-би-си, се слушнале најмалку пет експлозии.

Не е јасно што се случило. мо на местото на експлозиите се гледа густ, црн чад. Репортерите на Би-би-си виделе проектил во лет.

Околу 45 минути пред ударот се слушнале сирените за тревога.

Како што јавуваат локалните власти, градот го погодиле најмалку четири проектили.

Подоњак го коментира нападот на Лавов

Советникот на Зеленски, Михајло Подољак, ги коментираше нападите на Лавов.

„Пет силни ракетни напади одеднаш на цивилната инфраструктура на стариот европски Лавов. Русите продолжуваат варварски напади на украинските градови од воздух, циничко прогласувајќи го на целиот свет своето „право“ да убиваат Украинци“, напиша Подољак.