Санкциониран руски милијардер се нафрли на Путин: „Војната е лудило“


  Руски банкарски милионер под западни санкции јавно ја критикуваше војната во Украина во нападот врз Путин кој ретко се гледа во руските финансиски кругови. Олег Тинков (52), кој поседува руска банка заедно со првата приватна супер јахта за кршење мраз во светот, беше санкциониран откако Путин даде наредба за инвазија на Украина. Тој се […]

Еден од командантите на проруските сепаратисти убиен во Украина


  Убиен е командантот на еден од баталјоните на проруските сепаратисти на истокот на Украина, Михаил Кишчик. Попознат под прекарот Миша Чеченецот, Кишчик загина додека руските трупи и силите на сепаратистите започнаа напад против украинската армија на истокот на земјата. Премиерот на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) Сергеј Козлов на својот профил на социјалните мрежи […]

„На сите им простив. Стравот од животот и луѓето го оставив во 40-тите“ вели Северина во пресрет на 50.роденден


Воочи 50-ти роденден регионалната поп-ѕвезда зборува за најубавата и најтешката деценија во која родила син и се борела за него како лав, и најавува автобиографија која штотуку почнала да ја пишува и открива дека нејзиниот изглед не се должи на гените, туку – посветена вежба Линк до целиот текст на Глориа.хр тука  

Руски авион морал да направи круг од 15.000 километри за да собере дипломати


  Авион испратен од Москва да ги земе протераните руски дипломати од Грција, а потоа и од Шпанија, бил принуден да направи круг од 15.000 километри поради забраната за летови од ЕУ, пишува веб-страницата за следење летови FlightRadar24. „Додека Шпанија и Грција направија еднократен исклучок за авионот да влезе во нивниот воздушен простор, летовите се […]

Најдени тројца мртви морнари на носач на авиони, закотвен во пристаништето во Вирџинија  


САД– Тројца морнари од носачот на авиони УСС „Џорџ Вашингон“ се најдени мртви за помалку од една недела, соопштија синоќа истражители од воената морнарицa на САД, јави Си-ен-ен.  Еден морнар бил најден во безсознание во петокот, додека останатите двајца биле најдени надвор од своите базни места на 9 и 10 април.  -Додека инцидентите се под истрага, […]

Американските авиокомпании ја укинуваат обврската за носење маски во авионите


САД– Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден повеќе нема да наметнува обврска за носење маски во јавниот превоз, откако федерален судија во Флорида пресуди дека директивата е нелегална, поткопувајќи ги клучните напори на Белата куќа за намалување на ширењето на Ковид-19. Сите големи авиокомпании го поздравија потегот со тоа што одлучија дека повеќе нема да […]

Априлските пензии од 26 април


Владата денеска на седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец април 2022 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 21-ви овој месец со што треба да се овозможи  пензионерите да може да […]

Магдалена Филиповска-Грашкоска в.д. директор на ФЗО, Даниела Рендевска в.д. претседател на Инспекцискиот совет


Владата на денешната 40.седница го разреши Стево Крстевски од должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, а за вршител на должноста директор на ФЗОРСМ ја именува Магдалена Филиповска – Грашкоска, која е разрешена од должноста претседател на Инспекцискиот совет. Од владината служба за информирање соопштија дека за в.д. претседател на Инспекцискиот […]

Владата бара Надзорниот одбор да го разреши Макрадули од директорската функција на АД „Пошта“


Владата на денешната седница побарала од Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Пошта“. -На денешната седница Владата одлучуваше и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор […]

Вучиќ до американските сенатори: „Отворен Балкан“ е пример за успешна регионална соработка


Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска се сретна со американските сенатори од Одборот за надворешни работи, Крис Марфи и Џин Шејхин, како и со сенаторот од Одборот за вооружени сили, Том Тилис, со кои разговараше за билатералната соработка, европската интеграција на Србија, ситуацијата во регионот, енергетиката и кризата во Украина, јави дописникот на МИА […]

Русија протерува холандски и белгиски дипломати


 Русија денеска протера 15 холандски и неодреден број белгиски дипломати, прогласувајќи ги „персона нон грата“, јави турската агенција Анадолија. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека станува збор за 14 вработени во холандската амбасада во Москва и еден вработен во холандскиот конзулат во Санкт Петербург. Дипломатите имаат рок од два дена да ја напуштат Русија. […]

МВР поднесе кривична пријава против седум лица поради бесправно градење во Свети Николе


 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против седум лица поради сомнение дека сториле кривично дело „бесправно градење“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пријава е поднесена против правно лице од Свети Николе, В.Б.(42) од Свети Николе, Д.С.(69), К.С.(40) и Ј.Т.(69), тројцата од Скопје и В.Г.(53), Д.Ј.(53) и Б.С.(65), тројцата од […]

Владата бара писмено објаснување од СОНК врз основа на кој правен акт е прекината наставата


Владата ја разгледа и усвои информацијата за состојбите во основните и средните училишта предизвикана од штрајкот на вработените, а согласно одлуката на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Притоа, Владата ги задолжи министерствата за образование и наука,  за труд и социјална политика и за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за покачување […]

Собранието усвои повеќе закони, одби два предлога на Левица


Собранието денеска донесе повеќе закони од различни области. Со 79 гласа „за“, без воздржани и без ниту еден глас против, Собранието ја донесе Предлог-одлуката за давање согласност на општиoт акт на Народниот правобранител. Собранието ги донесе и Законот за инспекциски надзор во животната средина и Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, и […]

Реакција на министерката за култура за политичките пресметки околу настанот во Битола


Министерката за култура и потпретседателка на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, излезе со реакција околу политичките пресметки поврзани со настанот што го организираа Бугарите во Битола.  -Деновиве моето име и името на мојот дедо Пецо Гудовски го изговараат оние кои, во едно не така дамнешно време, не смееја, а и не сакаа да го спомнат. Тоа […]

Нацистички војник украл часовник во 1942. Тој се појави 80 години подоцна


  По речиси 80 години, часовникот што го зел нацистички војник за време на Втората светска војна, изгубен во поле со пченка, а подоцна бил скриен во часовник на фарма во Белгија, им е вратен на внуците на неговиот производител. И сè уште функционира. Џебниот часовник е изработен во 1910 година од Алфред Оверстрајд, Евреин […]

Фронтекс: Голем раст на бројот на илегални обиди за влез во ЕУ во првиот квартал од годината


Бројот на мигранти кои илегално се обиделе да влезат во Европската унија во првите три месеци од оваа година се накачи на највисоко ниво од 2016 година, дури и кога тој број не ги вклучува бегалците кои доаѓаат од Украина, соопшти денеска Европската агенција за заштита на границите (Фронтекс).Фронтекс процени дека од јануари до март […]

Поранешен функционер на Кремљ ја убил сопругата, ќерката, а потоа и себеси


  Поранешен функционер на Кремљ и потпретседател на Гаспромбанк е пронајден мртов во неговиот елитен стан во Москва од 2,5 милиони евра од неговата 26-годишна ќерка, соопшти полицијата. Покрај телото на мултимилионерот Владислав Аваев (51) биле и телата на неговата наводно бремена сопруга Елена (47) и помладата ќерка Марија (13). Телата – сите со прострелни […]

Дичев: Бугарските политичари не знаат каде одат


Со присуството на отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола и сликањето под неговото име бугарските владини претставници јавно покажаа дека не знаат каде одат, смета професорот по културна антропологија на Софискиот универзитет, Ивајло Дичев. – Можеби не ја знаат доволно ни улогата на Ванчо Михајлов пред чие име се сликаа. Кај нас ги […]

Владата не попушта, нема договор за штрајкот во образованието


Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков потврди дека денеска разговарал телефонски со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, но немало конкретен договор што би довело до прекин на штрајкот во училиштата и градинките и нов процент на покачување на платите од веќе понудените 10 отсто. -За жал не. […]