Русија загуби и капетан на голем десантен брод


  Русија претрпе загуба на уште еден висок офицер откако капетанот на голем десантен брод на Црното Море беше убиен во војната во Украина. Капетанот Александар Чирва почина од раните здобиени во битка со украинските бранители, изјави гувернерот Михаил Развозаев. Неговата смрт е само последна во низата смртни случаи од висок профил за руската војска, […]

Дојде зејтинот од Србија, се увезува и од Русија, Украина и Бугарија


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски соопшти дека денеска се испорачани првите количини зејтин од Србија кои утре веќе треба да се најдат во маркетите.Тој уште еднаш апелира граѓаните да не се грижат и да не трупаат залихи, зашто масло, како што рече, има. Не се увезува само од Србија, туку и од […]

Укинати сите ковид сертификати за влез во Македонија


Владата на денешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19, коко и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава. За оваа одлука денеска со објава на својот фејсбук-профил информира првиот заменик на […]

По долго колебање и германски „Хенкел“ се повлече од Русија


  Германскиот производител на хемикалии за домаќинство и стоки за поправка, „Хенкел“, објави дека го прекинува својот бизнис во Русија. „Наспроти пзаднината на актуелните настани поврзани со војната во Украина, ‘Хенкел’ донесе одлука да се повлече од бизнисот во Русија. Сега се во тек подготовките за процесот на спроведување на оваа одлука“, се вели во […]

Распишан огласот за доделување земјиште за стратешки култури


Владата на денешната седница го распиша наменскиот јавен оглас за доделување 5.722 хектари земјоделско земјиште во 14 региони, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Земјиштето ќе се дава исклучиво за одгледување стратешки култури: пченица, пченка, јачмен, сончоглед рж, ориз, маслодајна репка, добиточен грашок и тритикале. Ќе се доделуваат, напомена министерот, 700 парцели од […]

Голем месечен хороскоп од 20-ти април до 20-ти мај – владеењето на Бикот


Сонцето од 20 април преоѓа во знакот на Бик и носи силна енергија што не поттикнува да одиме напред. Ни дава инспирација да завршиме некои работи и да започнеме со нови. Сезоната на Бик е наше време од годината да забавиме, да го консолидираме распоредот и да размислиме на што навистина сакаме да го посветиме […]

Законската одредба за недела неработен ден утре пред Уставниот суд


Законската одредба за недела неработен ден во државата, утре ќе биде разгледана од Уставниот суд на иницијатива на Стопанска комора на Северна Македонија, која се однесува на последните измени на Законот за работните односи. – Подносителот смета дека оспорениот закон кој се однесува на уредување на работата во недела е спротивен на слободата и пазарот […]

Данска привремено ќе го зголеми производството на гас од Северно Море


Данска– Данската Влада денеска соопшти дека значително ќе го зголеми домашното производство на гас во полињата во Северното Море за што поскоро да се ослободи од зависностите од снабдувањето од Русија. „Ќе го зголемиме производството на природен гас во Северното Море за ограничен временски период“, изјави пред медиумите данската премиерка Мете Фредериксен. „Убедени сме дека […]

Бајден на Обама му соопштил дека ќе се кандидира за втор мандат


САД – Американскиот претседател Џо Бајден му кажал на поранешниот претседател Барак Обама дека планира по вторпат да се кандидира за претседател на САД, на изборите во 2024, јави „Хил“, повикувајќи се на свои извори. „Тоа е последната индикација, дека Бајден планира да се кандидира за втор мандат“, пишува весникот. На прес-конференција во Брисел во март, […]

За пријателство Бугарија треба да ја смени реториката, вели историчарот Петар Тодоров


  Демократијата не дава за право да се навредуваат другите. Бугарија ако сака да сме пријателска држава, треба да ја смени реториката, вели историчарот Петар Тодоров, член на Историско-образовната мешовита комисија, коментирајќи го настанот во Битола изминатиот викенд. „Има нешто да се каже и ние како се однесуваме кон Бугарија. Иако ова повеќе говори за […]

Претседателот на Финска позитивен на Ковид-19


Финска– Претседателот на Финска, Саули Нинисто е позитивен на Ковид-19 и е во изолација, соопшти неговиот Кабинет. Нинисто (73) и покрај заразата се чувствува добро и обврските ги извршува од далечина. Финскиот претседател ја одложи посетата на Норвешка, што требаше да биде реализирана на 21 и 22 април. 

Османи го нарече провокација настанот во Битола


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача денес дека името на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола е јасна провокација и дека тоа било причината што тој и сите други од државниот врв избегнале да присуствуваат на настанот организиран од бугарска страна. Според Османи, за него не бил спорен настанот, за да го забрануваат […]

Трамп рече дека „нема време за слабеење“ откако доктор Оз го советуваше дека има прекумерна тежина


САД– Поранешниот претседател Доналд Трамп изјави дека „нема време за слабеење“ и покрај советите на д-р Мехмет Оз, кој неодамна го поддржа во трката за Сенатот на Пенсилванија. „Можете ли да верувате дека тежам 94 кг? Сега можеби малку повеќе“, им рекол Трамп на толпата во видеото објавено на социјалните мрежи. „Д-р Оз ми рече […]

Ќе се отстрануваат хаварисаните возила во Аеродром


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и директорот на ЈП „Градски паркинг“ Бојан Христовски денеска потпишаа договор за поделба и утврдување на меѓусебните надлежности со што значително ќе се олесни начинот за остранување хаварисани возила и возила паркирани на плочници и зелени површини. Со овој договор, комуналните инспектори од Општина Аеродром добиваат овластување да побараат […]

Клубот бил крстен по Ванчо Михајлов за да биде рехабилитиран како лидер на ВМРО


  БИТОЛА – „Ванчо Михајлов мора да се рехабилитира како последен водач на ВМРО, затоа и Културниот клуб во Битола го носи неговото име“. Вака одговарат од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ Битола по изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека е спорно името на бугарскиот клуб во Битола, а не самото отворање на […]

Уште 133 новозаразени со Ковид-19, почина еден пациент


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.833 тестови, а регистрирани се 133 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 78, Битола – 16, Велес – 14, Тетово – 6, Прилеп и Охрид – по 3, Кавадарци, Струмица и Берово – по 2, Куманово, Гостивар, […]

Мукаетов останува на чело на РФМ


Актуелниот претседател на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов ќе продолжи да ја извршува функцијата и покрај неодамнешните најави за негово повлекување. Мукаетов на денешната седница на Управниот одбор на РФМ ги информира присутните дека последните случувањата во македонскиот ракомет го премислиле и дека останува со посветена работа да се постигнат нови успеси. – Пред […]

Нема повеќе бесплатен паркинг за функционери


Функционерите повеќе нема да може да го злоупотребуваат ЈП „Градски паркинг“ и бесплатно да ги паркираат своите возила во гарашите и паркинг-местата со кои управува претпријатието.   Ова го најави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која денеска заедно со  директорот на ЈП „Градски паркинг“, Бојан Христовски и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски  ги отворија […]

Веганската исхрана може да ја ублажи болката од ревматоиден артритис


САД- Веганската исхрана може да помогне во олеснување на симптомите на ревматоиден артритис, покажа новото истражување. Според истражувачите од Комитетот за лекари за одговорна медицина, јадењето растителна исхрана без ограничувања на калории може да биде клучот за подобрување на болката што ја чувствуваат околу 400.000 возрасни лица во Англија. Претходно, раната дијагноза и третман беа […]

Е, ова е нова бугарска административна окупација


(Колумна за Дојче веле) Мостот што Македонија го гради макотрпно дење кон Бугарија за премостување на  историски надојдените води, ноќе под закрила на темницата бугарските мрачни сили го уриваат. Се фрла во матната секој сантиметар мака и жртва на македонскиот народ и држава. Така, повеќегодишното вето со воскреснувањето на Ванчо Михајлов во Битола прерасна во нова […]