Априлските пензии од 26 април


Се отвори битката за гласот на пензионерите (Фото: Б. Грданоски)

Владата денеска на седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец април 2022 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 21-ви овој месец со што треба да се овозможи  пензионерите да може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 април, информира владината прес-служба.

Со оваа информација, се додава во соопштението, Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата и тоа за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26 април (вторник), за пензии со висина 11.001-14.000 денари на 27 април (среда), за за пензии со висина 14.001-18.000 денари на 28 април (четврток) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29 април (петок).