Заменик-градоначалникот на Мариупол соопшти дека во градот има уште 130.000 луѓе


Заменик-градоначалникот на Мариупол Сергеј Орлов соопшти дека во градот сè уште има околу 130.000 луѓе. Градот е под блокада повеќе од педесет дена, а Орлов вели дека веќе нема струја, вода, храна ниту лекови. – Луѓето живеат во услови на постојано бомбардирање и воздушни напади. Недостасува сè, недостасува живот, рече тој и додаде дека на бранителите на градот им е сè потешко и оти се опколени. Украинската […]

Норвешка ѝ испрати на Украина 100 ракетни системи Мистрал


 Норвешка испрати 100 ракетни системи Мистрал во Украина како одговор на барањето на Киев за различно оружје, соопшти Министерство за одбрана во Осло. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно побара од Осло да испрати оружје во неговата земја, вклучувајќи противбродски ракети Харпун и мобилни противвоздушни ракетни системи НАСАМС.

Азески и Хисарчиклиоглу во Анкара договорија неколку долгорочни заеднички активности


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески на работна средба во Анкара со претседателот на Унијата на турските комори и стокови берзи (ТОББ) Рифад Хисарчиклиоглу договори неколку долгорочни заеднички активности. Договорено е Комората да добие две канцеларии во турското претставништво во Брисел со целокупна логистичка поддршка за непречено функционирање, двајца вработени во Стопанската комора […]

Данска го зголемува производството на гас и на енергија од обновливи извори


Данската Влада најави дека има за цел значително да го зголеми снабдувањето со обновлива енергија и привремено да го зголеми производството на природен гас во Северно Море, со цел земјата да не биде зависна од руските енергенси. – Ќе го зголемиме производството на природен гас во Северното Море во ограничен временски период. Убедени сме дека […]

Денеска е Велика среда


На Велика Среда се одбележуваат три значајни настани: Последното претсмртно помазание на Господа, Заговорот на јудејците за да го убијат и Јудиното предавство на Христа за триесет сребреници.   И на Велика Среда се читаат библиските текстови кои се во контекст со претходните денови и во врска со настаните од денот (на Утрената: Јован 12,17-50; на Литургијата: […]

Велигденско послание на г.г. Стефан : Патот кон обновувањето на нашата падната човечка природа почнува со покајанието


Да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос1. Возљубени празникољупци, Денес торжествуваме и празнично Го величаме Христа воскреснатиот, Кој ја уништи смртта и го порази адот, Кој умрените ги ослободи и стана почеток – првороден меѓу мртвите2. Бог, Кој стана човек и зеде врз Себе сè човечко, освен гревот3, […]

Настап на танцовата компанија „Марта Греам“ на „Танц фест Скопје 2022“


Танцовата компанија „Марта Греам “ од Њујорк, која е добитник на овогодишната награда „Менада“ на Фестивалот „Танц фест Скопје 2022“, денеска со почеток од 20 часот ќе настапи во рамки на 18-то издание на Фестивалот, на сцената на Македонскиот народен театар. На настапот ќе и биде доделена и наградата на актуелната уметничка директорка на „Марта […]

Горан Трајковски и Маја Кадиевска-Војновиќ влегуваат во Одборот на директори на „Витаминка“


„Витаминка“ АД Прилеп на Македонската берза ги објави податоците за кандидатите за Одбор на директори на компанијата, меѓу кои се поранешниот директор на Управата за јавни приходи (УЈП), Горан Трајковски, како и поранешната вицегувернерка на Народната банка, Маја Кадиевска-Војновиќ.   Во согласност со членот 344 став (3) од Законот за трговските друштва, пред да се пристапи кон избор на […]

Укинати ковид мерките за влез во земјава


Престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во земјава задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред влезот во државава или негативен брз антиген тест направен 48 часа пред влезот во земјата. Одлуката вчера […]

Пентагон: Украина добива борбени авиони


САД – Украина доби борбени авиони и делови за авиони за да ги зајакне своите воздухопловни сили соочени со руската инвазија, соопшти Пентагон, одбивајќи да го прецизира бројот и типот на авионите и нивното потекло. Украинските сили „сега имаат на располагање повеќе борбени авиони со фиксни крила отколку пред две недели“, изјави портпаролот на Пентагон Џон […]

Бектеши и Николовски во посета на фабриката „Кристал“ во Велес


Министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе ја посетат фабриката за производство на масло за јадење „Кристал“ во Велес. Двајцата министри, како што информираат од Министерството за економија, ќе остварат средба со менаџментот на компанијата.

Законската одредба за недела неработен ден пред Уставниот суд


Уставните судии на денешната седница ќе дискутираат по однос на четири иницијативи поднесени од правни и физички лица. Меѓу денешните инцијативи кои треба да бидат разгледани е и иницијативата за законската одредба за недела неработен ден поднесена од Стопанската комора на Северна Македонија. Преку оваа иницијатива се оспоруваат последните измени на Законот за работните односи, […]

АХВ домаќин на Форумот на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска и утре ќе биде домаќин и претседавач со вториот Форум на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан зa комуникација и соработка што ќе се одржи во Охрид. Форумот е под покровителство на регионалниот проект „Регионална акција на ЕУ за искоренување на болести кај животните во […]

Облачно со повремени врнежи од дожд, температура до 17 степени


Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови. Во западните делови ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со […]

Џозеф Кан е новиот извршен уредник на „Њујорк тајмс“


Џозеф Ф. Кан, добитник на Пулицерова награда и дописник на „Њујорк тајмс“ од Кина ќе биде новиот извршен уредник на весникот, соопшти вчера изданието.  Кан во весникот работeл како раководен уредник кој помогнал во преминот од печатена во дигитална форма на „Њујорк тајмс“.  Извршен уредник е втора по важност уредничка позиција во „Њујорк тајмс“ и една […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 20 април 2022 година, 106-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 259 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 48 минути, а ќе зајде во 19 часот и 18 минути. Денов трае 13 часа и 30 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, нема да […]

Западот итно испраќа артилерија да ѝ помогне на Украина


  Соединетите Држави, Велика Британија и Канада ветија дека ќе испратат повеќе артилерија во Украина за да им помогнат на своите војници да ги одбранат регионите на истокот на земјата, каде што Русија започна сеопфатен напад. Американскиот претседател Џо Бајден им рече на новинарите по разговорот со британскиот премиер Борис Џонсон, канадскиот премиер Џастин Трудо […]

Францускиот премиер Кастекс најави оставка во случај да победи Макрон


Францускиот премиер Жан Катекс денеска изјави дека има намера да поднесе оставка по вториот круг од претседателските избори, доколку победи претседателот во заминување Емануел Макрон, јави радиото Франс Инфо.   – Ќе поднесам оставка во деновите по изборите доколку Макрон биде реизбран, рече Кастекс, додавајќи дека се зависи од изборните резултати.   Тој навести можност […]

СОНК утре ќе ги разгледа заклучоците на Владата и ќе се произнесе по нив, штрајкот продолжува


Самостојниот синдикат на образованието, науката и културата (СОНК) очекува да ги добие денешните заклучоци на Владата во врска со генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средни училишта, по што ќе ги разгледа и ќе се произнесе по нив. Дотогаш, велат од СОНК, штрајкот на вработените во образованието и градинките продолжува.   – […]

Ковачевски се обрати до граѓаните: Го разбирам гневот по настаните во Битола


  Откако Македонија беше зафатена од вител на жестоки реакции по контроверзното отворање на Културниот центар на Бугарите „Иван Михајлов“ во Битола, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека „со последната посета на бугарската делегација во Битола се разбудија духовите од минатото“. И дека „провокации кои ги повредуваат нашите чувства како граѓани ја загрозуваат определбата за членство […]