Горан Трајковски и Маја Кадиевска-Војновиќ влегуваат во Одборот на директори на „Витаминка“


„Витаминка“ АД Прилеп на Македонската берза ги објави податоците за кандидатите за Одбор на директори на компанијата, меѓу кои се поранешниот директор на Управата за јавни приходи (УЈП), Горан Трајковски, како и поранешната вицегувернерка на Народната банка, Маја Кадиевска-Војновиќ.

 

Во согласност со членот 344 став (3) од Законот за трговските друштва, пред да се пристапи кон избор на член на одборот на директори, односно на член на надзорниот одбор, за секој кандидат, во писмена форма, се објавуваат податоци за возраста, полот, образованието и другите професионални квалификации, работното искуство и како го стекнал, во кои друштва е или бил член на орган на управување, односно на надзорен одбор и другите поважни функции што ги вршел, бројот на акциите што ги поседува во друштвото и во други друштва, како и заемите и другите обврски коишто ги има спрема друштвото.

Трајковски и Кадиевска-Војновиќ се кандидати за неизвршни членови на одборот на „Витаминка“.