Од утре и задутре зејтин ќе има во сите маркети, цената ќе биде стабилна и ќе достигне максимум 2,5 евра


Цената на зејтинот ќе биде меѓу 2,20 – 2,40 евра или максимум 2,50 евра и ова цена ќе се задржи, особено по празниците. Ќе има и доволно количини масло за јадење во маркетите. Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат залихи, рече денеска генералниот директор на фабриката „Благој Ѓорев“ во […]

Русија ангажираше 20.000 платеници во битката за Донбас


  Русија распореди до 20.000 платеници од Сирија, Либија и од други места во својата нова офанзива во регионот Донбас во Украина, испратени во битка без тешка опрема или оклопни возила, според европски официјален претставник. Официјалниот претставник рече дека тие се регрутирани од руската платеничка компанија, групата „Вагнер“. „Она што можам да ви го кажам […]

Се санираат праисториски објекти во Музејот на вода кај Градиште


Конзерватори од Завод и музеј – Охрид работат на санација на реконструираните праисториски објекти од локалитетот Плоча – Миќов град во Заливот на Коските кај Градиште. Националната установа Завод и музеј информира дека во наредните месеци ќе се извршува континуирана обнова на сите оштетени делови од куќичките и огништата, кои се презентирани во комплексот. Планираните […]

Влада: Сите буџетски корисници да ја унапредат транспарентноста во јавните набавки


На предлог на вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска Владата ги задолжи сите буџетски корисници да ја унапредат транспарентноста во процесот на јавните набавки и сите податоци да ги објавуваат на своите веб-страници, информираа денеска од владината прес-служба. Согласно со Информацијата за унапредување на транспарентноста и отчетноста за буџетските корисници преку објавување на […]

Четворица загинати, седуммина исчезнати при експлозии во полски рудник за јаглен


 Најмалку четири лица загинаа, а седум се водат како исчезнати, при две наводни експлозии на гас во рудник за јаглен во јужна Полска, соопшти компанијата која стопанисува со рудникот. – Дваесет и едно лице се ранети. Не можеме да воспоставиме врска со осум лица кои работеа таму, изјави раководителот на рударската компанија JSW, Томаш Кудни […]

Турција: Најмалку еден загинат и осуммина повредени во експлозија на автобус кој превезувал затворски чувари


 Автобус кој превезувал затворски чувари во западна Турција е кренат во воздух со импровизирана експлозивна направа, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, пренесува Анадолија. „Еден од нашите чувари загина кога импровизирана експлозивна направа беше активирана со далечински управувач додека автобусот се движеше на патот Бурса-Мудања. Во тек е истрага за да се фатат […]

Како трошат пари хороскопските знаци?


Еве ги навиките на различните хороскопски знаци во однос на трошењето пари – во кој знак се раѓаат најбогатите, кој троши најмногу, а кој секогаш доцни со плаќање кирија и други сметки! На врвот на листата на најбогати, составена од австралиската веб-страница Феиндер, се најдоа родените во знакот Водолија, потоа Вагата, а на трето место […]

Во Италија приведени околу 60 осомничени соучесници на мафијата


Италијанската полиција презеде мерки на претпазливост против 59 наводни соучесници на неаполската мафија Камора, јавија локалните медиуми. Приведени се 36 лица, на 16 им е одреден домашен притвор, а на седум лица им е изречена забрана за вршење дејност. Покрај тоа, истражителите запленија различни имоти во вредност од 150 милиони евра. Уапсените се сомничат за изнуда, перење пари, измама, […]

Шведска и Финска ќе влезат со невидена брзина во НАТО


Сега е речиси сигурно дека Финска и Шведска ќе влезат во НАТО. Ова ќе биде најголемото политичко и воено прецртување на европската карта откако земјите од Централна и Источна Европа се приклучија кон воената алијанса и кон ЕУ во неколку бранови во 1990-тите и раните 2000-ти. Најголемото прашање веќе не е дали, туку кога Финска и […]

Тренчевска за штрајкот: Двете страни треба да се флексибилни, не може само едната да губи


Штрајкувачите во градинките и во образованието, како и Владата треба да бидат флексибилни, во однос на изнаоѓање решение по повод штрајкот во кој вработените бараат зголемување на платата опд 18, 4 отсто, за да продолжат со работа училиштата и градинките. – Треба и двете страни да бидат флексибилни. Не може едната страна да губи, а […]

Марија Шарапова ја најави првата бременост на својот 35-ти роденден


Англија- Пензионираната тениска ѕвезда Марија Шарапова објави дека го чека своето прво дете со свршеникотАлександар Гилкес. Поранешната светска тенисерка број 1 ја откри својата бременост преку објава на Инстаграм на нејзиниот 35-ти роденден, поздравувајќи го почетокот на „драгоцените почетоци“. Таа објави фотографија на која стои на плажа додека блеска кон камерата и го лула нејзиното […]

Бесими и Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон


Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Фатмир Бесими учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон. Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на ММФ, СБ и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), како и со претставници на други […]

Руски бизнисмен бара на Путин да му се понуди „пристоен излез“ од функцијата


Богатиот руски бизнисмен Олег Тинков  ја осуди, како што рече, „лудата војна“ на Москва во Украина, велејќи дека 90 отсто од неговите сонародници не ја поддржуваат и го повика Западот да му понуди на Владимир Путин пристоен начин да се повлече од функцијата. „Не гледам дека некој има корист од оваа луда војна! Невини луѓе […]

(Во живо) Тренчевска во посета на градинката „Орце Николов“- објект „Први стапки“ во Карпош


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска ќе ја посети градинката „Орце Николов“- објект „Први стапки“ во скопската општина Карпош. При посетата, како што информира МТСП,  ќе биде направен увид во градежните работи на новиот објект кој се наоѓа до постоечкиот објект. На увидот во градежните работи ќе присуствува и градоначалникот на општика Карпош, […]

Натпревар за најсилно Велигденско јајце за сите и детски работилници за најмладите во Скопје Сити Мол


Скопје Сити Мол во пресрет на Велигденските празници организира нови едукативни, забавни и креативни содржини за најмладите. Од среда, 20 април до недела 24 април, со 16:30 до 20:30, вториот кат на Скопје Сити Мол ќе биде голема креативна работилница каде најмладите посетители ќе изработуваат велигденски оригами украси, ќе декорираат велигденски јајца во декупаж техника, […]

Меѓу убиените во Буча е и роднина на Навални


Kритичарот на Кремљ, Алексеј Навални, затворен во казнена колонија, во вторникот изјави дека руски војници убиле 60-годишен маж по име Илја Навални во украинскиот град Буча, само поради совпаѓање на имињата, пренесе Ројтерс. По повлекувањето на руските сили од Буча минатиот месец, украинските власти исто така соопштија дека пронашле повеќе од 400 тела на луѓе […]

Џон Мекинро: Спортските функционери грешат што ги заоструваат правилата за недолично однесување на теренот


САД- Тениската легенда Џон Мекинро нема да се расправа за намерата на официјалните лица на спортот да ги заострат правилата за недолично однесување на теренот, инсистирајќи наместо тоа дека играчите „треба да можат да се изразуваат“. Претходно овој месец, претседателот на АТП, Андреа Гауденци, испрати писмо до играчите во кое се вели дека, практично веднаш, […]

Руските тенисери со забрана за учество на Вимблдон во јуни


Англија– На руските тенисери ќе им биде забрането да се натпреваруваат на Вимблдон во јуни, одлука што ќе го спречи актуелниот светски рекет број 2 Даниил Медведев да игра на третиот Грен слем во сезоната. Тенискиот турнир, кој се одржува секоја година во клубот Ол Ингланд во Лондон, ќе се одвои од остатокот од тенискиот […]

За руските дипломати, дезинформациите се дел од работата


  Додека владите и компаниите за социјални медиуми се префрлија да ги потиснат државните медиуми на Русија и дезинформациите што тие ги шири за војната во Украина, дипломатите на Кремљ влегоа на теренот за да ја завршат валканата работа. Руските амбасади и конзулати ширум светот обилно ги користат Фејсбук, Твитер и други платформи за да […]

Понеделник и петок неработни денови


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 22 април 2022 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. Исто така, понеделник, вториот ден на Велигден неработен за сите граѓани. […]