(Во живо) Тренчевска во посета на градинката „Орце Николов“- објект „Први стапки“ во Карпош


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска ќе ја посети градинката „Орце Николов“- објект „Први стапки“ во скопската општина Карпош.

При посетата, како што информира МТСП,  ќе биде направен увид во градежните работи на новиот објект кој се наоѓа до постоечкиот објект.

На увидот во градежните работи ќе присуствува и градоначалникот на општика Карпош, Стевче Јакимовски.