Убиена украинска градоначалничка: Ја стрелале нејзе, синот и сопругот и ги фрлиле во јама


  Градоначалничката на Мотижин, кој се наоѓа на 50 км од Киев, убиена е во класична егзекуција со сопругот и синот, рече еден жител за Асошиејтед прес. Олгха Сукенко и нејзиното семејство стрелани се и фрлени во јама во шума зад три куќи во кои спиеле руски војници. Четвртото тело уште не е идентификувано. Било […]

Познати учесниците во кошаркарската Суперлига


На едно коло пред крајот на основниот дел во македонското кошаркарско првенство, познати се шесте екипи кои ќе продолжат да се борат за шампионскиот трофеј. Еуро Никел и ТФТ си обезбедија место помеѓу шесте најдобри по вчерашните средби од 21. коло на кои кавадарчани го совладаа Работнички, а Феникс загуби од МЗТ Скопје Аеродром. Резултати: […]

Хјуман рајтс воч документиралe „очигледни воени злосторства“ во Украина


Групата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч (ХРВ) синоќа соопшти дека документирала „очигледни воени злосторства“ извршени од руските сили врз цивилите во Украина, пренесува Скај њуз. ХРВ соопшти дека открила „неколку случаи“ на воени прекршувања во Чернихив, Харков и Киев. – Случаите што ги документиравме претставуваат неискажлива, намерна суровост и насилство врз украинските […]

Нова рунда разговори меѓу СОНК и Владата


За денеска е најавена нова рунда разговори на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) со Владата. Претседателот на СОНК Јаким Неделков деновиве изјави дека се надева оти владините претставници ќе излезат со одредена понуда. Според него, штрајкот најавен за 11 април ќе трае се додека не се исполнат нивните барања, но дека е недозволиво […]

Украински државен обвинител: Пронајдени 410 тела во рамки на истрагата за воени злосторства


Вкупно 410 тела се пронајдени во градовите во близина на Киев, како дел од истрагата за можни воени злосторства извршени од страна на Русија, изјави државниот обвинител на Украина. Градоначалникот на Буча, ослободен град на 37 километри северозападно од Киев, соопшти дека 300 жители биле убиени од руските сили додека чеченските борци ја контролирале областа. […]

Зеленски бара да бидат запрени руските „воени злосторства“ по пронајдените масовни гробници во Буча


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање побара да бидат запрени руските „воени злосторства“, јави Би-Би-Си. Москва негира дека руската војска стои зад убиствата на цивилите во Буча. Неговото обраќање дојде по извештаите за десетици тела пронајдени на улиците и масовните гробници во украинскиот град Буча. – Светот веќе виде многу воени злосторства. Во различни […]

Кина испраќа војници и лекари во Шангај за да тестираат 26 милиони луѓе за Ковид-19


Кина испрати војска и илјадници здравствени работници во Шангај, со цел да помогнат во спроведувањето тестови за Ковид-19 за сите 26 милиони жители на градот. Денеска повторно е забележан пораст на бројот на заразени со коронавирус. Над 2.000 лица – медицински персонал од војската, морнарицата и заедничките сили за логистичка поддршка на Шангај, беа испратени […]

Од утре ќе се санираат свлечиштата кај селата Глобочица и Луково


Од утре започнуваат градежни активности за санација на свлечишта кај селата Глобочица и Луково на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар. Ќе има комплетно затворање на овој дел од патот, секој ден од 10 до 14 часот во следните шест месеци, соопштуваат од АМСМ според информација од Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар. – […]

Концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“


Под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, вечерва, во рамки на фестивалот „45. Денови на македонска музика“’, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ ќе изведе повеќе дела, меѓу кои Адаѓо за гудачки оркестар од Кирил Македонски и Циклус за сопран и гудачки оркестар од Благоја Ивановски. Во Фоајето на Националната […]

Киев: Русија мобилизира уште 60.000 војници


Украинската војска штотуку го објави својот оперативен извештај за 6 часот утринава, тврдејќи дека Русија започнала „скриена мобилизација“ од околу 60.000 војници за да ги надополни единиците по загинатите војници во Украина. „Вооружените сили на Руската Федерација планираат да ангажираат околу 60.000 луѓе за време на мобилизацијата“, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили. Официјални лица […]

Без струја делови околу Грчката амбасада, Карпош 4 и село Шишево


ЕВН Македонија информира дека денеска без напојување со електрична енергија ќе бидат делови од Центар, Карпош и село Шишево. Како што соопшти Центарот за управување со кризи во периодот од 08.30 до 14.00 часот без струја ќе бидат корисниците во реонот околу Грчката амбасада во центарот на Скопје и тоа на улица „Борка Талески“ на […]

Ковачевски и Битиќи во посета на „БиМилк“ во Битола


Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе ја посетат компанијата „БиМилк“ во Битола. Компанијата е една од најголемите производители на млеко и млечни производи во Северна Македонија. Од владината прес-служба најавија дека по посетата на производствениот капацитет планирани се изјави за медиумите.

Седници на две собраниски комисии


Во Собранието за денеска се закажани седници на Комисијата за надворешна политика и на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. На дневен ред на Комисијата за надворешна политика се Предлог-законот за ратификација на Договорот со САД за безбедносни мерки за заштита на класифицирани информации, Предлог-законот за ратификација на измените на Договорот со Агенцијата […]

Одбележување на Денот на НАТО – 4 Април


Евроатлантскиот Совет на Северна Македонија во соработка со Министерството за одбрана, Едукативниот Центар М6 и НАТО Секторот за јавна дипломатија од Брисел, денеска го организира традиционалниот настан „Денот на НАТО – 4 Април“. Станува збор за активност на Евроатлантскиот Совет на Северна Македонија која покрај одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор и формирањето […]

Заврши караванот за вакцинација, се очекува одлука за препораките на Комисијата за заразни болести


Заврши караванот за вакцинација против КОВИД-19 што се реализираше во изминатите две недели. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека речиси 41,2 проценти од вкупното население е вакцинирано со две дози, а само седум проценти со трета (бустер) доза, но со караванот се очекува тој број да се зголеми. Караванот почна на 21 март […]

Облачно и врнежливо, во среда краткотрајна стабилизација на времето


Претежно облачно време ќе преовладува денеска во државава. Попладне од западните кон централните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.  Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со […]

Мицкоски во штабот на Орбан да ја слави победата


Претседателот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Александар Николоски, се во Будимпешта, каде ги следат резултатите од парламентарните избори во оваа земја, соопшти Мицкоски на Фејсбук. Тој вели дека очекува нова победа за Орбан, чијашто партија Фидес, како и ВМРО-ДПМНЕ, е дел од Европската народна партија, која ги обединува десничарските политички сили во Европа. […]

Вучиќ победи во првиот круг на претседателските избори


На пребројани 1,04 отсто од гласовите Александар Вучиќ водеше на претседателските избори пред останатите кандидати дури со 72, 62 отсто. Втор по него беше  Здравко Понош со само 8,8 отсто гласови. Резултатите ги објави Републичката изборна комисија. Иако станува збор за премалку пребројани гласови, ниту еден од другите противкандидати нема повеќе од едноцифрена поддршка, така […]

Орбан со нова победа, води со 56 отсто од гласовите


По пребројувањето на повеќе од половина од гласовите на унгарските парламентарни избори владеачката партија на премиерот Виктор Орбан, Фидес, води со 56 отсто, што е  сигнал дека проблематичниот лидер во  ЕУ  е уште пред една победа која ќе му обезбеди четврти мандат на чело на унгарската влада.  Второпласирана е опозициската коалиција на Петер Марки Зеј […]

Полиција и метални огради пред изборната комисија во Србија


Како што јави известувачот на Танјуг, пред зградата на Републичката изборна комисијаво Србија по изборите биле поставени метални огради и распоредени полицајци. Изборниот ден во Србија го одбележаа долги редици за гласање, повеќе помали нерегуларности, но и физички пресметки. Редиците беа главно во Белград, но и во Рашка, Тутин, Куршумлија и Бујановац каде што гласаа […]