Малолетник украл пари од аптека во Скопје, полицијата го привела


Полициски службеници од Полициската станица Центар вчера во 20.55 часот на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје. Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека претходно со употреба на сила влегол во аптека на ул.„Македонија“ и одзел пари. -Кај него биле пронајдени парите и ќе бидат вратени на сопственикот. Малолетникот бил […]

Блинкен и Столтенберг се воздржуваат од означување на акциите на Русија „геноцид“


Високи претставници на САД и НАТО одбија  да ги означат активностите на Русија во Украина како „геноцид“, барем не сè уште.На прашањето дали агресијата на Москва е еднаква на геноцид, државниот секретар Антони Блинкен рече: „Ќе погледнеме добро, ќе документираме сè што ќе видиме“ и „ќе го собереме сето тоа“ за „релевантните институции и организации“. […]

“Волшебно велигденско дрво” во „Рамстор мол“


И оваа година по повод Велигден, во „Рамстор мол“ традиционално ќе се одржи хуманитраната акција “Волшебно велигденско дрво“. Оранизирана и овозможена благодарение на „Црвен крст на Град Скопје“ и „Рамстор Mол“ во соработка со „ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи на град Скопје“, а поддржана од „Комерцијална банка АД Скопје“, оваа хуманитарна акција е наменета […]

Орбан веќе ја постави сцената за нови битки со ЕУ


  БУДИМПЕШТА – Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе остане на главната маса на ЕУ – што значи повеќе судири околу основните вредности на блокот и поголем притисок за да се заземе цврст став кон Москва. Десничарскиот популистички лидер го освои четвртиот последователен мандат на изборите во неделата, при што неговата владејачка партија Фидес ќе заземе […]

Една приказна, две песни- Дино Мерлин е сѐ поблиску до нов албум


Вистинска музичка ѕвезда секогаш предизвикува еуфорија кај своите обожаватели со објавување на нов материјал. А ако е и врвен музички уметник, тогаш публиката добива двојно поголемо задоволство. Затоа сараевскиот музички волшебник Дино Мерлин реши да и оддаде почит на публиката со својот прв проект годинава – двојно повеќе. Објави нова песна и придружно арт видео, […]

Греми: Украинскиот претседател Зеленски го претстави настапот на Џон Леџенд


САД– Греми доби доза на реалност синоќа кога украинскиот претседател Володимир Зеленски се појави во претходно снимен говор среде тековната инвазија на неговата земја од страна на Русија. Претставувајќи ја изведбата на Џон Леџенд на „Free“, во која имаше песна прочитана од украинската бегалка Љуба Јакимчук, Зеленски зборуваше за моќта на музиката во мрачни времиња, […]

Ходорковски: Путин ќе ги нападне балтичките земји


САД- Протераниот руски олигарх Михаил Ходорковски изјави во интервју за Си-Ен-Ен во неделата дека следниот чекор во војната на Владимир Путин може да биде инвазијата на балтичките земји Естонија, Латвија и Литванија. „Мораме да разбереме дека Путин во неговата глава војува не со Украина. Тој е во војна со САД и НАТО“, рече Ходорковски. „Тој […]

Македонски народен театар одбележува 77 години постоење


Движејќи се од класичната драма до најсовремените драмски достигнувања, низ делата на домашните и странските автори, Македонскиот народен театар бил, е и ќе биде гласник на културата, водилка кон изведување на ремек-дела, интимна и длабока врска меѓу актерите и публиката, предизвик за режисерите, совршен подиум за претстави на големата и на малата сцена, соопштија од […]

Одеса минатата ноќ била цел на руски напади


Пристанишниот град Одеса на југот на Украина беше цел на руски воздушни напади во текот на ноќта, изјави утринава претставникот на оперативниот штаб на Регионалната воена управа на Одеса, Сергеј Брачук. – Врз еден од окрузите на Одеса беа лансирани неколку проектили, и погоден е еден објект, рече Брачук, пренесува Си-Ен-Ен. Руските сили ракетираа складиште за гориво […]

Романија ќе им дава таблети со јод на граѓаните заради војната во Украина


Романија започнува кампања за информирање на своите граѓани за тоа како да складираат и земаат таблети со јод во случај на нуклеарен инцидент, додека руската офанзива во соседна Украина продолжува. „Во моментов, не постои никаква опасност поради која е неопходно да се земаат овие таблети“, се вели во денешното соопштение на романското Министерство за здравство. […]

Шпанецот Карлос Алкараз стана најмладиот шампион на Мајами опен, му честиташе ѝ кралот


САД– Секој љубител на тенисот кој е загрижен за иднината на машкиот тенис бидејќи Роџер Федерер, Рафа Надал и Новак Ѓоковиќ стареат, треба само да гледа реприза од неделното финале на Мајами Опен. Карлос Алкараз, бестрашниот 18-годишен Шпанец покажа зошто е најновата тениска надеж со победата со 7-5, 6-4 над седмотопласираниот Норвежанец Каспер Руд. Алкараз […]

Захарова: Снимките од Буча се „нарачка“ од САД и НАТО


Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека снимките од загинатите цивили во Буча биле „нарачани“ од САД како дел од заговорот да се обвини Русија, јавува Скај Њуз. – Кои се господарите на провокациите? Се разбира, САД и НАТО, изјави портпаролката на Министерството Марија Захарова во интервју за државната телевизија доцна синоќа. Таа вели дека […]

ЕУ в среда ќе разговара за уште еден пакет санкции против Русија


Европската унија размислува за дополнителни санкции против Русија и релевантните предлози ќе бидат разгледани в среда, објави Фајненшл тајмс. „Понатамошни санкции и поддршка од ЕУ се на пат“, соопшѓти синоќа претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел преку Твитер, како реакција на настаните во Буча. „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека се очекува […]

Орбан го нарече Зеленски „противник“ 


Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого западните медиуми го квалификуваат како про-Путин, прогласи победа на националните избори во земјата, обезбедувајќи четвр последователен мандат на власт. – Оваа победа треба да се памети, можеби дури и до крајот на нашите животи, затоа што имавме најголем (број на противници] кои требаше да ги совладаме, изјави Орбан, пренесува „Гардијан“. […]

Британија и помага на Македонија да ги постигне целите на НАТО


Од пристапувањето на Северна Македонија во НАТО пред две години, Обединетото Кралство тесно соработуваше со Армијата на Република Северна Македонија во поддршка на реализацијата на целите на способности поставени од Алијансата, вели британската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј по повод 4 Април, Ден на НАТО. Нашата работа, додава Галовеј, подразбира редовно распоредување на краткорочни тимови […]

МВР и ЈО: Кривично ќе се гони за изнесени ставови со кои се поддржува геноцид


Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина. Од Јавното обвинителство информираат дека согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе сторат кривично дело „Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства […]

Бизарно и храбро- црвениот ќилим на „Греми“ (галерија)


САД–  Во Лас Вегас синоќа се собраа музичките ѕвезди за да ги прослават најголемите музички достигнувања во годината. Откако ја намалија церемонијата минатата година поради Ковид-19, Греми се одлучија за целосна прослава во ГМ Гранд Гарден Арената во Лас Вегас. Една од најдобрите работи за црвениот ќилим на Греми е тоа што во суштина, сè […]

Џон Батист и Silk Sonic освоија најмногу Греми награди


САД– Мултижанрниот уметник Џон Батист од 11 номинации, ја освои наградата за албум на годината и видео на годината, а а ар-ен-би дуото Silk Sonic zema две од најголемите признанија на церемонијата на Греми наградите во Лас Вегас. Батист ја доби најважната награда на вечерта за „We Are“, албум инспириран од движењето Black Lives Matter. […]

Се вакцинирал 90 пати против Ковид-19 за да продава вакцинални пасоши


Шеесетгодишен маж се вакцинирал во Германија десетици пати против Ковид-19 за да продава лажни картички за вакцинација со реални броеви на вакцини на луѓе кои не сакаат самите да се вакцинираат. Германецот од градот Магдебург, чие име не е објавено во согласност со германските правила за приватност, примил до 90 вакцини против Ковид-19 во центрите […]

Макрон бара нови санкции за Русија


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека треба да се воведат дополнителни санкции спрема Русија, откако Украина ги обвини руските сили за убивање цивили во украинскиот град Буча. „Постојат многу јасни индиции за воени злосторства. Во Буча беше руската армија“, изјави Макрон за „Франс Интер“ по откривањето на масовните гробници и стотиците загинати северозападно од […]