Малолетник украл пари од аптека во Скопје, полицијата го привела


Полициски службеници од Полициската станица Центар вчера во 20.55 часот на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје.

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека претходно со употреба на сила влегол во аптека на ул.„Македонија“ и одзел пари.

-Кај него биле пронајдени парите и ќе бидат вратени на сопственикот. Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.